Можете да прошетате од Претор до Сливница (па и до Крани, ма да е подалеку) по асфалтирана патека покрај езерото, и да се вратите на ручек во Претор, каде можете да бирате меѓу две - три места за ручек, односно Sunset Club & Restaurant, според мене најдобри и најквалитетни со највкусна храна и прекрасна атмосфера, потоа Proper Beach & More, ако сте за пица, која е супер, но има и многу други јадења кои исто се вкусни. Атмосферата е исто прекрасна, на сама плажа, да не речам во песок е ресторанот. Ако сте со деца тука е најдобро за нив. И на крај Mayberry, ама таму не би препорачал, бавна услуга и тешко да има сè што има на мени. Не препорачувам таму ни за кафе, додека пак првите две се петка, макар и само за кафе со поглед. Исто, можете да го истражите Отешево, хотел Европа, споменикот, прекрасна природа е таму, а го имате и Lakeview за кафе и слично. Коњско исто ви е преубава дестинација, со можност за посета на островот Голем Град.
Коњско сум била одамна ама во сеќавање ми е патот дека беше многу лош после Стење. Како е сега да не знаеш? Инаку фала за информациите, посебно за рестораните
И јас не сум бил неколку години искрено, но од други кажувано мислам дека е сè уште таков, во не баш сјајна состојба. Ама пак си одат луѓе, претпоставувам дека е прооден.
За Скопје и куси викендашки издувувања предлагам: Сарај Парк, Треска езерото, иако е уништено, со столчиња се прибираат луѓе поред реката, Белви, Кучково, Марков Манастир, Патишка Река и Св. Никита. Овие ми се така порелакс, Градски ми е веќе препун и Козјак стана ептен без везе со ресторанот.
Јас викендот го искористив за краток одмор во црна гора, бев во Будва, Поградец,Св.Стефан,Бар и ги посетив манастирите Св.Василиј Острошки, Христово воскресение и манастирот Дајбабе. Прекрасна прошетка, прв пат бев во Црна Гора. Имам прекрасно искуство и често би одела. Инаку за следниот период викендите ми се резервирани за учење, за спремање испити и така. Кога сум слободна од обврските со факултет претежно за викенди пешачам.
Сливнички манастир ако веќе одите на таа страна ,преубав е. Кажете негде околина на Скопје за следен викенд ресторанче ама да е безбедно и со паркче за деца.
Преубава тура си направила. Наредно одење ти го препорачувам Котор, уште пола саат после Будва. Стариот град е преубав, плус ако имаш време и на тврдината да се искачиш, преубав поглед и за фотки топ. Исто во близина на Которо има помали места на 15-20 мин
Дали знае некој дали работи ресторанот во Вруток? Сакам некој викенд на таму бидејќи никогаш не сме биле, а ми го пофалиле дека е многу убаво. И дали е 1 ресторан или има повеќе?
Одлична тема! Кога бевме дечко и девојка со маж секогаш одевме за викенд на Водно, Матка, Козјак, Марков манастир, Скопска Црна Гора, Гази Баба, Градски парк, Зоолошка, Кале, Пеленица, Три круши или кафе шема низ Скопје. Секогаш го користевме викендот. Кога имавме повеќе време, финансии одевме и на ручек надвор од градот. Како најблиску во Велес на езеро или во винаријата. Некогаш сме оделе и подалеку како Лебедово езеро во Струмица, Гиновци, Куќа на Мијаците и плус посета на Бигорски, Вевчани, Галичник, Смоларски, Колешински водопади, на Бабуна... Сега малку паузираме, со бебе немаме толку опција за шетање...градски ни е најчесто ритуал. Би сакала предлози за повеќе места како ресторанот/парк Гиновци.
А само рестораните се или има и да се види нешто повеќе? Изворот пример, мислам за рибници исто ми имаат спомнато
Викендот бевме во Марков манастир, убаво место, покрај реката е супер. Пред манастирот има на 2км ресторан со дворче, клупи....фино
Да си изнајмиш хотелска соба и цел викенд да го поминиш во нејзе. Со многу 'играчки' и room service. What a lovely pass-time
Каде се поточно овие две локации? Изворот може да се види малечко едно така и подолу има еден ресторан. Другите два се малку подлеку од изворот. Јас би го препорачала ресторанот Пронто, предобро јадење и секогаш свежа риба. Шефот им е одличен многу позитивно се изнадив