@awkey Вила Весница се наоѓа во Чучер Сандево, на Скопска Црна Гора, ама ниско е, на почеток е селото, а Риверсајд е во Сарај покрај Треска реката. Мислам дека уште работат по протокол, со мени, 700-800 денари од особа, со предјадење и главно јадење, а пијалок се доплаќа, Вила Весница ова
На толку планирања викендов останавме дома Сепак ќе го пополниме денес со посета на Робевци и маскенбал на плоштад со децава. А утре сакале или не генералка дома. Ама следниот викенд мора да се појде негде
Во самиот град и јас сакам да знам, а за надвор од градот можете да ја посетите костурницата. Интересен споменик со убав поглед на градот.
Лешок и с. Беловиште. Многу убави ресторанчиња со пристојни цени во с. Беловиште. Како и прошетка до водопадите, има прекрасна природа, како и место за пикник. Најмногу ми се допадна што има скари, масички, секој може да си седне и да се собере со пријателите
Што правите викендов? Ние денес дома скоро цел ден средување и филмчиња, утре планираме на викендица дворот да го средуваме ако не ни заврне
И ние денес двор средувавме цело време,крај не можевме да најдеме.Исфрлавме стари непотребни работи, освежувавме,и така. Утре,ваљда цвеќиња ќе садиме,а ако не ќе шетнеме некаде. Викендов нема чистење во куќа,за време на работнава недела два пати чистевме.
Ние скоро цел ден надвор го поминавме, во парк, по кафичи ... Ама утре не чека генералка, колку ќе стигнеме толку не се замарам премногу хах
Мене ме чека перење на теписони со вап и четка. Али среќа врне, па ќе се одложи за понаредниот викенд оти наредниот е Велигден.
Предлог место за со мало дете? Не се седи дома посебно кога се продолжени викендите. За Велигден издржавме, што со гости што по гости..... Сега се мислам каде може да прошетаме а тоа да не е пак некаде по гости. Ама да е прикладно и за деца да не биде сум пошла да трчам по нив место да се релаксирам.
Покрај саем за книги, во недела за љубителите на цвеќиња, има настан со размена на цвеќиња во Локал 45.
Во Охрид ќе е хаос, за жал не можеме да избегаме овој викенд ради работа. Инаку општо ептен е гужва веќе 2 недели. Ама сакаме после гужвава до Албанија. Дадете предлог каде, да не е многу возење