1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се извлечете со убиство (How To Get Away With Murder)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MaggieTatum, 31 октомври 2014.

  1. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Оу! Јас сум воодушевена.
    Иако морам да признам на почетокот,море до 7ма епизода некако не ми беше нешто нај нај. Се согласувам со тие што напишаа погоре дека е голем бројот на главни глумци,мн. карактери, мн сплетки,мн настани неповрзани...Но! Бара мало внимание додека се гледа и се разбира горе долу.
    Нема да коментирам за секој лик посебно од проста причина што ни еден освен Вис и Ребека не им запамтив име.
    Јас сум изненадена од начинот на кој заврши.Ако размислите малку подобро дефинитивно остави дилема да гледачот одбери што ќе верува.
    Дали всушност адвокаткава (Ани ли беше името) се договори со Вис да направат така и да се заврши така.
    Најјакото е што мажот на адвокаткава не призна никогаш дали ја убил или не таа девојката.
    Или можеби сцената со враќањето на Вис во куќата по трофејот кога му се појави адвокаткава е всушност само мисла на Вис.
    Или можеби има уште друга приказна меѓи Вис и адвокаткава.Кога ќе ја вадеше шминката чинев мајка му е .
    Како и е .
    Сума сумарум,интересна ми беше.И топло ја препорачувам за оние што не ја гледале да ја почнат.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Вес бил бре не Вис.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    @macovska Не е завршена серијата, ова беше само mid-season finale. Серијата продолжува после новогодишните празници. Не се знае уште ништо, ама како што прочитав дека до крајот на сезонава ќе се открие убиецот на девојката. Не се знае уште дали ќе има втора сезона, зависи од вторава половина на серијата како ќе биде гледаноста.
     
    На macovska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Иако сметам дека ова најверојатно е најслабата серија на Шонда, сепак има простор да се подобри дефинитивно.Новата епизода беше добра, само не очекував дека толку брзо ќе го пронајдат телото на Сем.
    Малку ми е чуден Френк, помошникот на Аналис и прашањето дали да ја среди сеста му на Сем???
    Имаше и многу смешни моменти а најјаки дефинитивно, Оливер со капата :D tumblr_njcu27bIwx1u01e50o5_250.gif

    Лорел на фамилијарниот ручек - feliz navidad :party:
    tumblr_njcluhXOXj1qg8dzlo1_500.gif



    Ми се допадна тоа што малку не запознаа со нивните приватни животи надвор од факултетот, надвор од убивање и факс :D
    Ме интересира што е со гребаниците на зидот на Велс??? Нешто ми вика дека натаму ќе ја тераат приказната.
     
    На d.Darla и andreafeminaa им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Супер беа новите епизоди баш ми се допаѓа каде ја носат серијава навака, нови заплети, плус ликот на сестрата беше интересна боцка. Не може Аналис од никого да не се плаши и да не одговара за ништо.

    Имаше зафрканција на нет во стилот I need a Frаnk in my life... Баш така, без него ништо не праат.
    Лорел ми е најинтересен лик во серијава покрај Конор, иаку не мисе допаѓа што го скрасуваат со типот, он се ноти и треба така да си остане.
    Вес е прилично млитав, Ребека морничава.
    Микаела ми е пролив досадна заедно со Бони, нив две не можам да ги гледам од што ми се патетични.

    Сосема неочекувано ми беше апсењево на детективов, баш сакам да видам до каде ќе оди агонијата на Аналис. Зашто више е западната у агонија, нема излез од нејзиното паѓање.
     
    На andreafeminaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. andreafeminaa

    andreafeminaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Втората сезона е супер... следната недела ќе биде двочасовно финале...
    Конечно Бони да добие случај.. и фалеше победа,а ми се допадна што се на иста бранова должина со Ашер. Некако и на двајцата им тргна во серијата. Френк ми е the fixer во серијата во стил знае што треба кога треба да се направи и со Лорел се добракомбинација.Фала богу Вес да сфати дека Ребека не е така наивна и многу добар пресврт со претходниот потстанател во станот на Вес. Оваа епизода ја раздрма досадата од постојаното прикривање на убиството . Сега ме интересира што ќе се деси со Нејт Лехи т.е како ќе го извлече Анализ и дали Ребека ќе заврши во затвор за убиство на девојката што остана бремена од Сем и дали ќе ги предаде студентите? :?:
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Аналис е тешка манипулаторка,се си мислам дека она стои зад целото убиство и се` има испланирано од самиот почеток,а нема да ме чуди и Ребека да е вмешана,ептен ми е чудна и таинстена како да крие нешто,а мислам дека поврзано е со тој комшијата што е исчезнат,некако многу внимание му посветуваат.
    И јас останав со подотворена уста кога го уапсија Нејт, се мислев дека го нашле прстенот на Микејла.
    Бони ми е најпатетичен лик,како цело време да бара оправдување од Аналис за се што прави и како смртно да е исплашена од неа.
    Серијава до сега ми е интересна, динамична и полна со заплети ,неизвесност и секогаш се случува нешто што воопшто не го очекувам. Непредвидлива е и никогаш не ми е досадна,затоа ми се свиѓа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. andreafeminaa

    andreafeminaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Леле, сигурно Лорел ја убила Ребека...па сега се тандем со Френк хахах.
     
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]
    Првава сезона беше Who killed Lila Stangard, а втората ќе биде Who killed Rebecca Sutter:D
    Не,сериозно никогаш не помислив дека е Френк. На пола епизода бев убедена дека е Бони зашто тоа најлогично ми изгледеше,дека нели е очајна по Аналис и се` би направила за неа,па си викам сигурна ја следела Лајла до sorority house само за Аналис да не дознае,па ја убила. Не ,си направив значи милиоон сценарија у глава,прво Аналис,Ребека,Бони ама за Френк не ми текна.. ипак испаѓа дека е hitmen. Ама вака кога резимирам, не го убија Сем за џабе ипак он го наредил убиството на Лајла.
    Паметно одиграно од Лорел за прстенот,според мене најдобар лик. За чудо Микејла епизодава ич не ми беше иритантна,дури и се изненадив кога ја одби понудата на мајка му на Ејден,мислам има надеж за неа во втора сезона. И да,ми падна жал за Оливер и тоа не го очекував,а мислам и безпотребно ја вметнаа приказната,а не сакам да му го уништат ликот на Конор. Вес ми е како некое жалче,два-три збора кажи му и одма ќе дотрча ко кученце. Ептен е наивен и можат и Аналис и Ребека да го манипулираат. Сега само Аналис.
    А за последната сцена стварно не знам кој би ја убил Ребека,сите имаат мотив,а мора некој што беше во куќата:^):^):^)
    Се на се` возбудливо и напнато финале,баш како што ми беше и цела сезона,не ме разочараа,расчистија доста работи за првава,а оставија доста материјал за втора сезона.
     
    На andreafeminaa, MaggieTatum и Hipster им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Добар мајндфак ни направија у финалево, свака част.
    Само Лорел ми остана лик на место, другиве сите се сосема погрешно портретирани, посено Конор го упропастија а беше хајлајт во серијава.

    Ново убиство, супер крај, има нов материјал на следната сезона.
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    И сепак ќе им втора сезона.
    Кој не го гледал финалето нека не го гледа видеото, огромен спојлер е за финалето на првата сезона.



    Всушност да, Сем ја уби Лајла, тој го нарача убивството и го уцени Френк, што е полошо дури и од тоа да го нарачаше, он го уцени да ја убие. Не го бранам Френк, ама ако иде на суд нема да добие максимална казна.
    Сем баш си испадна тоа што го мислевме класично ѓубре, силеџија. Кај му гори под нозете па уште и со уцени ќе се бави. Добро што го килнаа него искрено ептен си го заслужи.
    Малку беше тапа дејствието со Ребека, мислам психопатка е, ама сепак не е убиец. Ја држеа зарабона со дак-тејп врзана мислам прелошо сценарио.
    Само реално убивтвото не го предвидев ни малку. сепак го имаат тој фактор на мини шок настани кои ја вадат од калта серијава, ама некои сцени им се како дете да го пишувало сценариото.

    Имаа доста пропусти во финалето, не беше така добро изрежирано, ама ме шокираше сепак дека Френк е тој што го има извршено дејствието бидејќи на него никој не се сомневаше ни најмалку.
     
    На Tiki-lolipop и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Почна и втората сезона од сериичево. Ја гледавте?


    Многу брзо открија кој ја убил Ребека, прашањето на втората сезона изгледа ќе биде кој пукаше во Анализ?
     
  13. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Дечки колку сезони има серијава?
     
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Две сезони, т.е. сега се прикажува втората сезона, во четврток ќе излезе втората епизода.
     
    На bombona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Моментално ми е најомилена меѓу овие шо ги гледам...Всушност, сите три серии од Шонда ми се омилени, и Скандал и Увод во анатомија. Ама некако оваа нејмногу ме влече...
     
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Чекав да помине и fall finale па да пишам едно мислење.
    Уф, не знам од каде да почнам. Прво дека ми е моментално најинтересна серија на телевизија и дека финалево ми предизвика голема тахикардија!
    Добро е што веднаш открија дека Бони ја убила Ребека и не го развлекуваа иако Вес доста упорен не мислев дека толку беше заљубен во неа. Испадна дека Бони е жртва на силување и тоа од сопствениот татко и дека Аналис ја спасила, ова не го очекував.
    Новава приказна со Хапстал фамилијава доста непредвидлива и динамична, последново дека Филип e плод на инцест И дека соработувал со Кетрин ме остави speechless, totally unexpected!
    И следат :worried::whew::whew: моментите што не знам што повеќе ме шокира, дали тоа дека Ашер ја згази Синклер или дека Вес ја застрела Аналис. Уште не ми е толку добро обработено во мозоков.
    Или пак последната сцена со Кристоф? Тоа сигурно беше Вес ама сега останува прашањето дали Аналис и Ив имаат врска со смртта на мајка му или Вес е дете-психопат што ја убил мајка му па они го заштитиле. Друго не ми текнува.. Како и да е, одлични епизоди, не знам кој ќе дочека до јануари.:doh:
     
    На d.Darla и blackpanter им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Серијава почнав да ја гледам пред 10тина дена, се опседнав скроз :D И не знам што да кажам, освен тоа дека е fucked up. Ептен!
    Инаку во врска со случувањата - кога Аналис праеше муабет со Ив и и' рече: It's him, знаев дека некако е поврзана со Вес од претходно, ама си помислив дека му е мајка уствари. Сега веќе не знам што да мислам.
    Во секој случај интересна серија, планирам да продолжам да ја гледам. Ми се допаднаа и двете сезони, како тргнуваат од еден случај, па после се навраќаат на настаните што му претходат, за да знаеме како дошло до тоа. Прво добивам еден впечаток за ситуацијата, а после како што се одмотува клопчето - испаѓа нешто сосема друго :)
     
    На Miss666 и d.Darla им се допаѓа ова.
  18. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ја даваат новата епизода. Во многу незгоден момент решија да прават пауза :|
     
  19. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    ^February 11, 2016:(
     
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    До февруари ако чекаме може да умре Анализ :P:D