Австрија зависи каква виза би поднела, имаш за високо образовани, за струка која во Австрија има недостиг на работници, фамилијарна виза, студентска... првите две мора да имаш предходно загарантирана работа, искуство во таа работа, познавање на германски јазик најмалу А2, англиски ти крева на бодови и диплома. За фамилијарна партнерот треба да има минимум 1800 евра нето плата ( ако се вклучени и деца повеќе) или одредена сума на пари на сметка.
Се наоѓа работа во Германија со Мк пасош. Ако имаш диплома ќе си поднесеш барање за квалификуван кадар. Партнерот треба да има ниво А1. За плата зависи што ќе работиш. Има знам некој минимум колку треба да биде платата за да можеш семејството да го повлечеш. Повеќето што ги знам се неквалификуван кадар. Работат во Мекдоналс, Кинг Бургер, Амазон, Хермес, молери, и др. Има работа. И англиски ако знаеш е супер. Платите во Мекдоналс од 1500 евра па нагоре. Во поглед на финансиите, подобро е од Мк. Проблем е наоѓањето стан. Има станови, ама скапи се кириите. За поевтино е потешко. Најбитното - Никој со никого не се замара.
Дали ако по истечените 90 дена во Германија … ако сменам држава пример Швајцарија/Италија можам да седам нови 90 дена таму?
Не. Во Еу имаш право на 90 дена, не само во Германија, на поминување граница за назад во Мк би имала проблем.
И јас да ти одговорам - Не. Мора 90 дена да си во Мк. Можеш да одиш во држава која не е во ЕУ. Казнуваат, а може и да стават 5 годишна забрана за влез во ЕУ држави. Мислам дека толку е забраната. Нека ме поправи некој ако грешам.
Така е, печат ставаат за забрана за Еу и нешто парично казниваат. @tea1221 така да е, никој не ќе се вратеше Мк, ќе шетаа од една во друга држава
Не знам дали читаше на фб. Имаше еден дечко кој надминал 90 дена во Германија. Прашуваше што значат печатот и буквите во пасошот. Му пишале 5 букви.
Како е сега процесот сега за добивање фамилијарна виза, се аплицира за виза прво чекаш термин или сега е поинаку?