Здраво феминки. За скоро еден час ги свртев сите 49 страни, односно сите ваши мислења. Се изначитав свашта, од корисни совети, до невидени глупости. И јас го имам истиот проблем како и сите вас, висока сум 1.71, а имам само 46 кг..пред година дена пиев http://www.femina.mk/out/?id=13139de7f7 ... mpleks.jpg ..и бев задоволна, ми се зголеми апетитот, а и ноктите ми беа навистина цврсти.. меѓутоа сега имам некои проблеми со здравјето, паа пијам б-комплекс, коишто исто ме тераат само на јадење ..но, покрај ова, имам и друг проблем, имам многу мали гради..некој совет за ова? Ви благодарам однапред. Поздрав
Јас се поправив од буљон секој ден пиев по едно литро и за две недели качив 1 кило сеа одамна се токмам да си купам пак ама се заборавам и се викам ај утре, ај утре Го вариш буљот ама не му додаваш ништо, така чист го оставаш да се излади и го пиеш
И мене тоа ме бунеше дека се за над 50 год. ама докторката ми рече слободно да ги пијам, дека нема врска тоа што пишува на пакувањето
Трудете се да пиете колку можете полномасно млеко. Знам дека е тешко да пиеш кога не ти се пие, ама измегу оброци кога ќе ви текне напијте се. Екстра калории а сепак не е нешто вештачко.
Во октомври на систематскиот преглед сум била 43 кг, а висока 157цм. Зимото сум ослабела 2-3 кг, а ем скоро секој ден јадев манџи со месо и немав некаква си физичка активност. Не знам што е работата, сега сум исто 40 кг. Во ВЦ не се сеќавам кога последен пат отидов, најсериозно. Денес уште што не ставив во устата, во ПМС сум и на секој 2 часа јадам. И не отидов во ВЦ. Не знам до што е работата, не ми е многу брз метаболизмот, ама ете не можам да се поправам.
Дојдов до едно откритие Сестра ми и јас исти во килажа и исти во структурата на телото бевме , но она после се запиша на одбојка долго време идеше и кај се здебели и уште има и убав облик на телото доби а јас си останав сучка .Затоа планирам сеа и јас на нешто да се запишам, па ќе видиме резултати
Иста сум и јас, потполно иста и висина и килажа. И секогаш сум тука некаде, варирам. Ќе стигнам до 47, па ќе симнам 2-3 килограми и пак ќе се вратам на 46. Не знам до што ќе да е, стварно имам брз метаболизам, ама ова е стварно претерано ... Разочарана сум, што ли не пиев, ги откажав сите таблети сега, паузирам и да ви кажам апетит си имам, се плашам да не е нешто друго. И се' си мислам дека генетика е во прашање, ама до толку ли бре Боже !?
И јас исто ич ама ич не се поправив, имам 46 кг и едвај на 47 качувам некад и одма слабеам .. што не пробав од апчиња, витамини,млеко, пивски квацес,б-комплекс... а јадам мноогу, сите ми се чудат али џабе...и башка мојте само кога биле на факултет биле така слабички, а сеа машала се дебелки.. и нз што е работава зошто вака.. и бев и на доктор и ми испитаја се и се ми е супер.. па не е фер си сакам некое килце барем 48кг да имам оххх
Како сме се погодиле.. пооотполна иииста ситуација е и кај мене .. мене многумина ми велат дека генетика е во прашање..моите на времето си биле многу слаби (не дека сега се дебели).. амааааа.. ахх бе.. сакам да си бидам дебелааа пијам б-комплекс, имам ненормално голем апетит..па ќе видиме каков ќе биде резултатот..
Не сакам да се поправам.Епа вака,сакам само да си го поправам лицето,односно да си ги здебелам обравчиња? Дали е тоа воопшто некако возможно?!
не ми се верува баш блазеси ти што сакаш само обравчињата да си ги поправиш, сигурно си имаш убава килажа
Кај мене пак, ептен чудно. Лицето ми е ок, рацете исто, ама нозете ми се слаби горе во горниот дел и таму сакам да ги здебелам. Другото сѐ ми е океј. Добро ај, и малку газе не би било лошо.
Малку демотиривирачки пост, ама искрено ви се чудам вас. Сакале да се здебелат, а што после ако бидете претерано дебели? Ќе кукате да слабеете? Сакајте се какви што сте, разбирам да сакате да се поправите 2-3 кила, ама пазете, тие можат да станат 10 па после да кукате како сакате да бидете слаби. И генетика да е во прашање, денеска ништо не е сигурно, барем кај мене ситуацијата такаречено е денес сум слаб, утре дебел. Муабетот ми е сакајте се такви какви што сте.
епа еве и јас истото ти го кажувам на тебе, а ти сепак држиш диета нели секако дека се сакаме себеси, повеќе за тоа какви личности сме, а не како изгледаме. Ама така ако се водиме, никој нема ни да се грижи за изгледот, нема да се шминкаме, да се дотеруваме, депилираме, чупаме...пошто си се сакаме такви какви што сме Си се земам себе за пример, зашто кога ќе се здебелам, се здебелувам најмногу во стомакот. Нозете минимално ми се зголемуваат. Ама не ми е гајле за стомакот, кога ќе си ги видам нозете колку толку поправени. Зашто сигурна сум дека на сите им е грдо да видат пар чечкалици како носат фустан. А слабите нозе, уште понеубаво стојат на висока штикла, уште послаби изгледаат. Како и да е...јас пак ослабев периодов, од зеленчук и овошје ништо не се фаќа, ама на жешково друго и не се јаде, а и барем сум здрава. Се надевам за одмор ќе надокнадам со некое килце, скраја да е, да се вратам на килажата од пред 5 години
Ова исто испаѓа како ние за вас што држите диети да ви речеме ,,сакале да ослабнат, а што ако после претерано ослабнете?,,. Вие не си се допаѓате такви какви што сте па сте на диета, епа исто се случува и со нас слабите што често пати против наша воља сме принудени да гнетеме и тоа не за да качиме некое килце, туку да не недај Боже паднеме уште повеќе со килажа. Јас за тоа најчесто се борам. Не ни е лесно ни на нас...
Јас не сум слаба, јас сум преслаба. Со моите 40 кг. на 18 год. изгледам како некоја од 13-14 год. Братучетка ми е 6 и пол год. помала од мене, а е многу покрупна и развиена. Ми е срам да застанам до неа, сериозно. Еднаш бев да си земам цд-то од матурската во фото-студиото каде не‘ снимаа и тој ми вели: Ти од кое основно училиште си? Не ми беше убаво, ич. Сакам да се здебелеам 10-15 кг. не ми е битно, барем да мрднам од место со овие килограми.
Ха, а јас што да кажам со моите 47 на 27 години???? Преслаба сум, испив еден тон витамини и џабе, не се поправам. Затоа одлучив да се сакам ваква каква што сум