Јас иам напредок 50че си качив пак, денес се мерев и да, генетиката има голема улога. Баба ми беше цела слаба, само стомакот и беше поголем. Истата сум, истиот е татко ми, истиот е брат ми. Брат ми балон има напред а со нозете слободно можеш да исчеткаш заби и тој беше многу слаб, се здебели последниве неколку години. Можеби од помал стрес, зашто променивме околина на живеење, различни луѓе, сменивме исхрани и се, па ете ни тргна. Битно да сме здрави
Темава ми е демотивирачка, барем мене кога ќе ја видам ме потсетува на оние кои се мачат да симнат, а овде некои пак се мачат да качат. Како и да е, за да се поправи човек(освен хормонски пореметувања)или влијание на некои лекови веројатно треба да внесува многу повеќе калории отколку што ќе ги троши. Значи јадење повеќе и пиење. Уф не сакам да се поправам, доволно се поправив, среќно на сите кои сакате да се поправите.
феминкии утре планирам да ги купам тие таблети со пивски квасец, ова веќе не иде сучка се направив на човек више не личам па сакав да ве прашам колку пари се, колку да земам? Од аптека се купуваат така? Фала ви однапрет
да ги има во секоја аптека.ги даваат одвоено во едно како хартивче или што и да е има 50 апчиња и се околу 70 денари , повише од 100 денари не се
Јас имам 50 кила и сум висока 1.75!!!!Значи ми фалат многууууу,се сум пробала и пивски квасец и олиговит и Б комплекс и јајца од препелица и хормонски апчиња и рибино масло ама бас нисто не ми помогна,сега деновиве ке земам протеин и ке вежбам дома ке трчам по скали па да видам дали ке ми помогне.Иначе секој може да се поправи само со редовна исхрана и калорична ама јас имам проблем сто немам желба нисто да ставам во уста(((((((((Преку глава ми е више да слушам лелеееее девојчеее тебе ти даваат ли дома да јадеееш??? лелеле колку си ослабнала!!!! лелеле колку си слабичкааа,како такааа тоа е исто навредливо како на некоја дебела девојка да и речеш лелеее ама си дебелаааааааааа,салооо лелелелее како вакаа,леле тебе дома со трици да не те ранааат..... не е вкусно исто и слабите луѓе се многу навредливи на таа тема
јас во понеделник ќе одам да ја проверам тироидната жлезда мислам дека преку крв + ехо треба....од неа многу се слабеело...
Мислењево го пишав во темата фитнес но не добив одговор па го цитирав и тука..доколку некоја феминка знае..ве молам нека ми кажее Феминки ве молам за помош.. Вака во изминативе две недели од икс причини и депресивни некои ствари ослабанав дури 6 килограми, а имав 62 и вака сум слаба ама имав троа убавки и големи гради не претерано ама 85-90 не ми бегаше и сега откако ослабнав градиве ми ослабнаа пола.сучка се направив .. сакав да ве прашам дали ако се здебелам некако ќе ми се вратат градите или засекогаш ги изгубив..Фалаа
^ Само јадење му е мајката. И под тоа јадење, не мислам на постојано ждерење смоки, баклави, торти и чоколади, кикирики, бучкуруши, мрсни купечки месишта или хамбургери, ами редовни оброци, манџи, месо најнормално, риба, зеленчук и овошје и остали додатоци, што ви е по желба, тоа. Помали, а почести оброци. Јадење и навечер, по можност нели. Чисто информативно, сум се поправила едно кило. Ма вчера беше општа слава кога се качив на вагата.
Се сложвам со тебе... Неколку пати ми имат речено лелее колку си слаба, оти не јадиш, не е убо вака, бла бла Другиот пат ако некој така ми речи ќе му речам а ти шо не ослабиш Стварно многу навредливо е некој така да ми речи
Се сложувам со вас кога некој ке ме сретне и ке ми пече тебе ********* дома ти давааат за јадење!!!!!!Навредуват
Па фала богуууу!!! сигурно јас не сакам да бидам преслаба или некој да биде предебел ама таков е организмот сто да правиме сега....ама сепак подобро е да си слаб хухухухух од вчера почнав со пиење протеин,да помине некое време ке ви кажам какви се резултатите
Во потполно истата ситуација сум. Сум пробала се и сешто, ама ништо не помага освен јадење. Значи прво мора да расчистиме, ќе се здебелиме ако јадеме и крај! Одма знам што си помисли, дека немаш апетит и дека не ти се јаде. Една познаничка еднаш ми рече, земи еден период и јади повеќе, кога ќе ти се навикне организмот на јадење, после ќе бараш да ослабиш. Јас бев ужас, едно време имав 42/43 кг. На ништо не личев, ништо не јадев, а и тоа што ќе го ставев во уста си викав лелеее ич не е убаво и еден саат го јадев. Ништо не се фаќаше на мене. Прво почни со мали оброци, ама почесто. Цело реме грицкај нешто зеленчук или овошје. Морков, зелка, јади салати, сега во лето имаш најголем избор на овошје, бананите исто дебелеат, бадеми, лешници и само желба.
Почнав со гнетенје со сила,имам на сите страни од дома ставено грицки лазливки за кај и да поминам да си лапнам по несто хахаха и со протеинов за една недела кренав 600грама хахаха најверојатно делува ке видиме понатака дај бозе да помогне
Каков протеин пиеш? И вежбаш нешто или не? Нели демек кога пиеш протеини треба и да вежбаш, или тоа е само за оние кои сакаат да добијат мускулна маса?
Ќе ви дадам еден совет девојки, за сите што сакаат да се поправат се што треба да направите е да отидете во аптека и да купите Centrum јас првин не верував дека можеа да ми го вратат апетитот но за среќа тоа и се случи нема да поверувате до доручкував и по 2 пати дневно многу ме тераа да јадам и се поправив.Пред се консултирајте се со вашиот лекар цена на апчињата е 470ден малку е скапо но се исплати некаде поевтино некаде поскапо.Има 30 капсули и ќе видите дека многу ќе ви помогнат јас се поправив 6кила.
^ Па и јас ги пијам истите и нема ефекти. Мислам, кај мене проблемот не е во апетитот, си го имам јас и си јадам нормално, ама ништо не се фаќа за мене, а плус многу се движам. Имам генетски предиспозиции за слабоќава моја, бидејќи сите во фамилија ми се слабички, ама сакам барем малку да се поправам. Си мислам дека треба да внесувам повеќе храна количински, ама ќе пукнам луѓе, не ми ни собира во желудникот, а јадам нормално, 3-4 обилни оброци и ако треба да внесам повеќе и од тоа, мислам дека ќе повратам. Затоа ме интересираше за протеинот, па на крај краева може ќе ми помогне.
јас сум едвај 43 килограми ама сум ниска. 1. 55 см сум. никако да се поправам. единствено успеав кај баба на гости. мислев дека во војска сум во 9 00 поручек во 13 00 ручек и вечера во 19 00 а меѓу главните јадења мораш овошје мораш благо мораш се шо ќе ти дај да изедиш хехехех мислам дека најважно е да пробате да јадете во точно определено време да си направите распоред како на баба ми ќе ве видам тогаш или кај баба ви на поседок 1 месец
И јас исто како тебе многу јадам, ама ништо не се лепи за мене Исто и сестра ми е слаба колку мене, а мајка ми била 45 кила на свадбата (24 години) така да изгледа генетски ми е. Се чудат другарките како можам да јадам се, а да не се дебелам. Јас некогаш си сум среќна кога ги слушам другарките кога зборат за диетите и како не можеле да јадат то шо сакат. Арно барем се можиме ние да си јадиме
Протеинот е цист сурутка го викаат,ми го зема мене брат ми од теретана,има во космо-тинекс со секаков вкус мозес да си земес околу 800 денари бил.Јас го пијам одсабајле и навецер после обилен оброк по една лазица измесана со млеко или цедевита затоа сто мојот нема вкус.И не вежбам ич,и мене ми казаа дека треба да се везба ама јас сакам да постигнам килажа а не мускулна маса па затоа ке ја пијам првава тура без вежбање ако има понатака резултат ке почнам и да везбам за мускулчинња да ми се направат Значи јас ич немам апетит мислам дека без храна можам да издрзам со денови прееска изедов 2 плескавици со сила и мислам дека ке ми пукнесе зелудникот,сакав да одам и да поврата од сто ми беше мака на стомакот