Братучетка ми, која РЕДОВНО ми укажува на тоа колку сум слаба, пред една недела ми рече дека сум се поправила. А чим она вика, ваљда има нешто. Не стварно,изминатиов месец навистина јадам повеќе, и вака во огледало гледам дека навистина сум поправена овде-онде, на некои делови повеќе, на некои помалце и се чувствувам МНОГУ подобро и позадоволно, ама на вага се немам качено којзнае колку време и страв ми е искрено.. ако и покрај промениве кои ги осеќам ми покаже иста бројка, 56-57 кила, стварно ќе се разочарам. Утре ќе се измерам, па ќе пишам...
Немам јас проблем со поправање, но многу девојки ги гледам што се поправиле со пивски квасец. Мене ми е нездраво тоа, плус не го прима секој организам правилно. Во таблетки го пиеја, едната од 40 сега е 80, па бара диети за слабеење. Мислам најдобар начин е со правилна исхрана, може спортување но не многу, бидејќи ќе се потроши се, па нема за се поправиш. Кога е за поправање се ти е дозволено, чоколади, газирани сокови, секакви храни, нема пречки.
^ Пивскиот квасец содржи многу витамини, најголем дел Б-витамини и нема ништо нездраво, напротив, баш тоа ни треба на нас слабите - витамини! А газирани пијалоци и тони чоколада - не сме без нормална функција на организмот, секоја би добила стрии и целулитче, а комбинацијата од стрии, тук-таму по некое топче целулит и коски не е баш убава за око. Значи сепак не ни е буквално сѐ дозволено, сега се кажало слаби и ајдеееее јуриш, бутај Петко док не цркосаш. Инаку, јас од вчера сум во овулација. Ми се јаде ненормално многу и тоа ми е период да качам некој грам, некое кило, или умрев ем загинав кога ќе стигне циклусот. Одвај воведов некој ред во оброците од минатиот циклус кој патем беше грозен, ама буквално грозен. Се надевам овој ќе биде полесен и апетитот нема да ми биде сведен на нула.
^ Да, ама пивски квасец во одредена количина. Не да се претерува, на 1 месец по 2 паковања. После нокти од 3 метра..
Хехе, ама зависи колку си висока. И, ништо еј, ништо, еве сега се мерив и исто, 57. Ич не требаше да се мерам, се разочарав...
^ Менди, cheer up! Немој да се демотивираш толку лесно, ако ти си се чувствуваш поправено, значи си и тАчкица. А дури и ако огледалото го покажува тоа, не ти треба вагата. Јас кажав дека не се мерам до Нова година, последно се мерев во мај и бев 48 , да качам барем 4 кила за почеток и ќе биде супер. До душа, толку и ми требаат за да бидам задоволна, со 50 бев каде каде подобра, па со плус две ехе - багатела. Па не знам која е таа одредена количина, нормално е да се внесува 3-4 таблетки дневно и за месец дена многу нормално дека ќе потрошиш две кутивчиња, посебно ако биле од малите, во кои чинам имаше 50 парчиња. А некој да потроши кутивче од 200 таблети (и такво пакување има) за месец дена - се сомневам.
Во последно време јадам повеќе, апетит имам ненормален особено навечер и често знам да седнам да си јадам и после полноќ, особено леб, задолжителни ми се 3-4 парчиња во еден оброк. И таман си реков дека има некакви резултати, денес се измерив и се шокирав искрено. Пак 52, нема мрдање. Минатиот месец стигнав до 53, ама сега цел август бев во движење, па и пешачев доста, може затоа. Во секој случај сум разочарана. Очигледно дека за моите посакувани и сонувани 55 има уште долго да се борам.
Јас пак сум симнала 3 едно качив, а со него надоле уште две отидоа. Ептен се разочарав,а јадам ко луда.
Не се секирај,јас сум 31 год.,а имам 40 кг. Ке качам 1 кг,па ке симнам 2 и се така во круг. Сакам да кажам само да не си стварате комплекси,јас имав многу голем комплекс од тоа што сум слаба,во најубавите години од животот не носев фустанчиња,не се соблекував на купачи,не сакав да одам на плажа или на базен многу,зашто ми беше срам,како што кажал некој предходно,чачкалици да носат фустанче. Сега едноставно не се заморувам со тоа,слаба сум и готово.може ке се поправам,може не,кај мене е и генетски,сите биле слаби,повозрасни се поправаат. И тоа е. Не дозволувајте до толку да се оптеретувате со тоа и да си ги упропастите најубавите години од животот. А за поправање,сакам и јас, посебно кога некој ке ми каже дека изгледам како 18 години Едно време пиев б-витамини од Ројал фирмата ги порачав,германски се мислам,на кутиичката пишува др.Форстер ,800 ден се 60 таблети. На мене многу ми помогнаа,тогаш бев качила едно 3 кг,ама се чувствував многу подобро,имав повеке енергија и повеке апетит. Таблетите се зелени,не се како оние малите кафеави што ги има во аптеките. Сега си купив пак,па ке видам дали ке има резултати.
Може да пишеш од каде ги порачуваше таблетите? Јас планирам да почнам пак со дозата витамини, повеќе јадев и побрзо качував кило или две. Инаку, морам да ја споделам неверојатната вест - теткава ме посети вчера, а веќе денеска ми се враќа апетитот! Среќна сум. Се надевам нема да заглавам како минатиот пат.
Јас пиев Центрум,таблетки за зголемување на апетит.И еве една година помина откако ги пиев апетитот само се качува Иако едно кутивче е 500 денари,на мене ми вреди..И да јас се поправив неколку килца, е сега незнам дали е до таблетите или пак растот...Но сепак многу сум сменета и имам веќе стомаче..Мислам дека е од таблетите пробајте ги
jas od denes pocnav da gi pijam apcinjata PICSKI KVASEC pa da vidime sto ke bide inace sum 168cm so 40 kg i nemam zdravstveni problemi
Некој можи да ми ја објасни функцијата на Центрум? За зголемување на апетитот се, витамини или ... ? Јас да не се жалам, летово качив некое килце, ама и се затегнав. Редовно секој ден ги правам вежбите, пешачам, возам со точак. Ама и повеќе јадам. Се немам измерено на вагата, се надевам нема да ме разочара
^ Витамини за зајакнување на имунитетот. И јас почнав да ги пијам едно лето па по нив почнав и да се здебелувам. Дали беше од нив или не, не би знаела да кажам. Мене докторката ми ги препорача да ги пијам за да се здебелеам Иначе јас овој месец доста гладна се осеќам, па постојано јадам нешто. Се надевам сум качила килца, цела недела се мислам да одам да се измерам, ама и страв ми е да не се разочарам
А кој е начинот на земање, со шмукање или со вода? Колкава им е големината, сакам да земам ама имам проблем со голтањето ако се големи.
Се голтаат, а и малце големки се. Во секој случај можеш да ги искршиш на пола или повеќе. 480ден во Зегин, прееска ги земав
И јас ги имам таблеткиве, ги пиев редовно, а летово еднаш не се напив - срам да ми е. Едноставно дојдов до заклучок дека не функционирам без + витаминче некое, зашто очигледно премалку внесувам. И никако не функционирам на лето, со душа чекам да залади и да почнам да јадам како човек, т.е. како животина. Ме тешат моиве блиски дека сум била као поправена, а јас нозете сè послаби и послаби си ги чувствувам. Па и не останува само на гледањето во огледало, ами си чувствувам и кога ги носам омилените фармерки, ми беа супер, а во последно време само се враќам по едно дупче назад на каишот. И не можам никако да си објаснам како тоа градите ми се зголемени за цело бројче, а не сум во овулација, ПМС и таквимити рабојче. Мислам, не дека ми смета ова - нека има , ама ја би пре уште малку ноџе. Па, сума-сумарум, ќе почнам пак да си пијам витамини и ќе се вратам на темава по месец дена со репортажа. До тогаш онака ќе си кукам по малце кога ќе ме фаќа депресија.
А пивски квасец апчињата јас ги пијам едно насабајле едно навечер, така ми кажа аптекарот, а јас мислам дека е малку тоа
Мене пивскиот квасец ми беа многу ружни. И внимавајте да не ги пиете мн. долго време, зашто се ризик за зголемена влакнавост иначе, јас одам надолу. Веќе немам ни стомаче...јадам и јадам и јадам...нема резултат. Почнува депресија да ме фаќа...