1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се ослободам од опсесијата кон неа?

Дискусија во 'Канта' започната од macence24, 24 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако таа тебе те контактира и извини ти самата реши дали сакаш да го продолжиш тоа пријателство. Дали ти значи нешто тоа пријателство е прашање на кое треба да си дадеш одговор.
    Можеби не те привлекува ама ти нешто значи, или во најмала рука ти доаѓа како инспирација. И, ако е така едноставно и јасно кажи и ако оствариш контакт.
    Ако имаш јака самоконтрола и знаеш што сакаш тогаш не гледам некој си проблем
     
  2. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    јас мислам дека се' шо си направила до сега во врска со неа,треба да го закопаш во минатото...иако не е лесно,само ти можиш да одлучиш дали таа ке влијае сеуште врз твоите чувства или не...проценувајки го тоа шо го напиша можам да воочам дека ти си била заљубена и сеуште си заљубена во неа...во тебе се рага надеж да бидиш со неа и страв да не го напуштиш дечко ти заради неа,како и страв да не бидиш повредена.
    прво,јас не сум била во ваква ситуација за да знам како ти е,ама можам да претпоставам како би постапила...значи,мој совет ти е да си ја зачуваш гордоста и да си ја покачиш самодовербата...
    таа само си поигрува со тебе...си поигрувала и претходно, и се уште се сити на твојата болка...знае дека ја сакаш и се храни со самата помисла да се разочаруваш...
    дали ти мислиш дека е правилно да му простиш на човек кој ти нанесува зло,те прави да запагаш во депресија и да страдаш заради таа определена личност? секако дека не ! :)
    почитувај се малку повеке самата себе,за да те почитуваат и другите...и да,немој да бидиш добра кон тие шо ти прават лошо....не велам да им се одмаздуваш,само немој да забораваш на болката која ти ја задале...немој да заземаш став како кога таа била добра кон тебе....барем ова ми е многу добро познато од лично искуство...однесувај се како шо се однесуваат кон тебе...не да им наштетуваш,туку промени го твојот однос кон нив :!:
    друга работа шо сакав да кажам е,дека според мене гледам дека постои сомнеж од твоја страна во љубовта кон твојот дечко...не знаеш дали е посилна љубовта кон неа или кон него,иако тоа не го искажуваш...барем јас така мислам..ке ти речам само да не си ја расипуваш врската,за некоја личност која не вреди...имаш дечко кој вреди за милиони,кој се грижи за тебе ,немој тоа да дозволиш да се расипи...
    биди срекна со него,труди се колку шо можиш да ја заборавиш,и секако мој совет ти е да не се надеваш повеке на ништо во врска со неа,па макар ни на пријателство...верувај после толку слични совети секако дека сме во право :D знам дека е тешко да размислуваш со разумот кога се тука чувствата,но затоа ние те посоветувавме најреално...и сега мислам дека единствено останува само на тебе да си го решиш проблемот...знаеш шо е правилно,ти треба само цврста волја и цврст карактер...
    многу добро знам како е да си чувствителна личност,но многу дбро знам и кога некој сака да ми ја гази мојата гордост...нема да го дозволам тоа,па макар и последен/ последна да е :)
    и како за крај :D би ти препорачала да ја блокниш и да ја избришиш...и повеке не се надевај на неа...ако некогаш ти се јави ,не прифакај да бидиш пријателка со неа...направи го тоа за твое добро...стави се секогаш ТИ на прво место ;)
    срекно...се надевам дека помогнав колку -толку :) :*
     
    На macence24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence24

    macence24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    ти благодарам easyyyyy на одличната анализа,ви благодарам на сите...размислував и со помош на вашите совети,одлучив да ја оставам на страна засекогаш и навистина сте во право,таа ме повредила еднаш немам гаранција никаква дека можно е сега да го направи повторно истото дури и да ми направи проблеми во врската и да го загубам човекот кој вреди и кој го почитувам...а познавајки ја неа и нејзиното детинесто однесување ништо чудно ова да го прави само за да се сити на мојата болка и да ми истура сол на сеуште свежата рана.Ке се обидам со сите сили,а ако продолжи да ме вознемирува ке најдам некакво решение.Ви благодарам на сите уште еднаш.
     
    На easyyyyy и bitter-girl им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Маченце, биди груба кон неа, колку и да несакаш биди груба. Така ќе сфати дека веќе си ја тргнала од твојот живот и нема да и биде интересно повеќе да ти се меша. Колку и да е тешко во моментот, сепак се исплати. Покажи и заби, или само покажи и рамнодушност таа ќе се тргне на страна. Ти посакувам среќа.
     
    На macence24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Маченце, не сакам да сум груба, затоа што сите правиме грешки, но ти навистина си себична.
    Звучи лошо, затоа што во принцип мислиш дека си напатена душа (и тоа држи вода), меѓутоа, целиот проблем си го создаваш самата.
    Сама си ја бараш белјата - и' зборуваш и после сите навредливи зборови, и' враќаш на пораки, ја бараш, де одблокирај ме - де блокирај ме.
    Кога се става КРАЈ, конецот се кине и нема потреба од разноразни перипетии.

    Убаво пишала Оффи - покажи одлучност, покажи заби, став и сила, целиот живот е пред тебе, без разлика дали си ваква или онаква во поглед на сексуалната определба (во која не веруваш, а и не е важно)... еве, не мора оваа личност која доминира во твојот живот да е девојка. Замислувам дека е машко. Некој бивш дечко.
    Истиот совет би ти го дале. Едноставно е - не те заслужува. Престани да се мачиш и да тумачиш мешани сигнали. Животот ќе ти помине во молење и чекање, пусто надевање, а некогаш не оди и не бива.

    А себична си - затоа што не го цениш животот.
    Прво - не си сама. Си имаш дечко со кој кажуваш имате убави моменти и те прави среќна. Те цени, те поддржува. Знаеш ли каква реткост е тоа денеска? Во вакво лудо време? Треба да си среќна и благодарна и целата енергија да ја насочиш кон него. Усреќи го. Усреќи се себеси.
    А велиш - раздразлива сум, нервозна и патам од депресија.
    Верувај ми, да видиш какви сериозни проблеми имаат луѓето, ќе се каеш за ваквите грди зборови. Сите би се каеле за нашето непочитување кон животот кој го поседуваш.

    Од просто и едноставно секогаш самите си го правиме сложени и комплицирано.

    За крај, помисли си го само ова - стави се во обратна ситуација.
    Нека твојот дечко има таква личност од минатото, машко, женско, сеедно. И нека е така опседнат со него / неа. А ти гордо стоиш до него, го гушкаш и кроиш планови за една убава иднина.
    Запрашај се - дали е фер?
     
  6. macence24

    macence24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Трендафилка ти благодарам на искреноста и на искрениот совет но не ме познаваш како човек,ниту си го поминала она што и јас за да кажеш дека сум себична како личност.Некои луге едноставно се почувствителни од другите а јас припагам мегу поемотивните.На човекот што е со мене никогаш не му недостасувала мојата љубов и внимание,тој секогаш бил згрижен и заштитен од моја страна.Зошто инаку би бил со мене?Јас бев во депресија,тоа е точно и тука беше мојата борба со секојдневниот живот,растргнатоста со тагата и меланхонијата и давањето љубов на сите окулу мене вклучувајки ги и моето семејство и пријателите.Имав чувства кон неа,едоставно љубовта понекогаш заслепува и тоа го искусиле сите барем еднаш во животот,и свесна сум дека има и полоши случаи од мојот,на пример дечкото ја тепа девојката а таа е сеуште со него...каков е тој човек кој би ја нарекол глупа?Љубовта е само слепа,а ти треба помош од некого за да ја согледаш реалноста.Така е и со мене.Јас согледав дека таа мене само ми штети во животот затоа и одлучив да не контактирам со неа иако многупати пагав во искушение...се останато е само плод на моето воспитување и интелект.Јас немам душа некого да навредувам,сум имала случаи и кога мене ми досадувале бившите дечковци а јас сум била подготвена да ги ислушам и да им објаснам дека не може повеке ништо да биде помегу нас.Тоа сум го правела затоа што сум била сигурна во своите одлуки и сум ги почитувала како луге а не сум ги третирала како стока,сепак со тие луге сум поминала и убави моменти и досега тоа вродило со повеке плод отколку едноставно да ги игнорирам и да бидам груба,а она со мене така постапуваше тоа за мене е знак на плашливост и несигурност но сите сме различни нели?Затоа барав совет на овој форум бидејки не сакам да повредам никого а не сакам да излезам полоша личност од неа и да постапувам како неа.Веке и ја донесов својата одлука со вашата помош и затоа сум благодарна.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Вака сега маченце ќе ти кажам... Ова го имам пишувано на друга тема, и ете, во врска со твојот заклучок дека љубовта е слепа, сакам да го постирам и овде. Прочитај го еднаш, препрочитај го уште еднаш и ако не го сфати, прочитај го пак... Ваљда ќе ти се разјасни.
     
  8. macence24

    macence24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ова е дел од еден мој претходен одговор,споменав веке дека никогаш не се осудив да реагирам на моите чувства баш затоа што сум зрела и рационална,не сум направила ништо затоа што ја почитував и го почитував нашето пријателство така да не ми беа потребни совети во врска со љубовта како поим туку со постапувањето доколку таа повторно контактира со мене.Поздрав
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.