6) КАРАТЕ Од лекар на спортска медицина имам податок дека од сите спортови најмногу се извишуваш од Карате. Знам звучи чудно но проверено е така да ако имаш услови запиши се во добар клуб и почни да тренираш. Ќе добиеш феноменално тело и цврстина и би требало да се извишиш уште малку. Податокот е малку од порано но најнови испитувања можам да земам деновиве но не ги чекај, ако имаш услови почни со карате. Имаш посебна тема за тоа на форумов земи прочитај ја но ти треба добар тренер да ги прилагоди тренинзите за тебе. Воопшто не мисли на борба (за растот), те интересираат само катите и вежбите, тоа ќе ти даде раст и фигура. Сум тренирала карате баш додека сум била во пубертет некаде 4 години тренирав и мислам дека не се извишив , т.е сега не сум нешто многу висока 157цм сум , за цврстина и обликување е одлично , но мислам дека нема некое влијание на висината ЧД
Јас колку што знам има и третмани со хормон (фактор) за раст,ама тоа треба пред 18 години да се направи,после е касно и тие се под контрола на доктор,сигурно има и некои испитувања,така да информирајте се и за тоа Јас касно научив,иначе можеби ќе го направев.
eve jas iam 14 god a sum visoka 147 i kako sea da porasnam -.- site mi vikaat kepec me ismejuvaat i postojano patam od kompleks deka nema da porasnam ..
Јас како помала тренирав карате стигнав кафен појас ама престанав да одам немаше деца од мој појас па сама да одам глупо ми беше и така една година не тренирав ништо и тогаш уште поглупо и почнав да тренирам кошарка и до ден денес вежбам Тренирај кошарка помага
Јас слушнав од една другарка дека некоја нејзина другарка (со која сега не зборува) пиела аппчиња со хормони. Јас имам 15 години, имам 55 кг и сум висока 163 и имам огромна желба уште да пораснам, сите братучеди ми се високи, брат ми, сите, само јас сум пониска, може ли некој совет, ке почнам сега од 1ви да тренирам одбојка и на фитнес ке почнам ама сакам и хормонски апчињ зашто така ми е сиигурн резултатот но не сакам моите да знаат, ке си ги купам апчињата од аптека ,јас зборував со нив и тие викаат ке видиме ама мслиме дека нема потреба, супер ти е висината и уште ке раснеш ама јас да си прашам, може ли да ми појасните какви хормони треба да внесувам, како се викаат апчињата и за колку време има видливи резултати?
За тоа треба на ендокринолог бидејќи прво ти ги проверуваат нивоата на тие хормони и после преценуваат како да се примаат. А незнам дали се апчиња (еве погоре така велеа) или се во поинаква форма,бидејќи јас мислам дека слушнав за раствори тогаш.
Јас сум 155 и за 2 мес 12 години инаку немам добиено(знам мала сум за форумов) Иначе у клас сум 5 по висина а сите имаат добиено освен мене
Какооо ли јас да пораснам? Висока сум 161цм.. играв 2 3 години баскет, но не ми помогна многу.. погоре прочитав за некои хормонски апчиња, може да добијам повеќе информации за нив?
ШТИКЛИ!!!Јас сум висока 1.80 некогаш се гордеам со висината но некогаш сакам да сум барем 5 цм пониска хххх но не е проблем мн висината секоја жена го има женственото во себе и висината не е пресудна.
Колку си помлада толку имаш поголеми шанси за да се извишеш, значи ако си во пубертетски години, мислам дека е најдобро да се одиш на одбојка или кошарка, тоа помага во извишување. Но и да останеш пониска од останатите тоа не е никаква маана, поради тоа што знам многу девојки и жени кои имаат многу поголем сексапил баш поради тоа што се пониски, и многу подобро им стојат високи потпетици, имаат шарм и самодоверба, а тоа е и клучот за женската убавина. Поздрав дечки
Мене ми помогна кошарката,тренирав 3 години и доста се извишив, бев 1.64 пред неколку месеци, сега сум 1.67 неќам да растам повеќе
Често разговараме со братучетка ми на оваа тема.Има 13 години и е висока 152 цм.Мисли дека премногу е ниска за нејзина возраст,а од нејзината прва менструација поминат е само месец-два.Дали може да расте и по менструацијата и колку време(со оглед дека првата менструација и била пред месец-два)или ќе си остане таква како што си е? Фала однапред
Јас си отидов на доктор кој ми направи режим на исхрана и го почнувам сега од 1ви сптември, си пишува што треба да се јаде, колку протеини, колку витамини, колку калциум, значи се си има во списокот и ке почнам активно да тренирам одбојка а дома ке правам вежби за истегнување и извишување, сестра ми е висока, мора и јас да успеам, имам 16 години и сум 163 висока. Инаку докторот ми кажа дека имал многу успешни приказни без разлика на генетиката и возраста кои биле упорни и успеале да се извишат. Мислите ли вие дека се уште имам фора да пораснам некое сантиметарче? ...Јас искрено се надевам
Мислам дека можеш ,со оглед на тоа што почнуваш режим на здрава храна а воедно и спортуваш .. Може да го споделиш списокот со нас,па и ние да искористиме нешто?
Да, мајка ми вчера го однесе кај една пријателка да го види, жената до вечер би требало да дојде и да ми го донесе и ке ви го пишам па после ке споделуваме резултати Сега можам да ви кажам дека си има што за појадок што за ручек што за вечера, кое овошје треба да се јаде, само да го добијам и ви пишувам точно се