Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас едно време престанав да ја посетувам темава затоа што премногу ме нервираа коментарите, блазеси ви слаби сте, епа јадете за да се здебелите, или па немојте да се здебелувате после ќе сакате да ослабнете. Значи јас мака мачам и се радувам на секој грам, а испаѓа како некој да се зафркава со нас.

    Ништо полошо нема од тоа цел живот да слушаш, аман здебели се на што личиш, преслаба си, ваква си таква си... а тебе ти иде да им ја залепиш една на сите што ти зборат, ама не можеш затоа што ја кажуваат вистината. Ќе решиш да се забелиш и ќе почнеш да јадеш, а уста не ти се отвара и во секој момент мислиш дека ќе повратиш, со судни маки ќе качиш едвај 2 кила и после пак се враќаш на истото.
    Сакам да облечам хеланки, корсет, тесен фустан, ама сето тоа изгледа како на закачалка обесено и морам да барам нешто пошироко за да не се забележат моите 45 кила. :tmi:
     
    На Name, T.e.d.d.y, vaga95 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, и уште кога ќе ти речат види го маж ти, нека ти даде некое килце или мислам ќе се скршиш кога одиш од што си слаба.....
    Престанав да се замарам со тоа, немам време и со тоа да се замарам и на сите што ќе ми речат дека сум слаба им викам, мене ми е вака ок, тебе како ти е со вишокот? :lol: :lol: :lol:
     
    На danika и maryJ им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Lux, не знам колку би се сакала себе си, кога свесно би гледала како и 36-ка фармерки ти се големи на струкот и како ужасно ти стои сукња или фустан.

    Те имам погледнато баш во телото низ сликите во модни критики, па и искрено мислам дека не ти треба да изгубиш плус килограми, а ти сепак си зацртала во главата дека мораш да ослабиш и си тераш по свое.
    Така е и нашето, нема зошто да ни се чудите сите.

    Дури би рекла подобро да имам 7-8 кила вишок, него ли вака да ми фалат.
    Барем ќе знам дека личам на човек, а не ... на костур кој не може да си облече ниту фустан ниту било што кратко.

    И искрено, смачено ми е од коментарите од типот - сакај се таква каква што си, тој што те сака ќе те сака секаква и блаблабла...
    Како прво, сакам да се поправам заради мене и само заради мене, затоа што не е здраво да имам толку малку килограми, а и рака на срце, кое машко нејќе девојка со облини?
    Гради имам колку-толку, ама не велам не за уште едно бројче поголеми. Не би се противел ни дечко ми - напротив, знам дека би му било уште поубаво, ама реков - сакам да се поправам заради самата себе, за да не морам секојдневно да се соочувам со „даска“ сликата во огледало.
    Ужасно е, немате појма колку. И никогаш нема да имате, јасно е.
     
    На Name, meandyou, danika и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    И дајте бре девојчиња, да си бидеме поддршка и да си шаркаме тука некои предлози за мени, „диети“ и калорични трикови за качување некое килце плус !? :sweat:
    Па и плус искуства би биле од корист.
    Знам, досадна сум на темава, ама мене ми е многу полесно кога знам дека има и други на исто дереџе, па да си се тешиме меѓусебно. :)
    Може и ќе ни успее, од кај ќе знаеме ако не пробаме !? :D
    И да, точно е дека на жештиниве само уште екстра храна ни фали и не се јаде ништо за жива глава, ама ќе си истрпиме за лепота - крајниот резултат од некое килце плус би бил доволен мотив да се „прежалиме“ и да си направиме режим што ќе ни помогне - секоја индивидуално, ама битно да си се бодриме. :doh:

    Ич да не ви зборувам денеска што се' сум изела - ќе мислите дека лажам за килограмите, ама тоа е тоа. :(
     
    На DeMelo, maryJ, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Изминатов период имав некои нервози и одма намалив 2 кила :( , а толку тешко ги заработив :@
    И нема везе, вчера една сончева девојка ми даде мотив и ме охрабри за мојата борба за кило плус и денес мислам дека изедов највеќе откако е почнато летово.
    Не знам уште што не ставив во уста, кришки со маргарин, пршута и кашкавал, ориз со пилешко, шопска салата, кајгана со сирење, чоколадо, сокови, енерџи дринк, кафе, вода, па вака планирам да продолжам и со уште покалорична храна деновиве, па ќе видам дали ќе има резултати. Дај Боже :)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам со Мишела, дека колку тешко му е на тие што сакаат да ослабат, толку тешко му е и на тие што сакаат да се здебелат, мене 34 број пантолони големи ми се :tmi: а висока сум 165 и кога се дебелам се дебелам само во стомакот а нозете клечки, и ни да јадиш ни да не јадиш. И ми се смачи секој ден секој втор да ми вели на ништо дека не сум личела од што сум била толку слаба, и уште толку се нервирам и губам желба. Мишела, освен повеќе количински јадење, ти препорачувам и во теретана да одиш, купи си протеини и вежбал за мускулна маса и така и во обем ќе се зголемваш а нема да биди сало.
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас тотален демотиватор би ви била на темава, ако почнам да пишувам што јадам :)
    Јадам во 8 овошје, во 12 поголем оброк, било што, јајца варени, пржени, обавезно зеленчук, обично патлиџани, павлака, зденка, нешто такво (значи храна во тој стил, буреци и сваштарии никако, блјак). Околу 4 пак поткаснувам овошје, а околу 6 ручам (доцна, знам, тогаш се враќам од работа) што има, пак со салата зеленчук. За вечера пак терам со овошје, најчесто лубеница или диња, зашто ако јадам нешто друго, насабајле имам грчеви во стомакот.
    Мојава исхрана повеќе одговара како за диета :worried: ама со оглед на тоа што до пред некое време имав проблеми со грчеви во стомак и подувување и такви ствари, сега ми е мнооогу подобро и полесно.
    Зависи од организмот, кај некого еден куп сендвичи и пици ќе завршат работа, а кај некого не. Јас неможам да јадам такви ствари, гадни ми се. Мразам салами, колбасици, виршли, плескавици, компири пржени...мразам таква храна. А најверојатно, таквата побрзо би ме здебелила. И чоколадо, гадно ми е чоколадото бре (знам, не сум нормална), диеталците едвај се воздржуваат од него, а јас неможам да го смислам...

    и ај сеа кажете ми како ви помогнав со исхраната и како вие да ми помогнете да јадам нешто друго освен лесна и домашно зготвена храна :)

    и да, моментот со фамозното прашање -ти даваат ли тебе дома да јадеш нешто?
    не бе, во подрум ме чуваат |(
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    И уште нешто, за сите што имаат погрешно мислење за нас слабиве,дека немаме мака. Знаете, никој никогаш на девојка со вишок килограми нема да и рече "Лелееее, ама си дебелаааааа" и слично,нели за да не ја навреди, а на нас слабиве,верувам дека на сите им се случува ова: секој втор не прашува - дали јадеме воопшто,зошто сме толку слаби,да не сме болни од нешто,и милион слични коментари,кои искрено тешко паѓаат,затоа што звучат пренавредливо.

    Башка причините Мишела што ги кажа,кога се гледаш во огледало со најмал број на фармерки,ти стојат широко,ко на закачалка,не е ич пријатно.

    Јас сум скоро па задоволна со мојата тежина, сега имам 57,едно кило плус качив месецов од кога немам нервози и обврски на факултет, до 60 бар да стигнам до септември онаму...тоа ми е целта летово...
    И да,единствено нешто различно што правев овој месец е тоа што почнав да пијам по скоро литар чоколадно млеко на ден.
     
    На macysh, Mishela, maryJ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Знаете што јас им кажувам на они што ме прашаат дали јадам? Им велам: Не јадам, дома ми го заклучуваат фрижидерот со катанец. |(
    Глупаци.
     
    На angelce1, maryJ, Dgirlll и 2 други им се допаѓа ова.
  10. m.u.t.a.n.t

    m.u.t.a.n.t Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Повеќе јаглени хидрати (овес, ориз, компири), поголема тежина тоа е тоа.
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Еве и јас да си раскажам овде.

    Ве читам погоре, и да ви кажам дека истото и мене ми се случувало. Ми текнува во 3то, 4то одделение имав фрапантна тешина од само 19 килограми. И мене крајно ме иритирале муабетите од тој тип дали ме хранеле доволно, дури и некои се дрзнуваа до таа мера да коментираат дека тоа најверојатно се должело на финансиската моја состојба по дома па ради тоа сум била слаба, може мислеле на леб и сол сум била стално. |(

    Отсекогаш важев за слабо девојче, а кога ги гледав моите врснички низ пубертерот како се развиваа, особено кога доаѓаше оној период за систематски преглед ми беше срам да се соблечам, бев слаба, немав гради, задник, бев како даска за пеглање алишта благо речено. А да се разбереме, јас сум човек што обожава храна и уживам во нејзино конзумирање, но што да правам кога ништо не се лепело за мене, нити сум била тип што се замарал и броел калории од секое парче храна, просто си јадев да речам нормалнп количински и онолку колку што сакам но бројката на килограми се движеше околу 42-3 кг што за мои 1,62 цм е океј гледано во бројки, но јас се чувствував анорексично.

    И се некако магично се смени последниве година-две, се поправив 4 кила, можеби сега и повеќе, се немам мерено 4 месеци, некои се шегуваат со мене велејќи дека љубовта ми влијаела, ама стварно сум посамоуверена макар што се неколку кила за мене се многу, мене ми беше срам на базен да појдам, а пред некој ден бев 2 саати во Охрид и одма осетив разлика. Задникот ми е поголем, месест за бомбона, градите не баш но за разлика од даската порано и ова е океј. На дечко ми нормално му годи оваа јас, и јас се сакам повеќе ваква и тоа што на почетокот бев - даска тој ја створи во облини. А да не зборам што и он се поправи мало више од што треба, ама и љубовта кон храната си ја гаиме уште. Единствено ми пречи малку салото на стомакот, но не се трудам премногу околу тоа, признавам понекогаш среќна сум што го имам. :$
     
    На kravce, maryJ и pamelche им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви што сте успеале.
    Јас денеска, т.е. веќе вчера јадев прилично многу, па до душа тој тако звани режим од поголем количински внес на храна го практикувам повеќе од пола месец и ништо, па до таму.
    Сабајле изедов две кришки лепче со крем.
    После јадев овошки нешто, па ручав цело тенџере макарони од кесичка - ги постирав таму низ една тема.
    Јадев и благо, пиев природна лимонада, испив и чаша јогурт со солени стапчиња, јадев сладолед, вечерав пица и си направив салата од павлака и сок од цвекло. Немам поим колку калории имам внесено, а баш би сакала да почнам да сметам, за да знам колку уште ми требаат.
    Пукнав, луѓе.
    Ако не ми се расипе желудникот ќе биде премија. :tmi:

    Утре, поточно сабајле ме чекаат крофна и лепиња - ќе правам ладен сендвич.
    Ќе грицнам нешто овошје и природно цеден сок од лимон ваљда, за ручек и вечера уште не сум известена што им е во план на моиве да прават.

    И само белја си наковувам со „супер“-хранава, еве гледам целулитче за прв пат во животов - ми се стемни.
    Костур со целулит. Супеееер!!!1
    NOT. |(
     
    На LilBaby и DeMelo им се допаѓа ова.
  13. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ајде и јас да се приклучам на темава.
    Иако се породив пред помалку од 5 месеци, јас се вратив на килажата пред да забременам и некое килце минус.
    Две недели одкако се породив бев на мојата идеална тежина, полни образи, убаво поплнета задинца и се тоа изгледаше одлично спаковано :$ :P
    Но, за брзо време јас се стопив.
    Кај мене проблемот е што сама не можам и не сакам да јадам САМА исто и голем удел има тоа што повеке јадам здрава храна(најчесто овошје и зеленчук во било која форма ) која не дебелее.
    Мажот ми е на работа секој ден до 16-17 а некогаш и повеке јас до тој период не јадам некој обилен оброк, може да каснам овошје или мусли ( но и касно стануваме, бидејки со синчето сме нокни птици :$ )
    Кога ке си дојди сопругот, најчесто седнуваме јадиме заеднички и тоа ми е еден главен оброк, а покасно приквечер, јадиме нешто лесно и некалорично.
    Во последно време бидејки дојам чуствувам и чести вртоглавии и ми се стемнува пред очи, јас знам дека на синчето му ги давам потребните витамини и минерали преку млекото, но преблемот е што јас се стопив.
    И секој ден си велам од утре ке почнам со повеке обилни оброци и никако тоа да се деси да го практикувам секојдневно.
    Ајде заеднички да си дадеме сила и да си направиме некое мени или дневни и неделни шеми на исхрана и да се охрабириме и да си дадеме морална подршка.
    Благодетите ке бидат повеке од големи - ке се чуствуваме подобро во нашата кожа, ке ни се врати сјајот на лицето, полни образи, добра задница :lol: но исто ке ни се подобри крвната слика( на тие како мене )
    Е сега мораме да јадиме повеке пати по малку (пр.3 оброци и 2 ужинки) но да не внесуваме премногу мрсна(пржена) храна бидејки тогаш ке си направиме поголем проблем.
    И за крај еве неколку продукти од мене кои ке ни помогнат

    - тестенини ( њоки, тортелини, шпагети , макарони) во било каква форма
    - ПОвеке компир во главните оброци ( мусака, слаата од варен копир со јајца и маслинки, потпечен во тава ) исто и ориз (пр.ориз со батаци, може и во блага форма како сутлијач со цимет )
    - месо ( Јас бев во голема заблуда сте овие години уназат дека пилешкото месо е едно од најздравите, а свинското од најнездравите, но сум била во голема заблуда.Ке се прашате зошто , бидејки свинското месо се разбира убавиот дел без премногу маснотии е соесама ок, додека денес освен домашните селски кокшки, сите останати се полни со хормони, кои премногу му штетат на нашето здравје)

    Поздрав и се читаме наскоро и се разбира овошјето и зленчукот никако не смееме да ги изоставиме, да се примаат во големи количини, пример за нас бананата е многу добра бидејки е високо калорична ( може секое утро или вечера да ја конзумираме како фрапе - банана, млеко и чоколадно какао )
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    И мене ме нервираа порано таквите коментари , ама сега уште повеќе затоа што бев навистина многу слаба ама сега не сум баш имам сега облини и сум таман и ме нервира што уште ми зборат и ич да не се секираш и јас имам толку кила негде до душа по ниска сум и мислам дека ми стојат и си носам и хеланки и корсет и горда сум на своето тело , само почни да вежбаш маса на фитнес или види дали има некои вежби за дома да ги правиш и ќе си ги оформиш и истакнеш облините . :D
     
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.478
    Имам 44-45 кг. а сум висока над 165 ;( . Јадам колку што ми се јаде, но имам брз метаболизам ..се мислам да не е до тоа :^). Имав 48 и си бев таман, сега нагло ослабив. И да, многу е грдо а и незгодно ко ќе ти кажат дека си слаба и треба да се здебелиш |(. Сакам да се здебелам барем во нозете, фармерки неможам да си најдам ;(.
     
  16. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Абе ние сите имаме ист проблем. Колку е тешко да ги качиш килограмите, исто толку е тешко и да ги симнеш. Мене ми е срам да кажам колку тежам, значи неверојатно е колку сакам да се поправам! Пробувам да се набутувам со храна цел ден, ама кога не ти се јаде,не ти се јаде и точка! Јас како што сум генетски слабичка, нема ништо друго да направам освен да изедам 1000 фурни со леб, навистина нема друг начин. Бев пред некој месец на 1 ден во Струга и стварно тој ден јадев ненормално, незнам што ми стана, и кога дојдов дома видов 1 кило сум качила. После 2 дена се мерам, и тоа 1 кило го нема :tmi: Значи за мене нема друг начин, ако сакам да се поправам ќе морам засекогаш да јадам, и да јадам, и да јадам...

    И да, мнннооооггу нервира кога се шегуваат со тебе за твојата тежина, ми оди да им бапнам една :punch:
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ви кажам, проблемот кај вас зашто не може да се здебелите е зашто не сте срчни, односно јадете колку ради реда.На вас доволно би ви било и со едно јадење на денот.Кај нас па дебелите обратен е проблемот - само јадеме и не ни е доста, се што има дома се мора да се изеде. :tmi:
    Сега јас ќе ви кажам едно мени од кое многу се дебелее, додуше јас волку јадев одсекогаш, и заради ова си имав прекумерна тежина.
    Одсабајле кога бев на школо јадев некакво пециво - лиснато ли е, бурек ли е, ѓеврек ли е секој ден јадев такво нешто, ова беше накај 9 саат сабајле.
    Одкога ќе дојдев дома од школо пак ми се јадеше, а во меѓувреме знаев и некое чоколадо да каснам додека да дојдам дома.Е дома макарони варев, тостови си правев, пица на леб, сендвичи ќе се натепав добро, и после пак благо јадев.Кога ќе дојдеше мајка ми накај 4 саат, ручек правеше и накај 5 пак јадев, сега манџи (компири, ориз, грав, пиперки).
    Е сега ако навечер и се пријадеше накај 10 - 11 пак јадев сендвич некој, бисквити и млеко, чоколадо, млеко и легнував да спијам.
    Леб јадев многу.
    Да споменам немав никаква физичка активност, од кревет на кревет тегни се само.
    Знам дека ова ви изгледа многу тешко да го конзумирате, зашто толкав апетит немате, и не изгледа многу здраво, ама вака 1 месец бидете, ќе се поправите 100 % ви гарантирам.
    За да се поправите требаат многу јагленохидрати и протеини, мастите и празните калории во газираните сокови, хамбургерите, чипсовите, искрено со нив крв ќе ви се расипе, и може шеќер ќе ви се качи а и не е ефтино , секој ден хамбургер и кока кола да јадеш. :^)
    Гледајте исто и протеините и јагленохидратите да ги правите уште покалорични, на пример на компири ставете и кечап и сирење или кашкавал, банана јадете со чоколадо, наместо обично - чоколадно млеко пиете.За вежбањето да спомнам, прво поправете се па после ставајте на мускулна маса, и не ви ги препорачувам кардио вежбите (трчање, возење точак, пливање) зашто од нив се слабее, а не се затегнува.За затегнување првично се со тегови вежбите, како и спортови како одбојка, кошарка и сл.

    Знам дека е многу тешко слаб да се биде, исто како и дебел, сите ти префрлаат од страна, ако си слаб зашто си рамна како даска, а ако си дебела дека сало на сите страни ти лета. :(
    На сите среќа ви посакувам, да стигнете до одредената тежина, и не се откажувајте. :*
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Уште што не изедов денес. :whew:
    За појадок 1 јајце ( толку останало), чаша јогурт и паштета. Не јадев многу количински. Потоа испив 2 чаши Јафа сок од праска и јаболка и јадев 3 мали крушки. За ручек имаше печена кокошка со компири и шопска со сирење. Прасе се направив, не можев да дишам. Потоа испив 3 чаши боза и јадев 2 големи парчиња лубеница, па пак јадев од ручекот, ама наместо салата, ставив кечап врз компирите. И на крај млеко со мусли од чоколадо и банана. Ај нека дигне 2 прсти некој што е изедел повеќе од мене денес.
    Инаку, мене задникот ми е таман, колку толку сум задоволна, ама затоа градите.. :x Даска. :( А сите жени во фамилијата имаат големи гради. Не е фер, што. ;(

    Едит: Пред саат и пол јадев и пак ми се јаде.
     
  19. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    имам и полошо мени и тоа од секогаш па пак сум тенка
    да напоменам без никаква физичка активност, навечер дури и во 3 саат пржење јајце или једење висококалорична храна па пак џабе таков ми е метаболизмот :worried:
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Не би рекла, јас обожавам да јадам, сите што ме знаат веќе се шегуваат со мене за тоа.
    Едноставно, нејќе, не се фаќа и тоа е тоа. Кај мене лично, веројатно од премногу стрес. Ма да, сум слаба од малечка... Не знам...
     
    На maryJ му/ѝ се допаѓа ова.