вака срцка Јади млеко со бисквите за вечера па ако треба и 3 чинии јади леб јади благо пиј сокови со шеќер јади бонбони со шеќер пиво пиј пивски квасец и ЈАДИ КОЛИЧНСКИ И ПОЧЕСТО
zdravo devojki jas mnogu sakam da se popravam ve molam kazetemi konkretni tableti za debeelenje ili pak nekoj rezim na ishrana. Sakam do letoto sto e mozno pobrgu da kacam edno 8kg. VE MOLAM ZA POMOS
Не ми е јасно зашто насекаде има диети за слабеење, а скоро нигде нема за дебелеење Ми требаат 10 кила луѓе, 10 кила за да бидам нормална! Сегде совети само јади повеќе, добро жено јадам повеќе али пак ништо! Кој има диета за дебелеење нека ми ја дава одма, барем до лето да се здебелам 10 кила!
и јас сакам да се здебелааааам па срамота е имам 45кг сакам барем уште 10 да качам ама неможам едноставно таков ми е организмот јадам како стока бутам цело време мешам благо солено кислео ма сеее ама ете неможам јадам по 4 5 некогаш и по 6 пати на ден и пак нема покачување пиев и пивски квасец и од тоа фајде нема и оние рибини зрнца или како и да се викааат и пак ништо
Исто. Што метаболизам имаме бре Не, мора некое чаре да се најде, не се издржува више вака јас кога пиев пивски квасец наеднаш се здебелив 2 кила али за пола месец ги снема (или па вагата зае*авала ) И само косата ми стана сјајна, друго ништо
Женски,замислете - се поправив дури кило и пол. За мене тоа е премија, их. А како? Пред да ми дојде ми е зголемен апетитот,а месецов ми каснеше дури 10 дена и се осеќав ко црна дупка - јадев,јадев, а никако не се најадував. Нон-стоп грицкав нешто. И плазма бисквити со млеко меѓу главните оброци,без промашај. Ју ху!
aко не се лажам рибините зрнца се рибино масло во вид на таблетки, а рибиното масло е диетално. околу темава јас мислам дека треба да јадете повеќе ова за тие што мислат дека ќе се здебелат од воздух. како две три од мој клас јадат интегрални на одмор или во краен случај форнети и такви потресени викаат јадам како ментална не се дебелам. пример стани јади, иди у школо земи си еден тост голем јади си, на мал одмор пак нешто, блашко, дома пак , вечер пак... јадете е да можамм хах
Затоа што сум многу слаба дадов се од себе да си најдам диета за дебелеење и успеав најдов и почнав да ја практикувам, мада мразам да пијам млеко али ако нешто се сака се може нели? така и јас првите два дена млекото го пиев со затнат нос тоа затоа што не ми мириса убаво али сеа се навикнав и си пијам... Еве ја диетата за здебелување па девојки пробајте Диета за поправање Појадок – 100г овес, 50г суво грозје, 1 црпалка сурутка Ужина – 100г мешани јаткасти плодови или 1 л млеко или сендвич од туна Ручек – 200г бели тестенини, болоњезе сос, сирење пармезан Ужина – 100г мешани јаткасти плодови или 1 л млеко или туна сендвич Пијалок после работа – 1,5 црпалка сурутка, 60г овес, млеко, банана Вечера – 200г бели тестенини, болоњезе сос, сирење пармезан Пред легнување – сирење, јагоди, ленено семе, маслиново ПА СРЕЌНО
Јас послените неколку месеци се поправив 3кг. Пиев повеќе Кока Кола, секој понеделник јадев и уште јадам хот дог и благо на училиште. Сега сакам уште две да се поправам за матура. Не верувам дека ќе успеам зошто многу тешко да се поправам, затоа за слабеење махер сум една недела да сум под стрес или нервоза одма кило симнувам
Уфф и јас ист проблем не дека ми е некој комплекс ама си сакам уште некој 5-7 кг. за јадење си имам апетит многу ама под стрес сум и нервозна малце ... Некоја помош ? секогаш 52 кг бев а сум 172цм а сега видов 50 ми се имам симнато
Јас сега почнав да пијам едни апчиња се викаат ЕКОМЕР, пишува дека се во Шведска произведени... секоја капсула содржи масло од црн дроб на ајкула и алкиглицероли. Исто така и протеини, масти и јаглени хидрати. Околу 700-750 ден се.
пивски квасец ви е проверено ја за 2 месеци качив 7 кила и поише а кока кола и брза храна секој ден никако
Ќе почнам да го пијам пивскиот квасец. Всушност, имам ненормално голем апетит, веројатно од хеликобактер, ама никако не можам да се поправам ниту барем едно кило. И јас сакам сега за матурата да покачам малку, ама кога не бива. Сендвичи многу ретко јадам, кока кола и слични газирани напитоци скоро ич, само чипсови, смоки, такви работи на школо секој ден јадам. Навечер не можам да си легнам да заспијам, ако пред тоа не се најадам саглам. Да беше некој друг на мое место, до сега ќе беше 60 кг. а не 42-3 како мене.
Е па ако сакате да качите килажа ќе си израчунате колку калории дневно треба да внесувате и тоа ќе го направите.Не е важно колку храна ќе внесете,туку колку калории.Може вие да јадете доста количински,но да е тоа нискокалорична храна,затоа зголемете внес на калории дневно и практикувајте го тоа некој период и мора да има резултати
и јас сум исто..не дека сум многу слаба или пак не јадам...уууу колку јадам помини замини само јадам али нервоза пуста многу ме слабе ..... а како да не се нервирам со овие луге денс сто не разбират,сто се мешат секаде,сто не си зивеат за нив..... пу бре