Јас најдобро разбирам како ви е бидејќи го имам истиот проблем, знам како е да гледаш сите згодни цури а ти скелет...се нервирав и сеуште се ечкам од земја поради ова. И никој неможе да ме разубеди дека со грицки, тестенини и благо ке се поправам! Не дека јас јадам многу, неможам да гнетам како свиња и точка. Сум пиела и б-комплекс, пивски квасец(од сите можни фирми), дуовит, синастол и што ли уште не...и нема фајде од ништо...единствена утеха ми е помислата дека кога ке останам бремена тогаш ќе се поправам! мхм...
Еве девојки најдов нешто за дебелеење http://kajgana.com/zdravje/dieta-za-dob ... kilce-plus Треба и ние да си направиме тема како форумџикиве што сакаат да ослабат, само ние морална поддршка за дебелеење.
Е и јас си имам проблем со поправањето. Не дека сум нешто претерано слаба, се подздебелив, ама пред некој месец бев кожа и коски. И си јадев се што ќе стигнам. И сега малку се подздебелив, но сакам да додадам уште некое килце. Е сега, што не се хранам здраво, тоа е друго. Мрсно, посно, се си јадам. И овошје јадам...зеленчук... Но, ќе се обидам со ова на кајгана. Се надевам на ефект. БАРЕМ УШТЕ 2-3кг
Спојлер Тоа салце ќе ти биде кај стомак, ќе оди се во спојлери, а верувај не сакаш да си во раце и нозе слаба а да имаш стомак и да ти виси салце од страната. Најважно е вежбањето за калориите да бидат правилно распоредени и да не излезе целулит. Јас овој период ич немам апетит, само спијам и јадам еднаш дневно. А имам приметено ако јадам веднаш кога ќе станам тогаш цел ден јадам повеќе. Спојлер * Само што ја отворив темата и почнав да ги читам мислењата веднаш си ја зедов чинијата да го дојадам јадењето кое бев го оставила.
Девојки, не прочитав баш се’ во темава. Сте пробале со протеин??? Но , секако со конзумација на протеин треба многу физичка активност, бидејќи ако не сте физички активни вишок материи одат во црниот дроб и го оштетуваат. Протеин и вежбање и јас мислам дека ќе има резултати
КОлку долго време ме мачеше овој проблем. Сега е добро, пијам редовно пивски квасец, по 10 таблетки на ден и гледам никако да не скокнам некој од трите оброка. Секако за да не добијам само сало, пошто гледам да јадам помрсничка храна, обавезно идам на трчање и чат-пат подвежбувам аеробик, колку да не бидам без ич де нели Сега за сега се поправив само 3 кила, али за мене е супер, пошто мрднав од мртва точка и тоа ме радува.
Нема да бидеш набилдана. Ќе имаш атлетско тело со мускули Треба билдање и билдање за да станеш како вратар хахаха Сериозно, ова со протеинов го кажувам зашто пиеше една познаничка и навистина колку-толку се поправи (5-6 кг)
За физички активни се зема 3 пати по 5 таблети дневно, а за неактивни 3 пати по 2 таблети (така пишува на упатството). Само за жал мене не ми помогнаа.
ааа ако иде во стомак се ондак боље вака да си останам иначе тоа сакам ја во раце и во нозе да се здебелам ќе пробам со ова од кајгана па ако биде нешто океј ако не пак океј...
значи истиот проблем и кај мене бев во продавница, купив се од тоа што беше наведено во диетата од кајгана а и плус http://glamstik.mk/questions/dieti/diet ... ene-11938/ овде прочитав дека многу помагаат витамините олиговит така да си зедов и такви, организмот ми е таков што многу брзо ми реагира (брзо слабеам а и брзо се дебелеам) така да here we go да се надеваме дека ќе има резултати...ви посакувам среќа и напредок на сите
Јас решив само на диетава да се придржавам без никакви апчиња, пошо се имам испробано и ништо не ме дебелее. Па ќе видиме дали ќе не биде или не.
јас све наеднаш...хаха до сега имам пробано само со таблети со матичен млеч или нешто слично беја, првиот пат кога ги пиев се здебелив од ко ги испив ама пак ослабев, вториот пат ништоо, ни грам ајде да видиме сега, стискам палци
Ќе ја пробам диетава спомната погоре на статијата од Кајгана, меѓутоа ме интересира со што да ги заменам 3те јајца, бидејќи воопшто не јадам такви работи !?
Радувај се со си слаба..со тек на времето ке се здебелиш..... со годините....јас мислам дека поубаво е да си слаб од колку да се пазиш што да носиш и се останато.... а за апетитот не знам што да кажам....со тоа сум немала проблем...
Јас бев многу слаба но пред месец ипол почнав да си јадам по 4 пати на ден и качив 3-4 кила Многу ми беше на почеток неможев да јадаам толку но со тек на време се навикнав.
А колку калории дневно му се потребни на организмот? И каде да најдам кој продукт колку калории содржи - ќе си ги бројам, морам да качам некое кило плус.