Професор ни објаснуваше дека се зависи од гените.Колку сакаш спортувај и храни се здраво гените се нешто што не можат да се сменат.Спортот и храната можат само минимално да влијаат на растот
Хајј се сложувам со тебе.Не можи мама и тато да се џуџиња а јас џин Бтв незнам колку е вистина,но прочитав негде за да се извишиш требало секое утро додека си в кревет да за тегниш колку што можиш. Знам дека се глупости али ај да си кажам јас
Ех.. не е се ни во гените. Татко ми е 205цм а јас одвај 67.. ама добро имам јас уште време за растење и извишување.. се надевам
205 Кошаркар да не беше?Па можи си се метнала на мајкати од кај знаеш.Само немој да ми кажеш дека и мајкати е над 200 онда мора да си посвоена Спојлер Се зезам
Хаха не е кошаркар На изглед не изгледа за толку, пошто не е ни слаб, е сеа не е дебел ама широчки си е Не мајка ми е 75, валда сум на неа Или сум посвоена, не можеш да знаеш Треба да се провери оваа работа...
Јас сум си доволно висока за моја возраст,уствари малце сум повисока од другите од мојата генерација али тоа не ми создава комплекси (сите од моето семејството се високи и то е то,помирена сум со тоа) Како што спомнаа погоре,тука на прво место се гените а на крај спортувањето и исхраната. Мене некои ми имаат кажано дека кошарката може да извиши.Пробајте,може ќе помогне.
Епа гледаш.Не може да бираш од кој ке ги наследиш гените за раст.Штом мајка ти е 75 очигледно на неа си
Гледав во една емисија кажуваа дека манекенките со трегери си ги истегнувале нозете Демек и со возење ролери се извишувало Ама гени си се гени!
Посвоени бе Чекај а оние деца што се повисоки од родителите, а има такви многу посебно момчиња повисоки од мама и тато, тоа значи дека сите тие посвоени се. Не знаев дека толку многу се посвојува во Македонија Гените не значи дека мора од мама и тато да се. Може од некој прадедо е наследен генот за висина Може е роден под среќна ѕвезда едноставно за да е 200 сантиметри. Нема правило за раст, извишувањето може да е потпомогнато само со спорт, но има илјадници кошаркари професионални кои тренираат цел живот секој ден и се 175/180. Што е прениско за кошарка, ама сепак затоа се потребни пониски брзи плејмејкери Значи тие не пораснале сеедно што тренирале, тоа извишување само во мали сантиметри е. Од храната не се извишува, но здрава исхрана, здраво тело, здрав дух. Сакајте си ја висината, сеедно дал сте ниски ил високи тоа е толку занемарливо во животот и не игра никаква улога.
Има врска и гените,најголем дел гените ама и исхраната колку има врска немате поим. Особено на помала возраст е најважно здрава храна. Ама сепак, гени се ени јбг. А и слушав некои апчиња за извишување имало ама не познавам некој што ги има користено. Најважно е да си се прифатите такви какви што си сте дека за секого има некого. И пониските си имаат предност што ретко која манкенка ја има= носење екстра вискои штикли покрај дечкото. Се сомневам ако они се качат на 15цм нема да му смета на избраникот. Само напред.
Во однос на висината на една личност многу значаен фактор се гените.Доколку повеќето луѓе од фамилијата се високи логично е дека и детето би било високо.Но,од секое правило постои и исклучок.Исто така и спортот може многу да помогне.Знам примери на деца кои навистина биле ниски и со помош на кошарка,одбојка и пливање навистина се извишија во многу брз временски период.А секако многу значајна е здравата исхрана,пред се многу витамини,минерали и протеини.Не може да се очекува добар развој на телото од јадење смоки,тостови и чокобисквит
Хааа! Се израдував! Абе не сум била 167 цм, 172 сум си! Незнам од кога ми останало 167 xD Денес бев на преглед кај матичнана и да ви кажам како мало се радував, ми се чудеа таму
Девојки се плашам дека нема повеќе да пораснам,всушност дека ќе пораснам уште околу 5 до 8 цм највеќе бидејќи ја добив првата менструација а имам 13 годни а сум само 147цм.Така да ако е тоа точно што го прочитав на нет значи дека ќе бидам висока само 153-154 цм некаде.Ве молам кажете некое чаре
Добро, ами на некои првата менстурација им дошла на 11-12 и тоа значи дека нема да растат, мислам дека менструацијата нема врска со растењето. И ме интереисра до колку години се расте, до 18 или 20 за женски?
имам 20 а сум висока 162см, прилично ниска. но затоа имам само високи чевли, облекувам маички, кошули кој се тесни во половината, косата ја носам нагоре фатена или пуштена не е битно, битно е да изгледам ВИЗУЕЛНО повисока. тоа стварно ми помага. има многу други финтички на пример купувајте само долнавести обетки, носете долги ланчинја, не носете блузи на хоризонтални пруги. не носете здолништа под колената. ако носете веке кратко нека биде екстремно (до некоја граница ) може би ви изгледа смешно но навистина помага, и така ке немора да бидете опседнати со вашата висина. верувам ке ви помогнат моите совети
Играј кошарка или почни со спортови кои можат да влијаат на височината... Немам ништо друго да додадам! Со среќа! п.с ако не одиш на спорт можеш секој ден да имаш нова обврска да пробаш да скокнеш и да го фатиш таванот или работ на вратата
Секое сабајле скокајте по 10 пати, што е можно повисоко. Јас почнав да го практикувам тоа, и да знаете има резултати