Колку не си во право. Секој човек има иста градба на организмот, но не секој организам е ист, а тоа не е исто. Секој организам не исто поднесува иста храна, не може мојот и твојот организам да бидам ист во поглед на варењето на храната, ензимските реакции што се одвиваат во Гит, апсорпцијата и искористувањето на хранливите материи. Секој организам е сам за себе. После, никој не рекол дека пивскиот квасец е начин на исхрана, зошто спомнуваш кога воопшто не знаеш што значи начин на исхрана. Протеините имаат градивна улога, служат за надополнување на мускулна маса.
Леле како само ме надмудри! Секоја чест! Не планирам да ти објаснувам колку знам. Моето знаење е факултетски потковано, а тоа што ти го кажа истото, само на по(глуп)друг начин е друга работа. Очигледно нешто си прочитала за исхраната ама не си разбрала. Без разлика ова не е место да ми докажуваш колку си паметна, ти го видов паметот, докажи си самата на себе во текот на животот. Од горенапишаново точна ти е само последната реченица и тоа делумно. 1-
А јас немам намера тебе да ти докажувам колку и што знам. Ако твоето знаење е факултетски потковано, и моето е потковано. Во врска со протеините, реченицата ми е точна и јас знам за што служат протеините, зашто во овој момент за тоа и учам по броматологија. Јас не сум нешто прочитала за исхрана, јас читам скоро се’ што ќе најдам во некое списание или на интернет поврзано со исхраната, па затоа знам многу повеќе отколку што мислеш. Дека секој организам не е ист, не во морфолошка смисла, може секој повеќе начитан да ти каже. А, да, знам многу повеќе за 1-. Не, драга, ти кажа дека секој организам е ист, што не е точно, прочитај си одново што си напишала, па после ме цитирај
Божеее Дона дај поработи малце на твоето однесување, озбилно. Па зар вака се дискутира на форум? Овдека сите си помагаме една на друга, а не се надмудруваме. На никој не му е гајле дали ти си факултетски образована или не и тоа не значи дека многу знаеш во врска со исхраната. Со тоа ништо не ни докажуваш. И во ред е, те разбравме, ако не планираш да објаснуваш, слободно не ја отварај темева, можеме и без твоите совети кои притоа не се ни точни.
Од утре почнувам под итна постапка да пијам нови витамини. Како капсули се, германски, а немам поима за што се, само знам дека го зајакнувале имунитетот. Ќе пробам да го преведам она од етикетата и се молам да помагаат во отварање апетит бидејќи вака веќе не оди - 4 кила за 2 месеци, ма бетер од турбо шланк сум, пак ќе станам исушена, т.е. станав!
можеш да но незаборавај дека протеинот е додаток во исхраната така да мораш и да јадеш не само на нив да се ослониш имај го ова на ум дека со поскап протеин (некаде околу 2500ден) качуваш чиста мускулна маса а со поефтин ке качиш и салце зашо мислам дека содржи повеќе шеќери итн
Прости ми ако грешам, ама најверојатно баш моментално учиш броматологија кај Јуци во медицинско. И СИГУРНО знаеш повеќе од некој што учи општа гимназија, тоа си е нормално. И јас мислев дека знам многу тогаш, посебно Јуци кога ни даде едни копии куцани на машина за протеини како екстра материјал Арно ама кога ке почнеш баш да полагаш предмети како Физиологија, Општа биохемија, Клиничка Биохемија, Храна и исхрана и Познавање на прехрамбени производи, и кога ке дојде некојаси старбакс да ти кажува "колку не си во право" и како ти не "ни знаеш што е начин на исхрана", ке се фатиш за глава Јас не сакам повеќе да се расправам на оваа тема, не знам зошто не ме сфати и што има тука за контрање, организмов па организмов. Јас мислев на една работа (физиолошки и морфолошки) дека секој организам е идентичен, а ти нешто спомна за поднесување на храна. Нема веза не сакам да навлегувам повеќе, нема да ја отварам темава, можеш да напишеш што сакаш. Сигурно не сум ретардирана и да отварам теми и да кажувам нешто за исхраната ако неам појма во таа област. Поз
Секое утро во една чаша млеко измешај едно живо јајце со 2 лаж мед.Ем ќе си го подигнеш имунитетот ем апетитче на место
Има резултати од Б-витамините, пак си се вратив на нив - стара љубав, шта чеш. А за тоа да мешам јајце во млекото малце ми е крипи, дека не јадам јајца (не ги поднесувам, а знаат да ми извадат и алергии), а се приметува (на вкус) во таквото млеко дека има јајце или?
Јас се откажувам. Не иде и не иде. Со милкшејк додека го пиев се поправив малце да, ама па ми се згади бе, не можам да пијам континуирано. Јадам најмногу од сите околу мене, и пак сум најслаба, а они си стагнираат со тежината, никакви промени не им се случуваат. Ќе пробам да дигнам раце, да не мислам на тоа дека сакам да се поправам, па може така ќе ми успее.
Треба да почнеш да јадеш секој ден во исто време... пример 12:00 - 16:00 - 20:00 и да го повторуваш ова секој ден...подолг период не 1 недела Храната нека ти биде високо калорична – 100 г сиров ориз содржи 380 kcal. 100 г сиров спанаќ содржи само 25 калории. Тестенини – 100 г тестенини што содржат 380 kcal се полесни за конзумирање отколку 100 г ориз. Јадете бели тестенини. Јади лешници, бадеми, ореви бидејќи овие производи содржат по 500 kcal/100 г, 50% здрави масти и 25% протеини. Кревај тегови – почнете со помала тежина на тегови и фокусирајте се на техниката (немора вистински тегови, можеш да си импровизираш со нешто) Внесувај протеини: Црвено месо – јадете стек, месо од елен и телешко месо. Домашна живина – пилешки гради, мисирикино месо, шатки и сл. Риба – туна, лосос, сардина. Млечни производи – млеко, сирење, јогурт и сл. Не е така лесно да се крене правилна тежина, можеш и со фаст фуд за брзо време да кренеш килажа ама рачунај дека сето тоа ќе ти се претопи во маснотии односно нешто што вие девојќите го мразите ептен многу а тоа е целулитот. Нема никаде да стигнеш со милкшејк
Секако дека не ми се сведуваше само на милкшејк. Имам пишано и неколку страни поназад, јадам редовно, баш се што си пишал, тоа милкшејкот беше само додаток, кој ете ми помогна малце. И имам пробано апсолутно се, ама џабе...
се во ред, туку ова со месото од елен, јас животните ги сакам со сето срце и да ти кажам право иако сум како скелет, да умрам за јадење, месо од елен не јадам.
Па и јас имав таков проблем, неможев да се здебелам , бев како сува прачка , а бе нервози, па ме советуваа да јадам обилни оброци на секои два часа. Така првите четири дена направив, само ми беше тешко, киселини, мачнотии, ќе пукнев ( јадев само двапати дневно по три-четири залаци колку да преживеам , а благичко не можев да поднесам) ама се само да се здебелам Си продолжив, и незнам што ми стана, помини замини околу фрижидерот, па полека и благичко, па ова па она и ете така си се здебелив па сега си туфкам ништо не ме собира п.с. Пиев и В-комплекс 2х1, каков апетит бре бре, а сега дајте нешто за слабеење
Тој што лови елени . За срнечко месо сум видела по мениа во некои ресторани/кафани. Иако сум од тип кој сака се да проба ама од сугестија не би пробала - ќе ме убие совеста (исто како за жабји батаци ). Овие меса малку ми противречат со протеинската диета која се сведува на месо а има одлични резултати. Да пишеше свинско месо кое е помрсно ќе разберев. Значи, од утре секој свинско ребро да јаде