^ Мене не ми се случило вакво нешто до сега... Мислам дека решение би ти било да најдеш некое јадење од кое нема да ти се гади тој период, мора да има такво, и да си се држиш до тоа, ден-два... А ако не постои такво нешто, ако ти се гади од буквално СЕ, не знам друг предлог.
земај си Б6 по 3 или повеќе пати на ден, ама почни да пиеш уште пред да ти дојде. И мене ми е слаб апетитот во тие денови, ама не ми е до толку гадливо како тебе Прави си некои полесни храни, јогуртот ти е голем плус, направи си супа со зеленчук, јади си овошје и зеленчук, земи банани. На крај краева, нафрли му се на сладоледот Ќе пројдат и тие денови, јас во овулација сум како трудница, на секој пола саат ми се пријадува и тоа не било што, обилни оброци, се ми се јаде и многу сум стрвна па додека ми трае менструацијата во мисли ми се само деновите на овулација, зашто знам дека тогаш ќе надокнадам за се изгубено
Да си покукам и јас тука. Висока сум 158,9 см. а мама ме теши дека сум се извишила некој сантим. Имав до јануари 49 кг што одлично изгледаа на мојава висина. Природно сум мускулеста, со убаво газе и си бев презадоволна со изгледот. Но, од јануари се разболев, а дека почнувам да слабеам забележав пред 2,3 месеца. Пред некој ден се мерев кај една другарка и вагата покажа 42 кг. Јас мислев дека сум попуштила 3,4 кг, но 7 кг ми се премногу. Фармерки не можам да носам затоа што напред ми се собираат, панталончиња исто, сукњи ми стојат ужасно. Летово го поминав во 2 пара панталончиња кои ми беа тесни порано, па сега се добри и неколку фустанчиња во кои не изгледам преслабо. За среќа крвта ми е одлична, иако сум болна, не ослабела. Ние дома од секогаш сме јаделе готвена храна, па можеби и поради тоа никогаш не сме биле дебели. Јадеме 2,3 пати дневно, но дневно трите јадеме 2,3 леба што за жени е премногу. Овошје и зеленчук постојано, но си јадеме и благо, грицки. Ова зборувам за до пред 3 месеци. Од тогаш осеќам одбивност кон храната, речиси се што ќе каснам повраќам. Има моменти кога ми се јаде лесковачка , тестенини, некое мрсно месо со компир ама тоа е еден ден во неделата. Знам дека ми е поради тоа што сум болна, но се гадам од одразот во огледало. Го нема задникот, ги нема облините. Очајно го сакам назад моето тело. Рачињава ми се послаби од на мојот 4 годишен внук Се обидувам последнава недела да се вратам во нормала со храната, но не ми оди. Јас си бев гурманче, па и стрвна плус тоа ама сега немам желба. Не знам дали ме утепува сега на психа болеста, изнемоштеноста, тоа што сум толку ослабена ама и нема друго што да е. Денес ми е се надевам последен ден изгладнување, па од утре давам чесен збор дека одразот во огледало ќе ми биде мотив за храна.
Како јас да сум го пишувала ова. Истата сум за време на циклусот. Стомакот ме боли и за јадење и од менструацијата. Се чувствувам гладно ама ништо неможам да ставам в уста. Цел месец да се трудам да јадам со сила ако треба за да подкачам со тежината, а кога ќе дојдат тие денови мислам дека ќе се стопам и целата мака што сум се трудела оди залудно
Никому не би му посакала вакво нешто, грозно е. Инаку, од денеска боље се живи. Немам вртоглавици, крварењето е намалено, апетитот лека-полека ми се регулира, јадев дури два пати, што е за пофалба. Ма жално е уствари, ама кога нема поарно, ќе се радувам и на ова.
На одмор изминативе 10 дена пливање, пешачење, јадење, пиење без престан резултираше со килце + Јеее Се утепав од јадење пици, пилешко, риби, сувомеснати, млечни производи, благо, коктели, пива и вода. Сега тешко дека ќе продолжам со исто темпо на ова топлово време во Скопје, ама ќе се потрудам да не го изгубам и ова што го добив. Од сабајле едвај една кришка со крем ставив во уста, ама сега ќе надокнадам со јогурт, наполитанки и грисини.
Се поправив. И таман да се израдувам, сум намалила 4 кила. Бев 31 кг, па 37, па 41, и сега пак 37. Значи како страчка. Висината ми е таман, ама ептен сум слаба бре чоече. Немам апетит за јадење. Ќе помисли човек на овие децата дома не му даваат да јадат. Фаремрките ужасно ми стојат. Едино само кај газот убаво стојат, нозете мислиш прачки се, не се нозе. Ама ветувам од утре, ќе јадам како свиња. Па ќе ме има подолго време по темите `Што денес за ручек`и `Што вечеравте денес`. Така да си знаете, па нека пукнат душманите. ------------------------------------ Заборавив да кажам, дека у неделата од што се силев да јадам пет кришки леб со маргарин, повратив. Па после сите ги укривував демек маргаринот бил расипан.
Како поврати од 5 кришки? Јас често јадам по толку, или на ручек или на вечера, последен пат изедов 5 вчера за ручек ама џабе е , за вечера по пет кришки кога јадам во 3 саат, пак џабе. Ама во последно врее имам напредок, 3.5 кила имав накачено ама симнав пола и така.
Мене 3 кришки ми се максимум и тоа ако сум многу гладна и да е убав лебот, оној селскиот. Недај Боже 5 да изедам, ќе пукнам. Не сме сите исто. Јас сабајле се мерев, уште пола кило сум здебелена.
еве јас како се здебелив (не беше намерно ) сеа дека јас јадам по 3 пати на ден и сеа секогаш или со ручекот или со вечерата јадев по 10 кришки (ама ова беше зимава се враќав од школо ко утепана ку*ка и многу ми се јадеше дури и тие 10 кришки леб не ми беа доволни и за неполн месец се здебелив)
^ Е извини малце, сега знам различен организам различни потреби, ама се сомневам „советот“ или што и да е дека ќе можеме да го реализираме. Мислам, кај одвај се каниме да јадеме на жештиниве, па и 10 кришки, тоа ти е речиси цела векна леб на јадење !? Не е баш изводливо, макар било и на зима, a тебе алал да ти е на апетитот што го држиш, стварно. Мене од цел ден одвај по 10 кришки леб ми се собира, најчесто помалку. Од денеска се враќам во форма, да ти се плукнам во циклусот, ме закочи цела недела, одвај уста отварав не па асално да се најадам и се чудам како воопшто преживеав на солени стапчиња, јогурт и двопек. Денеска изедов прилично многу, ќе се потрудам да продолжам во исто темпо, си направив и список што ми треба да си купам и да си готвуцкам по дома. Највкусно ми е кога сама си готвам, па макар било и недопечено/препечено.
потполно те сваќам и си во право.секако дека е до организмот јас по природа сум си плукната на мајка ми лесно се дебелеам инче не е совет јас онака си кажав а што се однесува до 10 кришки на ова горештина секако дека не е прифатливо ова беше зимоска дека многу се нервирав ради школото и ослабев малку ама ми се врати одма апетитиот.секако дека е невозможно е да се јаде на жешково 10 кришки леб тоа веќе 3 дена само по еднаш да ден имам јадено а баш па јас по природа онака си јадам повеќе
Мислам дека додека сум на одмор најдобро се здебелувам. Нонстоп јадеш,пиеш, шеташ, пливање и се тоа. Едвај чекам да одам на 7ми, па дај боже да се здебелам едно 3-4 килца Ќе пишам како било -што било, па да видам дали има некое чаре за мене и моиве маки
Еве ме пак во темава и тие кг што си ги иав ги изгубив од жештиниве ништо да ставам в уста скрелет сум направена дајте некои таблети некоја диета за поправање оти си пукнав вака
Eптен се разочарав. Сум ослабела. Сега имам 39.5 кг. Не ми се верува, никогаш послаба не сум била изминатиов период. Немам ни 40 кг. А, ем јадена бев кога се мерив
^ Не се разочарувај. На топлово на никого не му се става ништо во уста, а камо ли на нас слабите. 39,5 е стварно многу малце. Јас кога јадам леб и кога пијам повеќе јогурт гледам дека качувам кила, па пробај и ти јади симитки, бурек или ѓеврек за доручек со јогурт, после за ручек најмалце две кришки, за вечера макарони или шпагети, пак со јогурт и сирење. За ужина можеш да мачкаш крем или јас си правам тостчиња од кифлички.
И јас мислам дека сум ослабната, одвај два пати јадам на жештиниве, ама ете лепи не мисли така и ми кажа да не се жалам, заш' деколтето ми било зголемено сигурно за еден број. Мајка пак вели сум имала бут, а јас се прашувам кај ми го гледаат тој проклет бут, кога коскички ми цврчат од сите страни. Се молам барем тоа што го јадам да се фаќа за мене, апетит имам многу, ама не можам ништо да ставам в уста. Ужас. Само на овоштија и банички со јогурт живеам и не планирам да се качам на вагата до Нова година.
Оф и јас колку сум ослабена,сега малку се поправив јадев повеќе леб,и тоа средината од лебот. Но сакам да си ги поправам и обравчињата,дали е тоа некако возможно?
^ Возможно е, јас така си ги збуцкав образите Интересното е што, јадам во просек по 3 кришки леб на оброк, само незнам кај одат сега сум си на одмор, па очекувам да качам повеќе килца, знаете како иде, ќе се врткаш низ соба, ќе се врткаш и од досада ќе седнеш да јадеш А и после капење се отвара плус апетит ослабена сум периодов, не ви ги кажувам кг, страв ми е и себеси да си ги кажам ама се надевам за пола месец ќе ви се вратам со плус 2,3 килца. Ако не се здебелам на одмор, ич не се враќам и пазете со мрсната храна , да не се вратиме на темава со ваква слика за пред и потоа :geek: Спојлер