Јас и Батерфлај ко инспекција за овие диетиве сме - чувај боже од нас две! Само посматраме и коментираме - чини, не чини ... Ама навистина, ако немате нешто паметно и корисно да кажете - НЕ ПИШУВАЈТЕ бре луѓе, што ќе ви значи плус или минус едно мислење !? Да помисли човек дека едно 70% овде пишале колку да накачат на мислењата... стварно не знам веќе што да помислам - секој 4 пост - јади пред спиење, јади чоколадо, свински бут, пача, чорба од цревца - едноставно нема смисла, а некој/а овие постови може да ги сфати и како навреда - чувај боже! Кој што сака нека си помисли, ама стварно забегувате од темата - па побогу, не сакаме да станеме расни прасенца товајќи се со тон чоколади, мрснотии и глупости - ако не ви текнува нешто корисно и здраво, пак ќе кажам не пишувајте - барем ќе ни ја скратите нервозата. Секоја чест на исклучоците, а јас се надевам дека нема да бидам погрешно сфатена! Поздравчуленчишта & ноу хард филингз.
До сега си немав некој комплекс ама сега ми се ствара сакам за накачам само 4 кг. ништо повеќе ама не можам не оди јадам многу ми рекоа пивски квасец глупости живи се отрув од пиење ништо пробав со пилатес се стегнав брат ништо од дебелеењето јадев благо и мрсно салце си качив и јас целата слаба уште то ми фалеше едвај го спуштив и сега ми преостанува да си го засакам телото какво што ми е и да не се нериварм.
ич, ете сеа знаеш колку. сите сакате да се поправите ама без да јадете и се ослонувате на некакви си препарати, апчиња итн, ако сакаш да се поправиш прочитај што сум пишал неколку постови погоре
CIA не можеш да се здебелиш од пивскиот квасец Toa се само витамини од Б-групата. Тоа се хидросолубилни витамини кои учевствуваат во многу биохемиски реакции во организмот, а некои од нив се прекурсори за синтеза на протеини. А протеините се градбени молекули во организмот, значи секоја клетка, орган и ткиво се изградени од протеини. Значи пивскиот квасец може да ти помоне да имаш поздрава коса, кожа, нокти..
Ние си имаме серозен проблем, а очигледно некој се зафркава со нас. Инаку ЦИА на некои пивскиот квасец многу им го отвара апетитот, а тоа што е здрав е плус. Кај мене немаше никакви подобрувања, ама пробај твојот организам е друг, може ќе се фати нешто. А вака, не би можеле да ти кажеме колку би се здебелила. Зависи од организмот.
@Srekicka негледам кој тука се зафркава со вас, читам само реални совети доколку сакате со препарати да се поправите, можам такво нешто да ви препорачам има разно разни протеини кои според некои мож и на мали деца да се даваат како додаток во исхраната а според некои демек тие се штетни и го сметаат протеинот за хемија, па сеа вие како сакате
пивскиот квасец за дебелеење нема ич да ти помогне зато што 2 кутивчиња имам испиено и резултатот 0 и за јадење никој не јаде колку мене и си имам брз метаболизам спортувам и можеби затоа не можам да се здебелам а искрено не барам многу пишам и погоре 3-4 кг ако има некој нешто поефикасно нека пише
Јас имам една другарка, абе што се не проба девојчето, пак коска и кожа. Се мачи навистина. Али почна теретана, почна вежби, и дадоа режим.. и ете ја гледам си стави мускули, си се поправи така .. сега е да кажам ЗГОДНА Незнам за пивски квасец колку помага, мислам она и тоа проба, абер немаше.
Не може нејзиниот организам да биде еден, а твојот или мојот друг Секој организам е ист, ма мајка му стара сите имаме желудник, мускули, коски изградени од иста материја! Тоа што е различно е "брзината '' на организмот, а тоа зависи од различната физичка активност! Значи има варијации на ензими кај различни раси, пол, подрачја на живеење, ама СЕКОЈ ЧОВЕК ИМА ИДЕНТИЧЕН ОРГАНИЗАМ! Пивскиот квасец обично го препоравуваат како додаток во исхраната а не како начин на исхрана. Како што кажав погоре може да помогне во брзина на биохемиски реакции (затоа зголемува апетит), градење на протеини кои се составен дел на секој дел од телото! Тоа не е храна за дебелеење, туку за подобрување на метаболизам.
Мислев на коментарите од типот...јади месо, јади гиро, благо особено пред да легнеш, дојди кај мене јас ќе те поправам, пиј кока кола и да не ги набројувам сите. БелаДона ок, не се напињај толку те сфативме, јас на друго мислев. На мајката на другарка ми и го препорачаа, затоа што имала проблеми со кожата и се напрај дупла од тоа што беше. Никој не рече пивскиот квасец да биде начин на исхрана, реков да го проба затоа што го зголемува апетитот.
Прочитав што си напишал и да знаеш дека јадам многу повеќе од колку што изгледам...ама изгледа оти јас сум на тато и ништо не ми се фаќа.( мислам не ми смета ама добро би ми дошле уште 3-4 кила плус )
Јас во последно време многу ослабев, бев 55 кила а сега сум само 50, а висока сум 1.70. Инаку јадам нормално, апетитот ми е супер, дури и касно навечер си јадам, и благо, и мрсна храна, значи отсекогаш сум јадела така а сум немала проблеми со прекумерна тежина. И порано ми се случувало вака да ослабам, ама не волку нагло. И сега ми е чудно, сакам да си ги вратам килограмите. Некој има ли некаква идеја од што може да ми е вака, и како да се поправам?
Абе луѓе, пивскиот квасец не делува кај секого исто. Кај некои отвара апетит, кај некои не. Немаме сите ист метаболизам.