sakas da kacis nekoe kilo a brosi kalorii ? hhhh ajde probaj 2 3 dena so sila butaj ogromna kolicina slatko mesaj ili neso teska hrana ili neso taka da viidis posle kako sam organizmot ke ti bara ali znaci stvarno d ajades kolicinski mnogu
Не, не, не се разбравме убаво. Сакам да знам колку калории дневно му се потребни на организмот, за да внесувам повеќе од потребното, па ваљда така ќе има некаков резултат. Тоа ми беше муабетот - да си сметам колку калории имам внесено и да додавам уште. Инаку околу тоа да јадам многу слатка и тешка храна ме фаќа страв - пред месец дена пробав вака и не добив ништо друго освен целулит и стрии, така да, го менувам овој метод на поправање, а признавам дека е најлесен.
Јадете повеќе леб и ке се поправите, со секое јадење бутај леб и ке видиш резултати. И јајцата и газираните сокови поправаат ама лебот и тестенините се број 1
Ако сакате да си качете некое килце повеќе ќе јадете повеќе благо, на пример ресани ( денеска барем 20-тина ресани) или некое благо, повеќе чоколатца или во денот да не сте без едно чоколадо Сепак подобро е ресани, само во една ресана има 50-тина калории, па така 50 *20 ресани= 1000 калории Освен благото може и повеќе леб, со секое јадење барем две лепчиња. Ако јадете 3 пати * 2 лепчиња=6 лепчиња, значи некаде околу 700 калории Тестенини, во 100 грама тестенини има околу 500-600 калории Значи јадете поредовно шпагети, макарони, тарана, јуфки, мммм Како податок можам да ви наведам и да си јадете некои грицки, семки од тиква, сончоглед, чипс, смоки, или компири пржени, месо пржено исто така. И на крајот од јадењето може да се почестете со 2 карамели ( 2 карамели = 200 калории , ) Зависи од кои но сепак тука некаде се , баш пред 2-3 дена пресметував
Кога викате сакам да се поправам мислите да качите салце или мускул пошто има разлика во храната. Од ова што прочитав ќе си качите салце .
help Висока сум 175 а тешка сум 54кг и многуу сум слаба.. како да се здебелам.. јадам многу а не ми се познава.
Aрно пишуваше на кајгана. Принципот е ист како и кај диетите за ослабнување само треба да се јаде количински повеќе. Ако земеш секој ден чоколада, тостови, хамбургери, пржени компири не ти бегаат сало, целулит и стрии.
Има право иксмен, еве најдов една страна што се надевам дека ќе помогне http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn=fit_articles_sub&cn=211980&c=10572
Па да ти кажам за нас слабите не е на одмет и малце салце да се стави. Вака сум сучка. Мора да се здебелам, вака више не иде.
Секое сабајле во 1 шоља за млеко ќе сипете млеко, 2 лаж мед и 1 јајце. Ке промешате и ќе испиете. После пола сат доручек. Не изоставајте го ручекот и вечерата. И така цел месец и ќе видите резултати. Комбинирајте и физичка активност, во најмала рака пешачење за да не се изненадите од масните наслаги. Среќно!
Летово ждерев се што ќе ми се најде под рака и си добив стрии, ма какви стрии - стриишта бели, ужасни под задникот и сега се туфкам како да почнам да вежбам, да ги намалам барем некако. Како можам да качам мускулна маса, само со вежбање или ? И дали би било штетно да почнам да пијам протеини или ич да не помислувам на таа опција ?
Абе што зборуваш?! Како може во 20 ресани да има 1000 калории? Нема никаква смисла. 20 ресани се 150 грама, а во 150 грама сончоглед нема 1000 калории, не пак во сончоглед. Ниту пак во 6 парчиња леб има 700 калории, а најмалку во 100 грама тестенини има 500 калории-во никој случај! На секој производ има напишано во 100 грама колку калории содржи, таквото броење е најсигурно. За мала помош, еве ви една табела: http://www.building-body.com/tablicni-p ... hrane.html
За ресаниве толку е . Една ресана има околу 47 калории. 100 грама ресана има околу 350 калории, а 120 грама ресана се 9 до 12 ресани ( зависи дали од свислион или од други). Пред цел месец ни јас не верував, ама види ги нутриционистичките податоци на ресана ќе видиш Вики дека толку е некаде , околu 50 калории е една ресана, а во 120 грама има 9 до 12 СИГУРНО, 20 ресани малку се за 150 грама. Овие што јас ги купувам имаат по 9 и се 120 грама. Во 100 грама леб од пченично брашно има околу 350 калории, а еден леб има 500-550 грама( и тоа зависи кој го произведува), 100 грама леб би требало да се околу три парчиња некаде, мислам на лепчиња од средината на лебот. Секако дека ќошињата немаат 100 грама. А за тестениниве фала што ме поправи, 355 калории има на 100 грама макарони, шпагети сигурно, а тука некаде се и јуфките Јас се збунав на 500 калории, бидејќи толку им е грамажата обично. А баш сабајлево слушав дека шпагетите и макароните биле добра храна за спортистите, и не дебелееле , макар имаат доста калории, чудно ми е некако. А и можеби е точно, не сум сигурна. Ги напишав дека се доста калорични. Спојлер За ресаната види кога ќе купиш нареден пат, ќе видиш дека толку се, две парчиња се околку 100 калории, баш го пресметував тоа пред месец дена бидејќи и самата не верував. 100 грама ресана- околу 350 калории ( 355 да не беа мислам ) 120 грама ресана- 9 ПАРЧИЊА 100 грама ресана- 7.5 парчиња 100 *9=900 900/120=7.5 парчиња 350 калории имаат 7.5 парчиња 1 парче ресана е 46.66 калории И така 20 ресани имаат 933.33 калории
Сакам да се здебелам Гледам по форумов нема нигде ваква тема!! А мене мн ми е потребна вакваа!! Девојки ве моламм помогнете мии знам дека е цудноо ама саакамм да се здебелам!! Многу сум слабаа!! Некој совет рецепт??
леле блазе си ти, па тоа е многу лесно, секој ден четвртина бурек можеш и по неколку пати во денот, мајонезот дебелее, зимски салами чајни, кулени, пршута, пица, хамбургер, фала богу имаш избор, помфрит на путер итн. камо среќа мене да ми е потребно уфф нон стоп би јадела,
Многу ме иритираат вакви постови. Ма едноставно ми го накострешуваат секое влакненце на моето тело. Можеме да јадеме се' и сешто, колку пати сакаме на ден - четврт бурек, свинско, пршути, мршути, пици, тостови... како да не! Пред сe' , не би сакала да се здобијам со куп масни наслаги (а верувам и повеќето девојки кои побарале совет во темава), целулит и стрии - порадо би останала ваква сламка него ли да станам таква тота. Извинете, ама едноставно морав да го напишам ова. Не е толку лесно дебелеењето како што изгледа, си знаеме убаво ние кои патиме, а оние од страна кои не не' разбираат можат да ни даваат коментари од дотичниот тип - слаибчка си, можеш се' да си јадеш - да, како не. Иако не се фаќа јадењето , масните наслаги и те како се лепат! Ако имате некој подобар совет, споделете, а вака безвеза ве молам - поштедете не', и онака ни е доволно тешко, не отежнувајте со ваквите коментари. Благодарам, се надевам нема да бидам погрешно сфатена.
Со правилна исхрана богата со протеини и малку масти. Сакате да ставите мускул а не салце. Мускул се става нешто потешко така да не барајте брзи и инстант резултати така само салце се става, брзо и ефикасно а после тешко се симнува . Треба да имате поголем внес на калории отколку трошите во текот на денот за да имате доволно да оди во изградба на нови мускулни влакна. Има типови кои тешко качуваат мускулна маса и може да треба и цела година редовен тренинг да се навикне организмот на сменетиот режим на живот и да се добијат тие мускули кои се посакуваат. Фитнес (главен акцент)-дигање на мускули, склекови, чучњеви, вежби со тегчиња итн. плус аеробна активност би била супер комбинација. Мајонези, пржени и масни храни, маргарин, помфрит и соја јас во секој случај би избегавал. Знаете што е претежно здраво и тоа јадете го. Кога ќе се стави саканата мускулна маса многу лесно се става и еден контролиран слој салце по цело тело што кај жените е и како еден вид заштита така да некој погоре напиша малку салце е корисно кај женско, точно е тоа ама треба да биде равномерно распределно насекаде а не само на одредени (критични) делови .
За стриите што да ти кажам, можеш да пробаш со некои кремови, ама колку што знам јас т.е. така учев дека тоа се трајни лузни кои може само да се ублажат, а да ти ги нема целосно не може. За протеини исто не би ти препорачала, другар ми пиеше и потоа имаше страшни здравствени проблеми.. Јади протеинска храна ама на природна база.. Многу пилешко, јајца поредовно и како што имам пишано на претходните страни мене ми успеа да качам 2-3 кила со милкшејк од банана и мед и една топка сладолед ако имаш дома, колку ете за плус калории, ма да не е морално.. Ехх, маки.
E, маки наши поправачки. Фала ти во секој случај Менди, ќе пробам со милкшејкот, барем има нешто овошје, млеко - што значи здраво е, инаку еве советче од диеталка - нели тие ја избегнуваат бананата, така да повеќе банани не би биле на одмет, може ќе придонесат за некое грамче повеќе, пошто знам дека нам и грамите ни се битни, кога веќе лесно не се качуваат килограмите. П.С. - лузните од стриите ги ублажив некако со секојдневно мачкање на павловиќева маст на критичните места.