Леле кога гледам теми со диети за слабеење ми се лоши планирам да се здебелам и тоааа 5-6 кила али не мрдам од 200 грама поише али морам до 1ви септември да се здебелам па што сака нека е! некоја испробана диета за дебелеење знае некој?
Истиот проблем го имаав и јас до пред една година. Имав 22 години а варирав од 45-47 кг. Цело време таму ми беше паметот, а и како да не ми беше кога сите ми викаа ко костур сум била, како испиена на лицето, како девојче од 10 год сум била а не девојка од 22, бла, бла... И пробав се што е можно, се што треба и не треба. Секој совет ми беше добредојден и го применував. Ама никакво фајде, а јадев редовно, дури и повеќе од другите, сите се чудеа, ама тоа. И кога конечно прекинав да бидам опседната со тежината, си јадев редовно како и секогаш, почнаа луѓево да ми делат комплименти дека сум здебелена. И навистина, кога се измерив, се изненадив. Денес, година после тоа, имам 53 кг и сум пресреќна. Мој совет за сите кои сакаат да се здебелат: хранете се здраво и редовно и не се замарајте со тежината, не се опседнувајте со неа и нон стоп да не се мерите. А важно е и да ја намалите нервозата, мене таа многу ми влијаеше. Краен резултат е килограми повеќе. Со среќа на сите...
јас порано имав големи проблем со тезината. сто и рекле да ме дувнес јас ке летнам ...само коза на коските. 170 а 40 кг. никогас немав здраствени проблеми или проблеми со исхраната, не знам сто е диета, или да си скратувам од несто . едноставно многу брз метаболизам и се најадував од помалку. сега сум 57 . не сум веке подвизен скелет, лиЧам на Човек. предходно колку и да се трудев, не успевав да каЧам тезина,свесна бев за погледите со созалување или зад грб уговарање од околината, мегутоа не сите свакаат дека за некои е подеднакво теско да ја зголемис телесната тезина како сто за некого е теско намалувањето. поради склоп на околности стекнав поинаков резим на исхрана, се се смени. Мк доналдс, Бургер Кинг, Гиро,СендвиЧи и секоја друга мозна брза и нездрава исхра на леб дома воопсто не купуваме, мегутоа на кој му треба леб кога ке се нафукас ,најадес се друго, сувомеснато, сницли, тестенини ...секојдневно во исхраната кока кола, густи сокови.... блага, лесници.... сепак и овосје, зеленцук, супи, салати....мора секојдневно да бидат застапени во исхраната, сите витамини е потребно да се внесуваат веке 2 год, ја одрзувам стекната телесна тезина сто ја стекнав за неполна година иако јадам со исто темпо, мегутоа паралелно работам и студирам...нон стоп сум у двизење, возам тоЧак, Често песаЧам и да не редам многу....се е во храната, таков тип на калориЧна брза, полуготова храна нема во македонија или не мозе секој да си ја дозволи. за тие сто нисто не се фака за нив ... теско од мандзице, несто намаЧкано на лепЧе...мора друг тип на храна
јас не сум за брза и нездрава храна , како начин за здебелување . Мислам дека е битно здраво да се храниме за да изгледаме здраво . Многу е битно да да се вежба да го зацврсите телото, тогаш би изгледале убаво без разлика на килограмите .
Нема диета за дебелеење освен ако не сакаш да качиш салце . Тебе ти треба избалансирана исхрана и вежби кои храната ќе ја претворат во мускул а не во сало инаку ако само јадеш без мерка ќе отиде таму кај што не треба а пак во суштина нема да имаш задоволителен резултат. Не знам како се храниш може не е лошо да напишеш кои продукти и во која количина просечно ги консумираш, дали се бавиш со некоја физичка активност и дали си под голем стрес? И нормално не е сеедно дали си тинејџерка или веќе повозрасна .
целосно се согласувам со тебе, се знае сто е здраво и како е најдобро. мегутоа исто како сто за диета Човек треба да си скрати од несто, и за покаЧување на тезината Човек мора да уфрли несто сто не го практикувам во дотогасниот резим на исхрана. јас предходно здраво и нормално се хранев,дури и спортував мегутоа не мозам да се слозам дека со моите 40 кг сум изгледала здраво. ми требасе мала промена, засто видов дека така далеку не стасувам малку покалориЧна храна не знаЧи отфрлање на се сто е здраво, хранливо...( дури и со поголеми колиЧини и од оваа храна мозе да се дибие позитивен резултат и кило плус)се е ствар на комбинација сега хемоглобинот ми отиде на 15 и се друго е супер. изгледам и се Чуствувам поздраво, и пред се имам енергија како коњ факт е дека за да се каЧи тезината мора несто да се смени, сто и како...секој ке го бара наЧинот сто нему највеке му одговара.
I jas od denes pocnav da konsumiram tabletki pivski kvasec.. sekoj vtor mi vika deka ne licam na covek.. za mene toa e navreda i mora da se popravam.. imam 50 kg a visina diri 175 cm taka da ke vidime ako ima rezzz... pozzzz
Малку оф-топик Прочитав дека некои пиеле Б комплекс со пивскиот квасец.Не мора заедно да се пијат,зашто во пивскиот квасец има Б витамин.Не претерувајте со овој витамин, може хипервитаминоза да добиете,што е лошо.
Вака, мене стандард тежина ми е 55кг, ама висока сум 176, па имам потреба уште од некое кило. Е сеа, пред неколку месеци бев под стрес, ослабнав неколку кила и се вратив во нормала со тоа што гледав да јадам поредовно и МИЛКШЕЈК од банана,млеко,многу мед и сладолед по можност за плус калории и тоа секој ден. Ова ми помогна да се вратам до 55кг, ама од тоа повеќе не мрднувам никако. Мака ми е да слушам секој втор како ме прашува дали јадам нешто и зошто сум толку слаба и сл. Аман.
Знам дека не е сеедно, тинејџерка сум, сега прва година иначе коска и кожа сум така да може малце салце. А желудников ми е own: ич не ми се јаде
И мене периодов не ми се јаде баш, ептен ми е намален апетитот. Чаре некое, освен бе комплексот и пивскиот квасец?
Добро бе девојки, само мене ли не ми помага тој пивски квасец? Па знаете ли колку испив и ни грам не се здебелив, воопшто немам апетит. И тоа малце што го јадам со сила е колку да не е без ич. Мака мачам со тоа јадење, никако не можам да се здебелам. А колку апчиња и сирупи имам препиено до сега слон ќе требаше да бидам, а јас не можам да мрднам ни малце со килажава.
боже девојки..дали вие тоа за дебелеење зборите?? дојдете кај мене една недела на гости..гарантирам дека попунички ќе се вратите дома.. мешаната храна го потикнува дебелеењето..затоа девојки удрете повеќе на леб и мачканици..(паштети, маргарин еурокрем..) ии да..вегера,специјал..пицериите..и тие ќе ви помогнат за се здебелите. п.с ви се восхитувам на тоа што можете да гнетете а сепак слаби да сте..:/
Нас никој не не разбира и секој ни го вика тоа. Не сфаќате дека немам апетит. Јас знам кај да јадам и што да јадам. Па и нашите мајки готват дома, ама апетитот е проблем што воопшто го нема.
Сите што сакате да се поправите, гледајте тоа да го направите на природен начин(значи апчиња и квасеци и витамини од таблета - не! може да пиете б комплекс единствено за да си го зголемите апетитот) и да бидете физички активни многу, затоа што верувајте нејкете сало да имате!!! Проблемот со слабоста го имам и јас и тоа од кога знам за себе! Висока сум 176см тешка 55кг. Имаше период кога јадев ненормално многу и мешана и тешка и мрсна храна и да, качив 3кг ама највеќе ми отидоа на стомак и добив спојлери на половина шо на моето слабо тело не ми личеа ама ич! Плус да не зборам колку нездравата исхрана влијае на кожата. Затоа сега избегнувам мрсна храна, се трудам да се хранам поздраво и почесто, да јадам многу овошје и зеленчук за да имам здраво тело, што е најбитно! Физички сум многу поактивна и многу повеќе си го сакам сега рамното стомаче и цврстиот задник отколку кога ми се натрупаа само масти. Имам брз метаболизам и сите во моја фамилија биле слаби до 30 години. Тоа порано ми беше проблем сега сватив дека е благослов Уживам во тоа што сум слаба и не планирам да се бутам се и сешто за да имам килограм повеќе. Јадете здраво и редовно, вечера доцна навечер не е добра и за слаби луѓе (и ние може да имаме холестерол и масти во крв), имајте ужинки од јактасти плодови(непечени и несолени),свежо овошје и зеленчук и секако месото(не многу и не многу масно) и млечните производи треба да ви се во секојдневна употреба. Трчајте, идете на фитнес, тренирајте некој спорт и уживајте во тоа што сте слаби Затоа што ќе дојде време кога ќе сакате да ослабите!
Мој совет....останете слаби.... Еве мој личен пример...Јас пред 3 години имав 43 кг, и очајно сакав да се здебелам, а сега имам 62 кг а висока сум 168...не сум дебела...ама имам на мене газе и малку мевце, а бев ужасно слаба....ништо немав на мене и на секој начин сакав да се здебелам, и сега за да не продолжам да се дебелам, два пати недело одам и трчам и правам вежби, внимавам што јадам, а порано не го правев тоа..си јадев што сакам, ама кога еднаш ќе почниш да се дебелиш нема стоп.... и си имам мало стомаче..кое очајно сакам да го намалам на 0....
^ Паничарка не е баш така. Од тоа што сум премногу слаба и без апетит, имунитет ми е ептен слаб и автоматски не сум отпорна на болести. Ти си јадела па што си се здебелила, а ние овде имаме проблем со тоа што не ни се јаде, а на сила колку можеш да изедеш?
Леле и јас многу сакам да се здебелам едно 10 кила! Ама тешко...сега јадам ко свиња, пошто сум пред меструација иначе едвај ручам! Слаба сум, имам само 52kg, а висока сум 175cm... А имунитетот, да не се заречам, ми е супер! Незнам, можда со тек на време (читај стареење ) ќе се здебелам, се тешам со тоа што и мајка ми била дури послаба од мене, на мои години, па сега си е таман онака полничка, со атрибути о се’ !
^^ Срекицка не можеш одеднаш да почнеш да јадеш повеќе, знам кој ти е проблемот, сум го имала За да имаш добар имунитет не мора да значи дека не треба да си слаба. Јас сум слаба и фала богу многу ретко се разболувам. За да почнеш повеќе да јадеш, зголемувај го количеството на храна секој ден по многу малку. Ден по ден ќе почнеш да јадеш повеќе, знам од искуство. Секој може да најде место да изеде едно овошје Направи си го забавно Исечкај два-три вида овошје(може и повеќе, препорачливо е да во различни бои), прели го со свежо цеден сок од лимон и една лажица мед.На врв стави сецкано јаткесто овошје!Ќе изгледа толку добро што ке го изедеш сигурно! Со оваа овошна салата не само шо ќе внесеш многу витамини и антиоксиданси во организмот,туку и ке си го зајакнеш имунитетот. Овошјето, зеленчукот,медот нека ти бидат секојдневие. Нема да ти ги покачат килограмите ама ке ти го зајакнат имунитетот, а и не бараат нешто многу апетит за да ги изедеш