1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се одложи ејакулацијата?

Дискусија во 'Секс' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

  1. SONCE..SONCE

    SONCE..SONCE Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    sto da koristi decko mi za da ne svrsuva mn brzo? :(
     
  2. justME

    justME Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    18
    Eве специјална програма и совети како да го надминете овој "проблем"! Се разбира таа е наменета за машките! Девојки вие сте задолжени да им ги пренесете овие совети....Полека, стрпливо и со ваша помош се ќе се среди :up:

    (спремете се за малце поooдолг текст) :roll:

    Техниката е позната како старт-стоп метода и ден денес е основа за сите помалку или повеќе познати техники, кои се всушност нејзини различни варијанти.

    Да почнеме...

    Постигнувањето на контрола врз ејакулацијата вклучува развивање на две "вештини":
    1. Способност за контрола на тензијата и дразнењата, и
    2. Способност за промена на однесувањето кое ќе ја сопре или одложи ејакулацијата.

    Второто се однесува на периодот од пенетрирањето до "точката од која нема враќање", т.е. точката после која на ниеден начин не може да се спречи ејакулацијата. Тој период се нарекува "зона на контрола".
    На пример, "Трпе" :) ако сака да води долго љубов и долго да биде надразнет, како што ќе доаѓа до средните и горните нивоа на "зоната на контрола", можеби ќе ја промени брзината од побрзо на поспоро или сосема ќе застане за неколку секунди. Можеби ќе го смени аголот на пенетрирање или можеби ќе земе неколку длабоки воздишки. Ако држењето на нејзините колкови или гледањето на нејзиното лице го пали многу, можеби ќе ги одбегнува тие работи додека не реши да сврши. Сето ова му овозможува на "Трпе" да остане во споменатата зона.

    Ова зона ги претставува или сексуалната надразба, или тензијата, или обете кај оние без контрола. И обете се причина за прерано "свршување". При секој секс нешто во вас постојано "расте". Наречето го тоа страст, тензија или како сакате. Тоа е она кон кое треба да се фокусирате. Особено кон деловите од телото каде најмногу го чувствувате, а тоа најчесто е пенисот. Мора да научите на кое ниво од ова чувство доаѓате до "точката од која нема враќање". Се е прашање на обични рефлекси. Земете го уринирањето, на пример. Него лесно можете да го "одложите", нели? Тоа е затоа што сте научиле да го препознаете чувството.

    Пред да прејдеме на самите вежби, неколку објаснувања. Сите физички вежби подразбираат стимулација (од партнерот или лична), фокусирање на нивото на надразба и стоп или правење нешто друго за да се спречи ејакулацијата. Со повторувањето на овие вежби ќе научите да ја препознавате вашата зона и со тек на време да ја проширите и да се однесувате исто како и "Трпе". :)

    Вежбите е најдобро да се прават 3 пати неделно или повеќе, ако немате проблеми со ерекцијата и ако тоа му одговара и на партнерот. Ако вакви проблеми има, и 2 пати неделно е ок (иако е min.). Вежбите опфаќаат: вежби со мастурбација, вежби со партнерот и вежби на умот.

    Here we go...

    Стоп-старт метод - основи
    Направете си скала со оценки на надразнетост од 1 до 10, каде што 10 е достигање на оргазам. Како што ќе вежбате ќе можете да се оцените до каде сте со надразнетоста. На почеток изберете средина како ваша цел (4 или 5). Не избирајте 9, на пример, зошто тоа е блиску или е "точката од која нема враќање". Како што ќе напредувате со вежбите и ќе бидете посигурни во себе, зголемувајте ја оваа цел. Кога ќе ја достигнете предвидената цел ЗАСТАНЕТЕ ЦЕЛОСНО! Стоп-периодот може да биде од 20 сек. до 1 мин. во зависнот од тоа колку можете да ја одржите ерекцијата без стимулација. Во таа пауза правете го следното: земете неколку длабоки воздишки, зборувајте со вашиот партнер, релаксирајте се. Можеби лежењето и правењето ништо не ви изгледа толку моќно, но верувајте е! Тоа е првиот чекор кон тотална конторола над вашето "другарче". :) Вежбајте без брзи и груби движења (ваши или на партнерот) и не очајувајте ако првите неколку пати свршите случајно. Но, ако ова се повторува и понатаму кај вежбањето, нешто правите погрешно.

    Дишењето
    Треба да биде споро, длабоко и релаксирачко. Најчесто во "пракса" не сме ни свесни колку брзо дишеме или дури и го задржуваме воздухот при секс, што нормално не прави и понапнати. Дишете без напрегање на мускулите, освен на стомакот кој полека се дига и дуе. Најпрвин ќе се чуствувате чудно, и ваквото дишење ќе ви изгледа неприродно. Вежбајте го!

    Мастурбација
    Се мисли пред се на движење на раката надолу-нагоре преку главата на пенисот, без употреба на лосиони и лубриканти. Другите типови на мастурбирање не се соодветни за овие вежби. Започнете со 15 минутни вежби со горе споменатиот стоп-старт метод. Застанете онолку пати колку што е потребно. Кога ќе ви треба само 1-2 стопирања, продолжете ги вежбите, но овој пат со употреба на лубриканти (масло за масирање е ок). Кога и во овој случај ќе ви требаат само 1-2 застанувања почнете да мастурбирате 15 мин. без застанување или ејакулирање. Кога ќе почувствувате дека "ви доаѓа", сменте ја стимулацијата (брзината, раката...).
    Ако и оваа вежба ви успее, продолжете ја истата, но со лубриканти. Ако успеете да мастурбирате 15 мин. со лубриканти и мали промени на стимулацијата преминете на следните вежби (со партнер).

    Можни проблеми:
    Премногу брзо морате ПАК да сопрете. Зголемете го стоп-периодот.
    Ја губите ерекцијата. Намалете го стоп-периодот.

    Вежби со партнер (по редослед на практикување)
    Рачна стимулација
    Истите вежби како кај мастурбацијата, но сега партнерот ги прави движењата.

    Орална стимулација (опционална)
    Истите вежби како кај мастурбацијата, но сега партнерот наместо раката ја користи устата.

    Пенис блиску до вагината
    Корисна за оние што ејакулираат веднаш по пенетрацијата. Легнете на грб. Партнерката нека седне над вас. Кога ќе добиете ерекција "галете" ги со пенисот нејзините препони. Одморете неколку секунди. Потоа направете го исото со нејзините срамни влакна. Повторно застанете на кратко. Потоа нежно ставете го пенисот на нејзините надворешни вагинални усни. Пак пауза. И на крај ставете ја главата на пенисот меѓу нејзините вагинални усни и уживајте момент-два. :) Ако почуствувате потреба да ејакулирате застанете, "одморете" и пробајте повторно. Кога ќе успеете повторете ја вежбата. но овој пат раката на партнерката нека го води пенисот.

    Брзо свршување при сексуален однос
    Да, да, овој пат ќе треба да свршите што е можно ПОБРЗО! И вие и партнерката! Намерно! Повторете ја вежбата 4-5 пати и продолжете на следната.

    Спора пенетрација во вагината
    Вежбата трае нешто помалку од 5 мин. Целта е што е можно поспоро да се пенетрира со пенисот во вагината на вашата партнерка. Ова не е однос! Тоа треба да им биде јасно и на двајцата партнери, и партнерката треба да биде скроз мирна и неподвижна. Позата не е важна. Кога пенисот ќе биде сосема внатре останете така неколку минути. Сконцентрирајте се на вашите надразби. Проучете ги! Запамтете ги! Кога ќе можете да ја изведете оваа вежба без потреба за ејакулација, продолжете понатаму.

    Неподвижен пенис во вагината
    Продолжение на преходната вежба. Целта е 15 мин. да биде пенисот во вагината без потреба од ејакулација. Не правете ништо!

    Движење на пенисот во вагината
    Целта е да не се ејакулира 15 мин. при движење на пенисот. Позата не е важна. Користете ја стоп-старт техниката и промената на стимулацијата. Започнете споро. Забрзувајте полека само кога ќе почуствувате дека се е под контрола. Притоа вадете го пенисот само околу 80%, а не сосема. Ако ви успее, повторете ја вежбата, но овој пат партнерката нека се движи. Ако и ова ви успее повторете ја вежбата, но овој пат движете се и двајцата

    Пробување на разни позиции
    Новите пози палат повеќе и точка! :) Направете листа на посакувани пози со партнерката. Изберете најпрвин пози во кои вие се движите споро. Подоцна во движењето нека ви се приклучува и партнерката

    Толку. :mrgreen:
     
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Има кондоми од дурекс перформа или така нешто се викаат
     
    На Никола-МК му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Да, да, да...Сум користела Дурекс Перформа....Од внатрешната страна има едно мало парче кое изгледа како дел од сапунче, и не знам точно како, ама тоа не му дозволува на дечкото брзо за сврши.... Пробај ги-нема да зажалиш
     
    На Никола-МК му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.499
    Хахахахаха...да,да перформа и не само што ќе му се одложи свршувањето,туку ќе завергла,ќе се умори,ќе те умори и пријателот ќе почне да попушта после фантастичен еден час и нешто плус!
    Не е за секој ова!
    Сериозно...
    Ако партнерот ви е добар на долгометражно,ондак не ви треба овој ѓавол,а ако има проблем со брзото,тогаш повелете!
     
  6. fatalna

    fatalna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас имам прашање на оваа тема. Дали тие кондомите перформа можат да се најдат во аптеките ? Или поретко се наоѓаат ?
     
  7. Никола-МК

    Никола-МК Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Да ги има по аптеките и во поголеми маркети како рамстор и други.Во еуро фарм се 97 ден ,а во рамстор 105 ден.Ги има како Durex Performa, Durex Extended pleasure , Performax intense кои имаат во средината и ребра, Mutal pleasure последниве незнам дали ги има кај нас во Хрватска ги има но сите се за иста намена.
    Еве образложение што содржат овие презервативи:

    Durex Performa Кондоми

    Дали сакате да трае подолго кога водат љубов? Дали вашиот партнер сакаат или треба да не биде толку брзо на нерешено? Неповолна за преземање на апчиња и ставање хемикалии во вашето тело сте вие? Воведување на Durex Performa Кондом, кондомот кој наскоро ќе биде вашиот еден и единствен избор!

    Durex Performa кондоми содржат специјален лубриканти во внатрешноста на кондом (направени со 5% бензокаин), кој им помага на одлагање климакс и продолжување на сексуална возбуда за подолготраен секс. Лубрикант контролата климакс е ослободен од топлината на телото по кондомот се стркала кон пенисот, така што пенисот главата е нечувствителен, овозможувајќи ви да се доживее многу повеќе стимулација пред кулминираат. Вашиот партнер ќе доживее без губење на сензација, но ќе се стекнат со задоволство на повеќе секс.

    Надворешниот лубрикант не содржи спермицидот. На Durex Performa е јасно, има совет резервоар, а е направен од Хипо-алергентски природна гума латекс. Дебелината е 0,07 мм. Откако ќе го користите овој специјален кондом, вашиот партнер никогаш не ќе може да се купи нешто друго! За среќа тие се цени и на британските Кондомите секој ден од седмицата.

    Исто така познат како Durex Напредно Задоволство.
    is.jpg 21294.jpg 1536-10.jpg ShotType1_328x328.jpg
    durex-performa-main.jpg
     
  8. Никола-МК

    Никола-МК Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Помага и одредени гелови и спрееви како лидокаин ,Хулокаине ,топикал,хулонор за гел ,а за спреј 10% ги има по аптеките тоа е локален анестетик за мали хируршки интервенции во стоматологија,акушевство,пред ставање инекции за оперативен зафат и сл.Може да се употребува доколку не сте алергични на некоја состојка од гелот или спрејот,ако нема црвенило,јадеж,иритација и други предупредувања во самото упатство.Во гелот има количински за повеќе од 20 односи , а спрејот е 50 мл кој исто така има доста бидеќи се шприцнува до 5 дози. За разлика од продаваните спрееви по специјалните продавници (с.шопови) овој хулокаине е 400 ден ,а 50 мл , доколку овие по с.шоповите 20 до 30 мл над 1200ден како што се:
    Stud 100,PSD 502,RETARD 907,procomil,stamina,cetacaine,tempa,PROMESCENT само последниот е признат и одобрен за таа намена од цел свет.Битно за гелот е да се нанесе на сува површина ,за добро да делува и нормално со презерватив
     

    Прикачени фајлови: