Леле луѓе јас имам 40 кила Морам да се поправам Како што прочитав овде и по други форуми треба да јадам повеќе и тоа да биде подоцна на вечер затоа што тогаш слабеел менаболизмот или што и да е тоа Точно е? Ке пробам! Сакам да заличам на човек до в лето! Има уште околу 2 масеци па...има шанси да накачам некое килце до тогаш?
^Имаш. Ајде заедно да се здебелиме! Ни ја не личам на човек, ајде до лето барем до 45 да дојдеме, м? Што викаш? Само некој истреска на минатата страна една глупост да сме јаделе брза храна и кокакола. Недај боже! После лицето цело со бубулици, ма не само лицето Туку јас сега ќе прочитам ова што имало во весник. Од денес ветувам дека до лето 45-50 кила морам да стигнам! Едит: Само што прочитав дека не треба навечер многу да се јаде!
Можи ќе се здебелиш ама на многу нездрав начин, ако го применуваш ова. А за тој пивскиот квасец ми велеја дека му настанале проблеми после со апетитот не можеле да го контролираат Па, не си експериментирам и неќам да ризикувам после да не се напрам огромна некоја Јас имам 47 кила и би сакала да се подздебелам уште малку. Сега пролетта ми е идеално време за физичка активност и спортување, па веќе почнав да се качвам на планина, да возам со точак, да пешачам. Почнав и да јадам поздрава храна овошје и зеленчук. Зголемен ми е апетитот, а и поќе вода пијам. Да се надеваме дека ќе качам некое килце до летото
Deal! До на лето стигнуваме до (најмалку) 47 (нели е на средина помеѓу 45 и 50 ) Одам јас на јадење уште сега..Ке пресечам едно 5-6 парчиња леб (таман и домашен имаме ) ке испржам јајциња и ГНЕТИИИ!!! Се надевам готвењево ке заврши без никакви мали или големи пожарчиња в кујна
доручкувај во мек доналдс, ручај во седмица, за вечера нарачај си капричиоза голема и така секој ден плус 2 ужинки:Стоби флипс од големите. -Ако сеуште си слаб/а оди на лекар.
Justice мислам дека треба да се направи некој распоред на исхрана нема фајда од тоа ако сеа се прејадеш. Треба 5 пати на ден да јадеш, организмот треба постојано да вари храна Lady97 тоа не е начин да се здебелиме, преку здрава исхрана треба да се здебелиме, а не преку нездрава храна, и доктори ми имаат речено да заборавам брза храна и мек доналс
Баш ти фала за исцрпната диета, само таква ни фалеше! Стварно веќе станав ко горенаведеното смајли - автоматски вртам очи кога ќе наидам на вакво просветление грешним и ми доаѓа да си акнам две-три вАспитни и да се преиспитам каде и до кога вака!? Секоја чест на исклучоците кои навеле нешто корисно низ странициве, а за оние другите - Ајде и јас сум за да си бидеме морална поддршка, баш како девојките кои држат диети и се бодрат низ темите, ние да си се бодриме овде кога веќе нема друго чаре, може масими системот ќе помогне. И сакам да почнам да бројам калории. Потенцирам - не ми требаат како за кај диеталките кои бројат со намера да не внесат повеќе од дозволеното, ами сакам да знам колку калории треба да се внесат дневно, па да си калкулирам што сè треба да изедам за да го надминам бројот на калориите кои ми се потребни за еден ден. И не би било лошо да најдеме некое списокче кој производ колку калории има, м? Мислам дека ќе ни биде од корист.
ох бре боже, мислиш дека не јадам 5 пати на ден? нон стоп си јадам нешто... сигурно нешто не е во ред со мене. Правев детална крвна слика и се е во ред шеќер,холестерол,и тие другите таму работи. Викам да не е од што не внесувам течности? на ден најмногу по 2 чаши вода пијам И што е најжално НЕМАМ брз метаболизам?! Ќе се самоутепам. Мора да сум болна од нешто.
Вежбајте за зголемување на мускулна маса. Ние ко девојчиња и не сме баш склони на мускули, ама колку толку да се потполните со нешто Никако кардио вежби, само вежби со тежини. И внесување на здрави калории над пропишаната денвна количнина. Мене ова ми е многу тешко и скоро невозможно, многу храна е тоа, неможам да стигнам да внесам толку храна, почува да ми се лоши од прејаденост. Еве на пример да речеме дека треба дневно да внесете над 1500 калори (но не од брза и нездрава храна) - зелка 1кг - 230 калории - марула 1кг - 150 калории - праски 1кг - 380 калории - лубеница 1кг - 150 калории ....и остануваат 700 калори во кои спаѓаат доручек, ручек и вечера, еве по 200 нека има секој оброк е ај иди изеди 3 оброци и плус 4кг овошје/зеленчук на ден Мене ми е ова ко невозможна мисија. Ваљда, по логика, треба да ги пронајдете здравите продукти кои содржат најмногу калории, и да се ориентирате кон нив. Еве горе што ги пишав очигледно е дека праските имаат 3 пати повеќе калории од лубеницата на исто количество.
Ма каков распоред, гнети што ке ти падне в рака (не е бито дали тоа се јаде или не ) Епа јас да си кажам, вчеравечер се прејадов, а од утрово до сега сум јадена 3 пати (доручек, ужинка и уште една ужинка ) Се надевам ке продолжам вака па ке има резултати И на сите кои се обидувате да се поправите ви посакувам среќа и многу јадете
I mene mi kazaja deka Pivski kvasec pomaga.Jas pocnav da gi pijam sega pred tri dena.Ama kazete mi dali treba da ocekuvam da mi se jade poveke ili sto? Vi blagodaram odnapred.
На темава знам напнав ама мора да има некое решение денес еден другар и вика ам ти што не си стајш некое кило више дотстае со диетиве му викам кои диет алоо јас пукнав за кило више и да лошо ми е затоа што висока сум 172 цм а 52кг имам и немам мрднато 2 години ич си останав вака барем 57 да ги имав више не барам и не мислиме за сало со кока кола сенвичи мислиме некое кг више ама протеински xD
И јас го имам овај проблем, па гуглав нешто и најдов нешто што мислам дека ќе биде од помош, на англиски е ама мислам дека нема да биде проблем тоа. http://www.streetarticles.com/build-mus ... inny-girls
Јас мислам дека пивскиот квасец воопшто не помага, јас го користев и воопшто не дојде до никаква промена, ни поголем апетит ни ништо, освен што ти ги заврстува ноктите. Поздрав.
Од пивскиот квасец дури може и повлакнеста да станеш јас цел живот држев 45кг и не мрдав без разлика што да јадев. Но пред 2год се вработив, се будев рано (пред тоа у 1 станував) денот ми беше подолг и повеќе пати јадев. Насабајле во 8 обавезно јадев нешто, во 12 пак, па во 4 и скоро секоја вечер си правевме тестенини со брат ми (знам дека не е убаво толку доцна да се јаде, ама ние и у 10 си ги праевме макарончињата). Во истото време почнав да пијам и центрум така да, незнам дали измената во исхраната или центрумот помогнаа, но јас за неполна година имав 52кг. За жал поради одредени проблеми и нервози, сеа се вратив на 48, ама ќе се стабилизирам пак. Знам дека не изгледа убаво, ама најбитно е да сте здрави, тежината мање више. Рецепт за дебелеење некој конкретен, нема. На крај краева и генетиката си врши работа. Само внимавајте кога ќе се дебелеете, пошто на мене све ми отиде у стомак, а ноџињава уште ми се чечкалици
Ниту мене пивскиот квасец не ми помогна а го пиев долго време....имав зголемен апетит ама џабе во килажа не мрднав.
Ете, потполно се согласувам со тебе. Имав такво слично искуство минатото лето кога почнав да работам. Станував во 7, до 8 јадев нешто, во меѓувреме ждерев некои грицки и овоштија, понекогаш дури и во 11 чувствував повторно глад ко да не сум јадела воопшто. До 4 саат веќе имав 3 оброка. Да не зборам за навечер - ако излегував надвор некаде, обавезно купував нешто за јадење и се поправив некои си 4 кила и почнав да личам на нешто. Почна школово и си го стопив и она малку што го имав. Сега пак иста песна - поправи се некое кило, па пак слегни... Нема што немам пиено, де витамини обични, де додатоци во исхрана - кога не оди, не оди и нема тука што повеќе. Кај мене мање више и генетика е во прашање, ама од дрво да беше досега ќе станеше табла во бутовите, некој/а друг/а да беше на мое место. И неретко се прашувам дали до мене е проблемот што не можам едно смотано кило да качам и да се задржи таму. И кога малку ќе се поправам, само по стомачето ми се познава и по рацете горе. Ај раце и така сакав, сега барем ми личат на нешто, ама нозете исти ми остануваат и никако да ги поправам. Ко за греотка ми се такви, нит вежби помага нит бутур. Ќе морам да почнам да јадам по 5 оброка, а немам појма како и кога ќе го изведам сето тоа.