Има голема врска, не значи дека од кога ќе добие веќе нема да порасне ни еден цм, ама тоа растење нема да е драстично. На пр јас добив на 11 години, баш пред да добијам таа година пораснав некои 10тина цм и после тоа веќе не. Можеби некои 4 цм + по добивањето. Така да тоа си важи, а зошто е така немам баш некоја идеја, можеби бидејќи протеините кои сега ги внесуваш се потребни за половите хормони, а не за оние за раст или не знам... Не сум се заинтерсирала баш.
Јас добив на 13 години па после тоа извишив и тоа многу..али сепак бев од секогаш во повисоките деца во класот сега претпоставувам гени се во прашање повеќе одошто прва менстурација
Ако врз мојот раст влијаело каратето ( за да ја достигнам оваа висина ) ,којзнае кој патуљак ќе бев ако не тренирав Стојам на тоа дека гените се клучни по ова прашање и дека со ежби може 2-3 цм да се порасне повеќе од предвиденото.
Не се жали де, височка си ти таман Гените се клучни ама може и повеќе од 2-3 см да се порасне со правилни вежби правени на време (додека сеуште растеш).
хехехе можеби ќе ви звучи чудно и смешно, но мојата баба ми кажуваше дека извишила 10-15цм откако се омажила.Tаа се омажила на 19 год, а додека била бремена извишила уште 5цм. Jас не и верував бидејќи од тоа што го знам откако ќе добиеш менстуација не се расте повејќе од 5-6цм, со исклучоци кај некои, но за време на бременост да извишиш??? ,но кога ми ги покажа сликите јас се зачудив на едната слика беше пониска од дедо ми, а на другата повисока од него. Jас сеуште неможам да поверувам како е тоа можно???
леле и јас баш истото имам 13 години и сум висока само 150 и јас барам некое чаре ама феминкии вие помогнете
во пубертетот ,многу се комплексираат девојЧинјата знам си по мене ..но девојцето што прашува нее глупост вака гените ти кажаа дека има огромна улога, но сепак ако бидеш активна со кошарка и одбојка .. да тренираш во 12,13,14-та, година а имаш предиспозиции да бидеш ниска поради генот, да си 1.55 со тренинг ке постигнеш сигурно уште 5 цм.. сега да оЧекуваш да имаш висина од 1.70 или така нешто. нема шанси но сигурни 5,6 цм ке добиеш во висина со спортот
ГОСПОД ДА ТЕ БЛАГОСЛОВИ ЗА СОВЕТИТЕ...ИНАКУ И ЈАС СУМ НИСКА ПА ЦЕЛ ИНТЕРНЕТ ГО ПРЕВРТЕВ ЗА СОВЕТИ ОДАМ И НА КОШАРКА, НО ТОЛКУ ДОБРИ СОВЕТИ НЕ СУМ СЛУШНАЛА. МНОГУ ТИ БЛАГОДАРАМ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ МИ ПОМОГНЕ И МЕНЕ И НА СИТЕ НИСКИ ЧОЕЧИЊА..УШТЕ СЕГА ОДАМ ДА ВЕЖБАМ
25 години Иначе по дома секој ден нека ве тегнат за уши. Тоа се гени бе, нема тука како да се извишиш
Тегни се, упорно прај некои вежби наменето за ова. Или па обиди се да дофатиш некој предмет на повисока полица... Колку толку ќе има резултати ваљда
Дефинитивно треба да ги послушаш советите од XMaN - звучат корисно и ефективно.. а можеби и јас ке почнам со нивна употреба..
Висината како комплекс не видов ваква тема а до сега барав, висока сум 1.82 и кога бев мала патев од комплекс многу, па ми помина тоа, но сега луѓето повторно ме исмејуваат, во стилот мале колкава си, мале ти толкава, ми скисна веќе а поготово кога сум на штикли (а многу сакам штикли) повторно ми се наби копмлекс, и повторно почнав да одам згрбавено, не знам што им е на луѓево, но многу се нервирам и мислам дека дечко нема да си фатам дека сум висока... совет за ова нема, но барем да слушнам ваши мислења затоа што веќе ми пукна срцето од слушајќи ги малее колкава си ти кај си растела
висина Баш напротив. Треба да си горда што ја имаш таа висина. Нека им е глупо на тие што се ниски околу тебе кои сакаат со високи штикли да достигнат одредена висина за нели, да покажат демек имаат нога. И јас сум висока и баш сум горда, имам добар поглед од височините Ако ти е толку голем комплекс немораш да носиш екстремно високи штикли, доволни ти се 5-6см. И никако да одиш згрбавено, крени ја главата и кулирај, другите нема да ги слушнеш што зборат од долу
Висината како комплекс Како бре комплекс? И јас како мала се срамев, бев највисока од женските и повисока од повеќето машки. Сега гајле немам. Пред некја недела зборевме со другарка за висината, тука некаде сме и двете, јас сум малку повисочка, и таа тврдеше дека е 175. Опнавме одма по едно мерење, таа испадна 174, јас 177, сум пораснала, мх мх. И не да си ја сакам висинава, ма за мерак ми е. Си купив уште и едни на плута од 8цм, има 185 рамно да бидам, цело лето ќе си ги износам. Проблемот е што сме ниска нација, па кога ќе наиде некој повисок, нам ни е чудно. Во Србија да сме, јас би била меѓу пониските бре. Ај од женски не ми е толку чудно да сум повисока, ама јас, благо заокружено, 80% од машките ги гледам од птичја перспектива, а другиве се или подеднакво високи, и во најредок случај - повисоки. Е тука ми е малку чудно и смешно кога ќе ме погледнат така ко со страв. Ма и 150 да сум, и над 180 да сум, нема да ми е проблем или комплекс. Оти за секого секогаш ќе фрчат погледи и епитети. Ако си низок - кепец си бил, ако си висок - жирафа си бил, ако имаш пак средна „идеална“ висина тогаш сигурно си им дебел или грд, и ете ми ти еден куп комплекси. Исправи се тука. Некои би убиле за таа висина.