За виза во Германија со МК пасош има повеќе опции. Едната е лотарија, за ова треба среќа и упорност. Ова е за неквалификуван кадар. Секој месец се аплицира за виза и ако те извлечат на лотарија добиваш виза во 99 % од случаите. Ако те извлечат и добиеш термин треба да однесеш договор за работа. Договор за работа за неквалификуван кадар може да се обезбеди со некоја од агенциите и најчесто работата е во Мек Доналлдс, Кинг Бургер, ДХЛ и сл. Што секако е добра отскочна даска за тие што немаат друга опција. Друг начин е со признато образование (средно или високо). За оваа виза треба да имаш претходно обезбеден договор за работа во струка и образованието да ти биде признаено во Германија. Виза се добива многу брзо ако ги имаш сите потребни документи. Има и други видови на визи, за медицински персонал, ИТ, професионални возачи. Има многу начини само треба желба и упорност.
Оваа не е точно. Многумина мислат дека е дека, или едноставно не сакаат пак да се замираат со документи па трпат. Без проблем можеш да ја напуштит работата, само ти треба одобрување, кое го добиваш со договор од новото работно место.
Јас пишав искуства на други. Пријател на мм има договор на 1 година. А сака да напушти. Не му се допаѓа таму. Оние што се квалификувани кадри подобро поминуваат. А со овие другиве мајтап си тераат. Повеќето работат во фаст фуд или разнесуваат пратки.
mene me interesira za avstralija ili nov zeland eventualno amerika evropskite zemji ne me privlekuvaat a pr hrvatska moze i so mk pasos
Подобро Италија отколку Малта, ако не сакате Германија. Зависи и која ви е целта, децата да ви пораснат таму-вие да ја направите жртвата или да живеете на одреден период за да заработите? Мада мислам веќе секаде е толку скапо што не може да се заштеди којзнае колку.
Чим годинава ги земале, они имале поднесено пред 4 години одприлика. Пред 2 години ги стегнаа работите. Може пак ќе олабават некогаш, можда ќе прекинат да ги даваат фактички. Сега даваат само со цврст доказ. Пример крштеница од баба ти, на која пишува дека е Бугарка. Или татко/мајка, брат/сестра со Бг пасош. Иначе многу од луѓево ги земаат зошто е поедноставно и олеснителни се околностите, не дека ептен им е дојдено да се Бугари. Пример мм, ги има сите категории положено и да отиде во друга држава со работна виза, таму за да му ја префрлат нашата возачка на нивна возачка, повеќето држави само б категорија ти признаваат, другите ги преполагаш, а тоа се многу пари, не ти се исплати, а со Бугарскава не е така, ти ја признаваат и си тераш работа. Мислам и до ствар на среќа е и како ти е средено резимето. На моја другарка, маж и, втор пат сам си наоѓа работа од тука, итоа вториов пат остана таму, веќе 6/7 месеци е во Германија. Дечкото повеќе од А1 незнаеше. Сега таму со комуникација, колку толку подобрен е.
Ама кој си тера мајтап? Работодавецот ли мислиш или институциите? Работа може да се смени доколку не е задоволен 100%.
Ама вработен во Mc или Бургер кинг не може со таа работна виза да оди во друга фирма. Има огромна разлика од Мк до Еу пасош, не дека е невозможно со Мк ама комплицирано е.
И мм сам си наоѓаше работа, ама работава е што без виза и бг пасош неможеше документи да си извади, да има адреса, и јас да отидам, а јазик се учи, јас сакав да се запишам на курс во Гете, само за А1, и А1,2, колку да имам основно познавање, па таму ќе го усовршам, и јас сум одела кога бил таму ама неможев да работам без документи таму, и јас мислам се е до среќата. Инаку со виза маж ти немора да преполага, треба тоа код 95, во Словенија треба да го извади, а тука кај качанички пат има нешто се уплаќа околу 4.000 ден. и потоа во Словенија.
Да ама во Германија другар негов за камион, со Виза, не со Бг пасош, мора Германски да научи, да полага таму, па после за камион. Аплицираше мм за Бугарска возачка. Односно да се смени нашата со Бугарска.
За почеток А1 е доволен, за медицина бараат Б2. И зет му незнае јазик па вози камиони, зависи и во која фирма и каде ќе вози, ние немаме среќа. Знам многу и без јазик отидоа па се снајдоа.
Ехее јас колку знам и во Швајцарија и Австрија што се без јазик, па живеат и работат години. Не дека им е лесно, ама се снаоѓаат. Од овде секој што може да си оди, бега. Итоа убави работни места оставаат. Не вреди ништо кога немаш здравство, образование, правда, не вреди.
Ехеее и на мм братучед со жена му отидоа во Америка, ни јазик ништо. Епа и јас поради тоа сакам подалеку од тука, ни здраство ни образование има, катастрофа е.
Америка бетер здравство и образование има од нас. Идеално би било да трошиме европска плата во Мк ама за жал не може секој. Така барем политика нема да те интересира, телевизорот нема да го пуштиш, само работа и шетање. Штета стварно, имаме многу убава земја.
Зависи во која фирма ќе се погодиш. Ако работиш со балканци јазик не ти треба. Мојов господин освен да се поздравува ништо друго не знае. На повеќето места бараат А1 ниво. После Америка, планот беше да одиме за Италија. Ама таму струката на маж ми не е многу платена. Најбитно е да ја погодиш фирмата.
И мм кај што работеше Германија не му требаше јазик, работеше со Балканци, ама сепак знае нешто јазик за да се разбере. Е да му ја одобреа визата ќе морав јас А1 и А1.2, на него со виза не му бараа јазик, работодавецот Србин, го знае одамна, ама добро е за нас да си знаеме јазик.
На тие што ги знам, а се дојдени со виза, не им бараа јазик. Им бараа на нивните сопруги. И плус други документи. На мене не ми побараа ништо. Тие со Еу пасоши немаат допирна точка со лотарија. Дури и при контрола на аеродром во Ге ништо не побараа откако маж ми им го покажа пасошот. А на тие што беа со виза им бараа работна дозвола. Па се објаснуваа што ќе прават тука. Секој кој има желба да дојде нека не се мисли. Маж ми со години се мислеше. Откако е овде постојано ми вика - Будала бев што чекав толку време. Поубав живот се живее. Секој втор гледа да замине во странство. Само 3 семејства се вратија од овде. Едните лично ги знам. Знам и такви што сменија држави.
Ни мм ни јас воопшто не се мислиме, ама ете без документи неможеме. Мм има работено и во Германија и во Италија, тука не сакаме воопшто да седиме, ај следен пат среќа можеби ќе имаме.