Како да се подобри целокупното образование во Македонија?

Дискусија во 'Образование' започната од Feminka22, 8 септември 2024.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.829
    Пол:
    Женски
    IMG-7d4e86f59471d9444be4bbc693bfc81c-V.jpg
    Ова е влезот од дворот на училиштето.
    Ова е само еден дел од проблемите.
    За некој не е приоритет, но за нас што ги носиме децата од таа капија и тоа како ни е проблем.
    Буквално мора да стапнеш во вирот.
    И сеа пак ќе кажат де де свилени деца, па што ако се намократ малце не ќе се стопат.

    Не битно, проблемот кажаа дека е саниран,а колку ќе видиме на следниот поголем дожд.

    Многу услови треба да се подобрат, па не знам искрено од каде попрво да се почне.
    Пошо од приоритет ова, приоритет она сме стигнати каде што сме.

    Буџет има одреден, се троши колку се троши и после се бараат донации од правни лица.

    Не смее да биде така ама ...
    Чисто колку за инфо, не се бунете и бидете јаки само на форум
    Откако почнавме да се буниме за проблемите кои ги имаме на училиште почнаа и да се средуваат работите.
    Ама треба некој да почне.
    Со свилени деца, шо ќе им е не ќе се стопат, не идеме никаде.
    Исто и учителките, креваат раменици, кажете вика, бунете се , пробајте.
    Е не смее така....
    Да, се многу многу поприоритет некои работи, но аман луѓе,мора да се почне од некаде.
    Дали од клими, дали од книги, да се почне, да имаме надеж дека ќе се мрдне напред.
    Ако имаш решение денес и можност,не оставај за утре.
     
    На Feminka22, Antebellum, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Машки
    Учители и професори се само дел од вработени во мон
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Совет на родители може да влијае за ова. Нашиот беше бааги исполитизиран претходните години и место за битни се дискутираше за скоро небитни теми. Ќе видиме оваа година како ќе е. А вашиот проблем се решава, само треба да се побара решение. За жал така почна се да функционира - ако не бараш и не се буниш ништо...
     
    На Antebellum и Цвет88 им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
    Годинава поскапена котизација за на факултет.
    Ало!??? Не сте фер бе.
    Плус Скопје е поскапо за живот од Тетово, Кочани, Виница и сл.
    Го напраивте луксуз факултетот бе.
    -100/200€ рата
    -1500 за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.


    какви се тие ресурси?? Тетратки, пенкала? Сѐ сами си купуваме. Од книги и тоа шо бараат оригинали од по 50€, тетратки, тефтери, пенкла и сл.
    Од факс даваат САМО кога ПОЛАГАМЕ. ТЕСТОТ И ШИФРАРНИК. Тоа се 6 ливчиња


    -1500 за набавка на online ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.
    Кои се тие онлајн ресурси?? Power Point презентација?


    -750,00 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет.

    Од ова нишо неаме видено.

    -100,00 денари за е-обрасци за упис и заверка на семестар





    6000 рата+ 1500+1500+750+100= 9850 рата, плус провизија. И тоа ако си државна квота.
    Ако си приватна
    12,000+1500+1500+750+100= 15,850
    Ало
    Ја до лани 13.000 и нешо плаќав приватна.


    https://eccf.ukim.edu.mk/прв-цилус-упис-на-зимски-семестар-2023-24/

    до лани беше
    100/200€ + 1400+ 750

    дал сте нормални???
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.132
    Допаѓања:
    131.740
    Пол:
    Женски
    Тоа со ИКСА и јас не го видов. Џабе толку пари давање.
    Само земаат пари, а не ги подобруваат условите.
    Така што, не се нормални.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Машки
    Уште се плаќа икса ? Ахахха не се нормални човече мислев ќе ја укинат до сега ама џабе ццц
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
    Ја коа се карав, рекоа у Статуарот на УКИМ, имало образложено од тие 750 и 1400 кај одат парите.
    Неколку % од ИКСА иделе за парно шо запамтив вака, за вифи, за струја.


    Не е дека струјата у држ објекти ја плаќаме од данокот
     
    На nextredstyle и Realist1 им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
    Ја 4 години се карав.
    И во Ректорат рачунај бев у едно тело, и таму мрчев, на игнор ме ставаа
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.132
    Допаѓања:
    131.740
    Пол:
    Женски
    Иделе на хартија. :D
    На Правен за да е идеално треба целиот да го срушат и наново да го направат. :wasntme:
    Целиот е крш.
    Новиот декан само вецињата ги оправи. Во чисто да го пцујат Деканатот дур вршат работа. :rofl:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
    Мене Правен ми е прекрипи. У 4 години дали 20 души имам избројано.
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.132
    Допаѓања:
    131.740
    Пол:
    Женски
    Срамота е за државата. Јустинијан се превртува во гробот. :rofl:
    Мора да се вложува во образованието.
    За почеток да им дадат барем бесплатни скрипти и учебници на студентите. На посиромашните и уреди.
    За персоналот психолошки тестови. :D