@WildMk бара предлози за револуција, па еве јас еден револуциски чекор направив и ѝ отворив тема во која може баш за тоа да се збори. 1. Како да се искаже граѓанското незадоволство? 2. Кои механизми му се достапни на македонскиот граѓанин во борба за работничка заштита и против работничка неправда? 3. Како да се издејствуваат позитивни промени во институциите? 4. Како се организира штрајк? 5. АМАН БРЕ ЛУЃЕ ШТО ДА НАПРАВИМЕ? 6. Што ќе се случи ако не плаќам сметки? Пишувајте идеи, љуби вас дада Ангел, убави на мајка.
Ете гледаш, затоа не ти успеваа до сега. Ова е длабока тема која мора да ја протумачиме ден-два. И после младината сакала instant gratification.
Темата и под точките се доста добри за дебата под услов да остане дебатата баш на нив. Иако за 2..3 страни пак се ќе свртат на политика и ќе биде веќе виден шит. Се надевам дека би имало добра дебата и комунилација зошто е баш широка тема.
Не сум јас по револуции. Имаше една поговорка нешто, срамота е да имаш помалку од 25 години и не си револуционер, срамота е да имаш повеќе од 25 и да си револуционер. Единствен начин да се промени нешто е да се тужи. Тужете ги сите, по ред. Тужете ги одговорните во државата пред меѓународен суд, Ако можат 6 деца да тужат држави за нешто толку апстрактно како климатски промени, ваљда може да се соберете 6 возрасни да тужите за кршење на вашите права на живот. https://www.climatechangenews.com/2...e-unprecedented-climate-lawsuit-33-countries/ ...Their complaint comes after lethal wildfires in Portugal in 2017 killed more than 120 people. Загаден воздух, недостапно здравство, непостоечко здравствено осигурување (ова го разбрав пред 10 минути шо се вика)... Загрозување на здравје и живот... Sue Them
Не, за таму е постот, пошто таму зборувате надолго и нашироко за се' што фали во здравствениот систем.
Ако е погрешна темата, зошто се зборува за проблемите во здравството? Или таму само за проблеми се зборува, а за решенија, некој друг нека му ја мисли?
Тукушто ме префрлија во Германија, па за мислењево голема работа каде ќе биде, кој требаше го прочита, ама џабе.
Да не ја полниме другава со офтопици де. Знаеш, ние "дијаспорциве" што само за памет солење не бива. Ние сме криви, ете
Тројца не можат да се договорат некој да не зезне, не па 10000 семејства. Многу е јасно, ако за нешто не плаќаат повеќето, браншата е неисплатлива и големите корпорации ќе се повлечат (од МК де). Ако таква бројка семејства не плаќа струја, струјата ќе стане луксуз. Или ако не плаќа парно, или мобилни, за останатите цените ќе рипнат десеткратно. Според мене, помина времето за револуции, глобализацијата не дозволува да се бунтуваш за локални теми. Всушност, сега е рај за револуции под "јорган планина".
Како да не 'глобализацијата не дозовлува' Затоа 24/7, 365 дена во годината, некаде има народ кај што протестира.
Проблемот е, што никој нема да помисли да оствари некаков акт додека му е удобно во неговата комфорна зона. Општеството во последните 2 децении води кон тоа една единка да реализира цели за сопствена полза, иако можеби тоа би причинило неудобност или неправда на другиот до него. На никој ништо не му е гајле, само на неговиот гз да му е добро. Луѓето станаа оперирани од осет, немаат морал и основни вредности. Затоа се популаризираше терминот Карен, они ќе се бунат али само за сопствени цели. Како да се постигне револуција? Треба да настане нешто што ќе го засегне секој еден, а ќе иритира барем половина, нешто што ќе ги измести од колосек и ќе им ги одземе основните права за уживање во длабокиот хедонизам во кој заспале. Да не плаќа сметки? Дома да нема интернет пола саат? Струја па да не може да се избања 2 дена? Без топло јадење? И главното, без телевизија? За него тоа е крај на светот, не би му било гајле за каузата Умре времето на револуции и искрени протести, сега се е партизирано, особено во мали земји како нашата.
Еве ја пандемијава. Ама не им е доволен стимул и таа.. Ќе чекаме да изумрат овие генерации кои сме сега живи, и да се надеваме дека наредните ќе знаат повеќе. Овие, не ги одучваш доправа...