Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Па што знам, јас сите слаби што ги знам гледам дека не јадат. :tmi:
    Имам една другарка, многу слаба, дома ништо не јаде ни манџи, ни леб ни ништо, мајка и ја тера.Благо во уста не става, ако има дома чипс ќе го отвори така ќе го остави.Само тостови јаде вака, почесто и мекдоналс.Имав уште една, исто доста слаба беше до пред едно година дена, ама кога почна стварно да јаде од 47 кила што ги имаше, сега 60 се направи.
    И поубава е сега има и гз и цицка и све, само стрии што и се направија.
    Не знам стварно, можеби ви е до метаболизмот, ама сепак, ништо не губите ако јадете повеќе.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Денеска прв пат ја посетувам темава,и до некаде ги сваќам луѓево како што јас сакам да ослабам они сакат да се здебелат....Али мили мој тоа е до гени и до колку ви е брз метаболизмот мојов е спор како трактор :rofl: Денеска ми е доцна али утре во првата прилика ке ви пишам диета ако можам да го кажам како диета :) што на дечко ми му ја дадоа и искрено да ви кажам он не се придржува многу али се поправи едно 4 кила за месец :clap:
     
    На maryJ, MandyLane, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ајде Kajafeminka чекаме да пишеш. :)

    Веќе е скоро 11 ч. а јас 2 пати јадев. Мусли со млеко и супа со малку леб. И едно ладно нес. За ручек ќе имам пинџур со сиренце, ама до тогаш сигурно ќе изедам уште нешто. А, во меѓувреме пак лубеница и крушки.
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Уф, јас денеска малку послабо јадев од вчера, ама не ми е баш добро - ќе ме посетува теткава изгледа (уште она ми фали, 3-4 дена нема ништо во уста да ставам) :doh:
    Сабајле во 9 јадев три кришки леб со паштета, сирење и домат, во 12 мачкав лепче со крем, во меѓувреме јадев блачко, грицки и лимонада и пред саат и пол време ручав манџа - за прв пат после 2 месеци, не ми се верува.
    Вечер пред да излезам ќе правам тост и планирам да каснам уште нешто на излегување. Ај баш да видам дали ќе успеам. :wasntme:

    Инаку, треба да внесуваме и повеќе цвекло - ако има такви како мене што го обожаваат. :D
    Обично нели (не мора да значи, ама најчесто е така), ние слабечките сме и слабокрвни, анемични, цвеклото е супер за крвта. :up:
    Ние имаме домашно, ставано во тегли, па му ставив малку сушен босилек и беше фантазија. :mm:

    И дечки, многу ми е мило што вака се собравме сите чачкалки (ноу хард филингс, да си се нашалиме малку) - јас цел живот си мислам дека само јас го имам овој, да го наречам проблем. :)
    Полесно ми е сега, мноооогу полесно и искрено, имам повеќе желба и мотивација да јадам и да „врзам“ мевце. :D
     
    На DeMelo, kravce, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    За чудо мене па крвта ми е добра.

    Ако знае некоја какви вежби да правеме дома за затегнување и сл. нека пише.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    ^ И мене ми е добра, ама може да биде уште подобра, чисто превентивно. :D
    Инаку Старбакс, за затегнување и зацврстување конкретно на нозете (и ти чинам нив сакаше да ги поправиш), најдобра вежба ти се чучњевите.
    Некаде пред матурската нон-стоп ја правев оваа вежба и стекнав навика, ми стана лесна, стигнував до 40. :tmi:
    Сега ми се мислена именка, ама пак ќе почнам.
    Задник, мускули на нозе, сето ова го затегаш.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ќе правам отсабајле чучњеви, колку можам и ако не ме мрзе. А, за градите малку да ги подзатегнам сакам да правам склекови, ама оние машките што ги прават ми се многу тешки. На физичко ние женските правивме едни други склекови, ама ги заборавив како се правеа.
    Кои други вежби за градите да ги правам?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на женските склекови - легнуваш на коленици и ги спушташ по иста висина грбот и задникот.
    Мене ми се ужасно тешки овие и не ги сакам.
    Вака изгледаат.
    http://www.youtube.com/watch?v=nyd6ivn9ZpU

    Еве и уште една, мислам оваа е побезболна и можеби подобра - барем за мене. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=CReZF4-PjO0
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    3.929
    Пол:
    Женски
    Тоа зависи до метаболизмот.Еве имам една другарка, слаба е многу, дома ништо не јаде, незнам од што живее.Понекогаш јаде сендвичи кога ќе излеземе, ама на половина ги остава.Дома ја премолуваат да јаде, таа не сака.А пак имам 2 други другарки тие пак јадат многу, дури премногу за наша возраст (хах, така е) и ништо не им се познава.Абе си имаат брз метаболизам и не се дебелеат.Камо јас да имав брз метаболизам како нив, а не еднаш во денот да каснам и тоа мора се у сало да отиде..ТОа ти е..:D
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Да, цвекло е измислена работа за анемичните како мене. Туку мене и железото ми е слабо.
    Вчера многу малце јадев, ама се зафркнав од сабајле нес испив, а штом пијам било какво кафе после со саати немам апетит воопшто. Денеска да се пофалам до сега добро се настегав со бурек, јогурт, чоколадо, свинско месо со пире и салата, сега пак јадам чоколадо, вода, а вечер планирам пица да си правам.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мене па крвната слика ми е добра, најверојатно големите количини на овошје и зеленчук што ги внесувам си ја вршат работата. И алал да ви е штом можете буреци и пици да јадете, мене последниве два месеца крајно ми се гади од нив.
    Иначе за членката погоре што пиша дека немаме апетит. Летово од жештиниве да, не велам дека не јадам, си јадам нормално само полесна храна (да не се лажеме, на едно јадење секогаш јадам повеќе од 2 кришки леб). Иначе во другите периоди од годината ја сум си многу стрвна, сакам да си готвам да си испробувам, си имам страст за храна.
    Спомнав ми се чини и претходно, ради различни фактори во еден период се здебелив повеќе од 5кг (што за мене беше премија, со оглед на тоа што цел живот немам мрднато повеќе од 45кг, а сум 165висока). А сега ми се чини само се смалуваат и смалуваат. На последната слика од свадба дури се плашам дека си личам на себеси од пред 10 год, се молам штиклите да придонеле за тој ефект, ама јас се срамам од таа слика :tmi:
    па девојки, нека ви се фати секое парче храна што го внесувате, на нозе, газ и гради :D Имам една колешка на работа што за година дена се здебели неверојатно многу, а постојано јаде нешто, грицка, пие сокови, јаде сендвичи, пици, па благо, па пак грицки. Јас така неможам :D можда ќе сум слаба, ама тоа ми е ептен не здраво. Повеќе би да се здебелам, ако има шанси, со кг банани секој ден, него ли со вештачки грицки и сумљиви салами :worried:

    И ДеМело, еве овде имаш друштво за јадење дур да ти дојде сопругот од работа :) Грабни се што имаш дома за гнетење и пред фемина, јади и пишувај што јадеш, а ние ќе навиваме :D :*

    пс. за нејадачите на благо, како мене, ви го претставувам чоколатцево, ова јас свр..... кога го јадам :$
    [​IMG]
     
    На danika и starbucks им се допаѓа ова.
  12. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Вака значи на дечко ми му ја даде тренерот негов бидејки он сакаше да да направи мускули али јаден немаше на што да ги направи бидејки е коска и кожа и првин требаше да се поправи и активно вежба и фала му на господ си имам тип до мене со малце подобро тело ,бидејки сварно не бевме пар јас покрупна он слаб али висината не вадеше малце.

    Задолжително секој дена наутро и пред спиење чаша млеко со поголема масленост,неможе да се замени со јогурт или кислео млеко!
    Ако можете и сакате може да си пиете и преку ден али ваша желба.


    Јајца варени(Он имаше секој ден јајца најмалце по 3 знаеме колку се штетни но бидејки му беа потребни проттеини за да оформи мускули наместо да пие апчиња протеински кој се штетни но ваше е дали ке ги јадете јас ке ви ја пишам на него како му ја дале)

    1 Ден
    Чаша млеко
    3 јајца
    сирење
    супа
    салата
    стек
    копмир(пржен,варен,печен ваша желба)
    салата од цвекло и морков ЗАДОЛЖИТЕЛНО
    десерт
    чаша млеко

    2 Ден
    Чаша млеко
    3 јајца
    супа
    пита или нешто месено домашно
    салата
    манџа(компир,боранија,каква си саката ваша желба но да не е од зеленчук и може да ви биде со мевце)
    десерт
    чаша млеко

    3 Ден
    Чаша млеко
    3јајца
    сувомеснато
    супа
    јогурт
    тетстенини(шпагети,макарони...можете со сос од мелено месо)
    салата
    ориз со зеленчук можете во комбинација мевце али неморате
    десерт
    салата од цвекло и морков ЗАДОЛЖИТЕЛНО
    чаша млеко

    4 Ден
    Чаша млеко
    3 јајца
    кашкавал
    пица или панцерота ваш избор
    супа
    салата
    гулаш со шпагети
    десерт
    чаша млеко

    Вака изгледа сето тоа вие си комбинирате кога сакате и каква да ви биде комбинацијата,ама морате сите овие работи да ги изедете во текот на денот со најмалце 3 кришки леб на секој оброк ии треба да се потрудите количински колку што можете повеќе,можете да јдете и плус работи кој не ви се наброени тука во тој ден али не одзимајте од тие што се пишани.За јајцата како си сакате ако сакате јадете секој ден дечко ми не ги јадеше секој ден...Секој ден исто треба да пиете сок најубаво цеден и овошје да јадете ... можете да си ги мешате деновите он мн не ги слдеше 1,2,3,4
    Јас ви посакувам многу среќа и да постигнете резултати како дечко ми
     
    На Smilly, Mishela, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Па да си кажам и јас сум си слабичка иако се си јадам.Сметам дека имам убаво тело,сепак спортски сум колку-толку активна.Ама што и да пробам,ништо не се фаќа на мене(да чукнам во дрво).Ама па,не би било лошо да имам некое килце плус,секако пропорционално распоредено.Кога и да се најадам убаво,да кажам уф овојо ручек добро ми дојде.Право одам во Wc.Јбг,генетиката сепак си го прави своето. :D
     
  14. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    За сите кој сакат да се поправат малку
    нека јадат чоколада знам дека од нив се здебелува 100 грама секој ден (па не мора милка има и блок чоколадо за 25 денари , и тој е убав)
    така нека јадат повеке грицки ова она се нешто да јадат , потоа и самиот организам ке се навикне на храна и ќе бара.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Секој ден по 3 варени јајца? :o тоа се многу хормони, поготово денес кокошкиве како се наклукани со никаква храна :x Јас јадам по мин. две јајца (варени :!: ) неделно, ама ние ги купуваме од комшии кај баба ми, кои чуваат дома, а нивната исхрана и те како се разликува од онаа на кокошките од фарма. За машко можеби е во ред да јаде толку јајца, ама за женско не сум сигурна, гинекологот баш ме предупреди кога испитував хормони, да внимавам со внесот на пилешко и јајца
    Иначе, денес имам желба да ве настрвам на мексиканска храна, па ќе му удрам една реклама на Амигос во центар. Можда нема да појдете да јадете (поскапичко е)ама од сликиве ќе ви се отвори апетит :)
    прееееееееевкусна храна
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    А мене па ми се иде во Грчка, на гиро (да не се лажеме, највкусно им е), си се настрвив сабајлево :lol:
    [​IMG]
     
  16. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    За здебелување-пилешко месо,јајца варени,апетисани-во 100 гр. има 600 калории,ориз,грав,грашок,млечни производи...и се разбира овошје и зеленчук и многу вода.Ова е рецепт за покачување неколку килца постепено и да бидат правилно распоредени.
    Грицки,чоколади,брза храна=САЛО.
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^

    Кравче мори, немој со вакви шокови на топлово. :D

    Јас кога одев на нутриционист ми беше дозволено едно варено јајце во неделата. Ама затоа бев принудена секој ден да пијам живи јајца од потполошка избендирани со сок од портокал, за да не им го осеќаш вкусот. Грозно е од самата помисла, ама се навикнав и после гајле немав плус ептен се здрави.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Три јајца секој ден? :o Тоа е многу. А,да не зборам па колку ги клукат кокошките со хормони, кои директно одат во јајцата и месото. Затоа, само домашни.
    Ај јас да си го напишам денешното мени
    за доручек јадев пица на лепче ( сланина, кашкавал растителен и ќечап) 2 парчиња, ама беа дебели 2 прста. Потоа чоколадно млеко. Сега пијам ајс кафе.
    за ручек ќе имам грав со месо и салата некоја
    а, вечер пред излегување можеби ќе каснам нешто, а ако не, тогаш после излегување пица-бурек обавезно.

    Да се пофалам сабајле правев чучњеви, околу 20 и правев малку вежби за затегнување на градите. И така.

    Едит: Убаво кажа феминката погоре. Грицки, чоколади-НЕ. Еве јас јадев секој ден во школо смоки, соленки, чипсови, па ослабев 3 кг. Тоа се само празни калории.
     
    На kravce и Mishela им се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Женски, да ви кажам нешто, многу влијае и психичкиот момент овде. Имам некои периоди, кога нон-стоп сум на вага да видам дали сум качила некое кило, на секое јадење му рачунам калории и на крајот од денот пребројувам колку сум изела и слично, и тогаш нема апсолутно никаква промена.
    А во последно време скроз заборавив на вага и на рачунање калории,се релаксирав,и забележувам дека сум поправена,баш денеска се анализирав пред огледало :lol:

    Е сега,вежбам поредовно,пијам мнооогу млеко и пак почнав да пијам пивски квасец,тоа секако има улога,но и психава,верувам,влијае исто толку...
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Ај јас да ве прашам, воедно и да си ги искажам маките. :D
    Како се справувате со редовните оброци и општо со јадењето за време на циклусот?
    Ете, јас два дена мака мачам, одвај по еден оброк асален вадам, а така преку целиот ден „живеам“ на солени стапчиња, јогурт и многу лимонада.
    Ме јаде совеста, дека ако случајно сум се поправила деновиве ќе го изгубам и тоа, ама ајде. :sweat:
    Стварно не знам како ќе преживеам во наредниве неколку дена, вчера и денес беше ужас, грозно е чувството да умираш од глад, а истовремено да ти се гади од јадењето. :doh:
    Така ми е првите неколку дена од циклусот секој месец, а после се регулира, ама финтата е што се чувствувам изнемоштено и свесна сум дека ми треба голема лапачка, ама ништо не можам да ставам во уста. Едноставно ми се мешаат мириси, а моментално сум пречувствителна на нив и ми се гади, ми идат нагони за повраќање и ач јадење. Многу сум терсене, аман. :@