Lacrimosa, кога и реков на докторката дека нешто со мене не е во ред, постојано слабеам и слабеам, а исто јадам, ми рече ајде да ги провериме хормоните. Ја испитував тироидната жлезда, ок беше се. Жената ми рече, незнам што може да ти е. Не се нервирај само и тоа. Ама не иде така Не за џабе е докторка, мора да знае некој лек, како да се поправам или барем да си ја задржам килажата. Се што можев на своја рака пробав, дури мислам и дека организмов ми стана имун на апчињата од пивски квасец и затоа нема никаков ефект. Морам да одам после празнициве да барам мислење од втор лекар, инаку вака ништо не правам...
И јас го имав истиот проблем, моментално пијам пивски квасец (во вид на таблети) и има резултати, не многу видливи ама сепак за краток период има. Немој да се откажуваш веднаш, продолжи со пиење на овие. Имам и една “диета„ за здебелување, доколку сакате ќе ви ја напишам
Ајде да не биде сега сите коментари „И ЈАС, И ЈАС“, пиши ја тука. Сите кои ја отвараме темава сакаме да ја знаеме, нели
1 ден: Доручек 2 сендвичи со путер, шунка, јајца (1 до 20) и чаша млеко или парче торта Ужина 30гр сланина да се изеде со варено јајце, со парче леб и јогурт по желба Ручек чинија чорба по избор, варено или печено месо, компир-пире, салата, а по оброкот пудинг или крем Ужина овошје и слатки Вечера барен зеленчук прелеан со путер и со рендан кашкавал, пржена сланина и леб
2 ден Доручек 2дл млеко со чај или кафе, 50гр павлака, 50 гр леб, 20гр путер, лажиче шеќер и 1 јајце Ужина 30 гр пржена сланина, 1 јајце, 150гр супа од месо Ручек чинија супа од месо или зеленчук, 150 до 200 гр месо прелеано со 50гр путер, пудинг, 1 чаша овошен сок Ужина 2дл млеко или какао, парче леб со путер Вечера 2 јајца, 100гр месо, 100гр зеленчук прелеан со путер, 100гр компир, 2дл млеко, 200гр овошје
3 ден Доручек 2дл млеко, 100гр павлака, 2 јајца, 20гр пржена сланина, 250гр пециво Ужина чинија супа од месо или зеленчук и пециво Ручек чинија супа од месо, 150гр месо или риба,1 јајце, 200гр зеленчук прелеан со путер или павлака 100гр, 150гр пире од компир, 200гр овошје Вечера како во претходниот прилог
Мало објаснување Значи ова се основните т.е. главните компоненти, доста се калорични, овај начин се базира на протеини како што гледате. Овие продукти се задолжителни, но покрај овие може да конзумирате и други по желба пр. сирење, јогурт, тестенини, слатки, путер од кикиритки. Добро е да се пие и пивски квасец (го поттикнува апетитот)
Па јас да можев волку да изедам одма ке се здебелев ама неможам, не ми собира Него жени кажувајте дали дејствува пивскиот квасец!
Јас пробав да имам редовни оброци - појадок, ужина, ручек, ужина и вечера пропратено со вежби кога не ме мрзи (ама ретко кога не ме мрзи ). И можам да кажам дека има ефект, ама ете мене ме замрзува, го правам ова некое време и по една, две недели ме замрзува да јадам па баталувам. Ова го практикувам од Септември и се имам поправено 3 кила, малце за толкав период ама не се хранам така цело време поради мрзава Ај сега од Вторник ќе пробам да го правам ова подолг период па ќе видиме до Јуни што резултат ќе има
Јајцата се добар извор на протеини, а протеините се потребни за изгрдаба на мускулната маса, така да мислам дека нема да има спротивен ефект.
ima eden wellnes klub vo gradov i pravat najprvo merenja na teloto a poslem vo zavisnost sto sakas da postignes se pravat programi,merenjata se besplatni pa ako sakate pisete
Како да ги зголемам килограмите Би сакала да знам, дали некој има проблем со своите малку килограми. Никако неможам да ги зголемам.