Мислам дека темава е отворена за дебата и изнаоѓање начини /методи за како да се издејствува или влијае кон подобрување на квалитетот на животот. Така да, не ми е јасно шо има врска твојот пост со ова. Ако си земја со цивилизациски атрибути, солидно образование, достапно здравство за сите, подруго кажано имаш силни адути, верувам дека не ти може никој ништо. Овие размислувања не носат ништо продуктивно, напротив, не може секогаш другите да нѝ се криви за нашите неуспеси и потфрлувања. Протекторат или не, ЕУ членка или не, никој однадвор нема да дојде и да ти средува или даде систем на тацна. Треба за уши да влечеме судии, инспектори, секакви служби за да си ја работат работата за која се платени? ЕУ или САД ќе ни ги искара извршителите, обвинителите, директори, членови на комисии, судии и ќе се фатат за работа? Оваа држава има голем проблем каде тие што треба да ги држат столбовите го ставаат личниот интерес пред обврските кои ги имаат пред своите граѓани. А сите тие имаат име и презиме.
Какво цивилизирано општество какво образование? Абе нашите универзитети не постојат на научна листа на универзитети во светот. Столбови на држава? Ако не се поклонат власт и опозиција на Кале и не клекнат на коленици нема ни да дојдат на власт. Чекаат од Кале и ЕУ наредби што закони да донесат и како да заебат народ. Златни деца има оваа Македонија по светот, студенти, професори, научници, уметници, спортисти.... Е тие треба да ги вратиме за да се направи револуција и за да тргне нешто напред одовде. Ама и мора да се расчисти си приватизации од 90ти, со 2001ва, со рамковни, преспанскиот, бугарски, тирански и останати погубни договори кои ја носат земјава и народот кон провалија. Да се расчисти со сите говна кои ја крадеа оваа држава 70години, и нивните поколенија кои продолжуваат со истото. Што би рекол еден германски професор, оваа држава конечно треба да расчисти со мафијата, зошто сме единствената држава во Европа (без Косово) која е водена од мафијата и тоа трае веќе добри 20 години. Темата има наслов "Како да се започне револуција", а ако не читаш убаво, твој проблем. Мафтање знаменца, шетање по булевари, иницијативи, тужби, плачки, лигавења не се дел од ниедна револуција низ историјата. А ако не се однесува темава конкретно за кревање револуција, или сменете наслов на темава или изземете го моето мислење слободно! Ај чао
Мислам дека такво нешто нема потенцијал кај нас да успее, без последици кон граѓаните. Треба да се поттикне функционирање на институциите во права смисла на зборот, под функционирање мислам ефективноста да се покачи. Мој предлог е "ѕид на срамот", јавна осуда кон одговорните, посебно во случаи каде институции, установи каде што управуваат со нив потфрлиле со конкретни докази, направиле штета, макар и не изработиле ништо.
Па земи отвори книга да читнеш за револуциите низ историјата какви биле. Ако мислиш на културна револуција тогаш признавам грешам. Ако мислиш дека револуциите поминале вез крвопролевање и одмазда кон колонизатори, окупаторите, царските монархии, тогаш си веројатно 5-6 одделение и допрва треба да учиш. А ако мислеше не нешто друго, тогаш не го поистоветувај со терминот револуција. И да, исто како што некои олигарси ги оставиле моите родители на улица за едвај да обезбедат леб и млеко за мене, јас и те како би ги судел истите тие и нивните поколенија. Сурово, да, ама тоа е револуција. Сменете го насловот на темата зашто сосема друго ви се мота во глава. Граѓанска непослушност и револуција имаа разлика од најмалку 5-10 години развој на настани и нормално последиците се драстични. Ако не ви се дискутира на тема револуција и како да се дигне револуција, сменете темата или направете нова "граѓанска непослушност" Лесно е
Ти да знаеше да читаш малку подалеку од наслови, ќе го видеше и првото прашање поставено во првиот пост на темава, каде е објаснето за што е отворена и што е предмет на дискусија на истата. Очигледно основни манири и култура немаш, така да нема што да дискутирам повеќе со тебе, а кој планира со тебе да почнува револуција нека му е со среќа.
Еве ти се извинувам за тоа што немам основни манири и култура и ако сум те навредил. Очигледно ти си имаш цивилизирани начини за револуција и начин како да се смени нешто драстично во државава. Јас те подржувам ако гарантираш успех со твојата револуција, ама верувај дека нема цивилизиран начин да смениш некој кој на нај дискриминаторско-фашистички начин те уништува секојдневно. Не повикувам на крв и насилство, само ти посочувам што донеле револуциите наназад низ историјата. Имај убава вечер
Како да се подобри ситуацијата во државата? - Ќе се собереме сите. Ќе разговараме од што не сме задоволни во државава. Ќе се договориме. И ќе протестираме. На Инстаграм се видоа снимки во Америка, ваму таму, како протестираат за одредена работа. Ама тоа во Америка. Ние не сме ни приближно до доволно сложни за да одржиме протест. Немаме ние основна култура.
И јас барав "револуција", и јас барав граѓанска непослушност, и јас барав да се тужи државата (како што предлага @Biljarkata) - или барем само РЕК. Се разбира од дома, им досадував на моите со решенија на проблемите. Ама, сите решенија беа со best case scenario и скокнуваа важни чекори. За да тужам поради загаден воздух, ми треба и одреден број други луѓе кои би тужеле за истото. Таму настанува проблем. Треба да се посочи прстот кон некого, а тоа во случајов е РЕК. РЕК вработува околу 4000 граѓани (ако не се лажам) и мнозинството имаат фамилија. Бидејќи сакаш да го тужиш местото од каде земаат плата - се ствара вид непријателство меѓу тебе и нив. И бидејќи во моментот си малцинство - никој не сака да застане на твоја страна т.е. "Зошто и јас да бидам непријател на сограѓаните? Зошто да ме мразат над 10000 луѓе?". Чисто за муабет, продолжуваме понатаму. Хипотетички имаме доволен број луѓе за заедничка тужба. Кој адвокат ќе се нафати да биде непријател на државата? Или да изгуби потенцијални клиенти откако секој медиум ќе го растргне на парчиња? Чисто за муабет, продолжуваме понатаму. Хипотетички, наоѓаме адвокат. Има мала милијарда ситуации што можат да се случат во меѓувреме, но ете да не биде ова мислење роман од 150000 збора, одиме директно на крајот. Или победуваме, или губиме. Ако победиме - што би одлучил судот? Да се затвори РЕК? Да добиеме монетарна компензација за здравјето? Помали сметки за струја бидејќи се гушиме од воздухот? Ако се затвори РЕК оние што беа само намуртени лица ќе се претворат во гневни и бесни сограѓани. Ако добиеме монетарна компензација - колку вреди здравјето? Доволно за бугарски пасош и за бегање од тука? Или можеби помалите сметки за струја ќе не натераат да го игнорираме загадениот воздух? Ако изгубиме е јасно - ќе бидеме the butt of the joke на сите медиуми, ќе не класифицираат како квази-револуционери, ќе не исмеваат што воопшто сме се замарале. На крај-краева, кој победил против држава? Кое сценарио ви се допаѓа најмногу? Кое ве тера да излезете на улица - или во форуми да барате истомисленици? One man's revolution is another one's terrorism.
За да се промени, треба да имаме критична маса. Мислам дека ја немаме, инаку некој до сега би искористил шанса. За да се создаде таа маса на народ треба да има медиумски покриени јавни дебати, каде ќе се критикуваа одредена одлука од власта и ќе се даваат предлози. Тука има 2 потенцијални пречки: Како да се обезбеди таа медиумски покриена дебата, ако сите медиуми се контролирани од власта? И пронаоѓање на тие критичари, на некој начин водачи на тој протест? Ако протест трае подолго и е масовен, тогаш не може да е игнориран. Ама тука веќе се вртиме во круг и се враќаме на почеток - како да ја создадеме таа критична маса? Не верувам дека постирање упорно на форум "ајде да се буниме" е ефикасен метод да се извади народот на улица. Особено што голем дел тука се веќе иселени или имаат таков план. Немаме ни активизам. Немаме добро образование. Имаме масовен "одлив на мозоци". Според мое мислење, фокусот треба да е на ова. Како да се пронајдат и соберат тие луѓе, за да се почне некое движење?
И во Македонија имало синдикат https://www.slobodenpecat.mk/interv...ashe-znacheneto-na-sindikalnoto-organizirane/ @HaleemO што е конкретно случајот со РЕК? Не сум запознаена доволно, веројатно не бил никој гласен. Памтам дека во Велес топлиницата не ја рестарираа, беа тоа масовни протести. http://tirekovmirece.com/Novost/----------Велес-гут,-Топилница-капут!!!
@Biljarkata повели. 1: Последици од загадувањето од РЕК 2: ЗАГАДУВАЊЕТО ОД РЕК „БИТОЛА“ СТИГНУВА ДУРИ ДО ПРИЛЕП И ПЕЛИСТЕР 3: РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи во Европа 4: Активисти бараат ЕУ да ја казни Македонија поради високото загадување 5: Зголемена радиоактивност на пепелта депонирана во близината на РЕК Битола 6: РЕК Битола со најголеми емисии на сулфур диоксид на Балканот Сите линкови се на првата страна на google, кога ќе пребараш "рек загадување". "На одделението за онкологија на Клиничката болница во Битола секоја недела се регистрираат по двајца нови пациенти заболени од канцер на бели дробови и други малигни тумори."
Куќата по столбовите се гледа колку е јака , а фасадата е прашање на вкус. Мислам дека на оваа држава МАКЕДОНИЈА, за да се подобри , треба да се сменат темелите и целосно реновирање на се што треба.
Сабајлево се разбудивме со веста дека уставните судии сами и најверојатно незаконски си покачиле додатоци на плата за 35%. Би додала "замислете" на реченицата, ама веќе мене ништо не ме изненадува. Ние веќе и немаме темели.
Ја забораив @WildMk во цитатите? Ова е подобра тема да се продолжи муабетот, да не се праи гужва во Короната, пошто општо за здравствен систем станува збор.
Ако е подобра, сите да се префрлите овде. Вчера не само нашето, туку и здравството во другите држави го коментиравте