58kg, јес! Уште само две, и не барам повеќе. Како? Знаете, јас многу љубам да јадам леб, јадам по еден цел бел леб сама на ден, не секогаш добро, од време-навреме, посебно кога има тазе ајвар. Така периодов на зимници ми е точно она што ми треба...
Според тебе кои повеќе помагаат за поправање, и онака земав 20 апчиња за проба па имам уште малку, ако не Центрум да купам ? хахахахахах смешно ми паѓа дури
^ па како што кажав, ја идам надолу со килажа, така да не читај совети од мене се надевам дека вагата не беше исправна. У задње време сите ми викаат дека сум се пролепшала валјда не ми прават лице па којзнае, може стварно вагата не беше исправна Јес да, стварно стомакот ми е смален Иначе имам напишано одамна еден пост на темава за Центрумот. Јас ги пиев извесно време и се здебелив. Ама тој период и почнав на работа да одам, имав повеќе оброци во текот на денот, ја сменив околината, помалку стрес имав, па и заљубена...некако се си дојде на место, комбинација од мн. работи и си се здебелив добри 5 кг (што за мене е премија, јас во животот немав мрднато од 45кг.) Само ете, не се знае точно на што се должеше дебелеењето
И јас од 45 најмногу до 47 кг. Пробав центрум, витрум, олиговит, ама баш се - резултат нема. Дај кажете сега што? Не ми викајте стресот да го намалам, тоа е невозможно! Едноставно стресот ми е секојдневие и знам дека затоа не можам да се поправам, ама ајде да пробам - нешто екстра калорично,ама лесно сварливо за навечер да го јадам. Имате идеја?
Повеќе тестенини, протеини, витамински сокови - јас си правам домашни, цедено лимонче, портокалче, сок од морков, цвекло. Потепено зголемувај го количеството храна кое го внесуваш, тоа е многу битно. Најважно е нели да го избегнувате стресот, ама знам колку е тешко - комбинацијата од стрес и нервози е смртоносна за моиве скромни килограми. Јас си направив еден режим, ама не го испочитував уште од старт - ќе си се убијам заради грешкава денес, ама ајде ќе се нормализирам деновиве.
Сум си се здебелила 3 килограми На школо се меревме, кога кажаа колку кила имам сите беа а јас Се изненадив, ама сеуште сум незадоволна.Ајдее уште 2 кила, скромна сум!
На мајка ми пријателка ми ги препопрача Б12. Месец дена ги користам, до сега малку ми се има зголемено апетитот ама уште е рано... ке видиме како ке делуваат кај мене. Сакам да се поправам 3 до 4кг и таманка ке бидам
Баш ова ме плаши. Сега кога ќе почнеме со факултет, стрес на прво место, второ нередовно јадење, дека цел ден на предавања и немаш прилика и да сакаш да јадеш. Летово бев колку-толку, стрес free, и јадев поредовно за разлика од тоа кога одам на факултет, и пак едвај се поправив едно кило. И ако без стрес и со редовна исхрана качив едвај едно кило, што ли ќе биде сега кога ќе почнеме на факултет? Затоа, официјално дигам раце, ова е претешко и неизводливо
Иста сум и јас. До душа, кај мене ова ќе биде без сомнение најубитачна година. Прва, па додека да се привикнам, леле. Се плашам ептен. Сите ми викаат дека ќе сум се поправела и слични залажувалки, ама јас си го знам организмот и знам како фукционирам, ама си ќутам, не сакам да ги разочарувам луѓево или пак да мислат дека сум песимист од старт. Барем немој да се откажуваш. Јас уште ќе пробувам да качам некое килце, а најискрено - со душа чекам да почнам со факултетот, се храбрам дека има да ждерам од утро до вечер. Ќе пробам така, па ќе пишам исход од сето тоа. Се сомневам на резултати некои така позабележителни, ама ајде - нема да ме чини многу за да се обидам барем.
Јас во прва година ослабев страшно. Под стрес некои повеќе јадат, а мене тогаш уста не ми се отвора, затоа ме фаќа страв. Ама не се откажувам, се зезав прееска, ехе, уште само 2 кила ме делат до 60. Но, ќе гледам да се опуштам и порелаксирано да го сфатам сето ова, ако ми се јаде- ќе јадам, ако не- нема, тоа е што е. Со сила убавина не бидува.
Точно, ама мене ме погодува моментот „зошто сите толку лесно качуваат килограми, а јас се мачам толку за едно смотано кило“ !? Мислам дека тоа веќе ми се одразува на психичка база, аман. Само се гледам пред огледало, што да видам - тука коска, ваму коска, две рачички, две прачки надоле и тоа е тоа. Жално е, не е смешно, ама ајде. И како да не се секирам, кога пред некое време 36-ка фармерки ми беа до некаде океј, а синоќа ги облекувам и буквално пливам во нив, посебно во нозете горе. Маки.
Јес. Трудот ми се ислпати и тоа за 2 месеци работа. Од 37 кг , накачив на 41. Конечно. Јадев, јадев, јадев и јадев, и сега сум опседната со храна. Претходно јадев двапати во дента, а сега јадам по четири. Само уште 4кг ништо повеќе. Мислам дека за моја возраст доволно би било 45 кг.
Преку глава ми дојде да слушам дека пак сум ослабела, решив да се измерам. Денес се мерам, и што да видам. 50, пак се враќам на старт значи. Пробав едни фармерки што пред шест месеци ми беа точни, бев задоволна како ми стојат, а сега-закачалка. Преку глава ми е од се, едно кило додавам, две симнувам. А не е до апетитот, имам апетит како за тројца и јадам се, верувајте баш се што ќе посакам. Се трудам да внесувам што повеќе протеини и јаглехидрати, еве почнав и да вежбам повеќе. Ама како што знаат да ми кажат другарките и мајка ми, дека не се поправам затоа што сум многу нервозна. Може има вистина во ова.
Лејјј не се оптеретувајте толку дека сте слаби можеби се е до гените..Дечко ми е слаб премногу јаде премногу и вика дека на нервна база се му било демек затоа е слаб искрено јас незнам бидејки нема човек кој повеќе се нервира од мене на мој години пред 1 година ме пратија да си поправам муабет со стручно лице до тој степен стигнав а дебела сум иако не јадам многу а на нервна база ич Инаку зошто ти вежбаш,за стомачни за мускули за што??? Јас мислам со вежбањето губиш калории и така се што си изела отишло само мое мислење не би сакала како навреда да го сватиш
Вежбам за мускули, точно. Правам стомачни, вежби за нозете, за задникот и слично. Ништо претерано. Инаку да, свесна сум дека и гените играат голема улога тука, затоа што сите од мојата фамилија се слаби. Ми иде да кренам раце веќе, најсериозно. Многу труд, а нема резултати. И лесно е да се каже да не се оптеретуваме, исто како оние со вишок килограми, што нормално сакаат да симнат, ние сакаме да додадеме некој кг...
Епа јас ти кажувам бидејки јас сум една од тие шт сакаат да симнат некое кило и од јануари немам каснато леб а резултати слабо имам стомак што личам на трудна од 4 месец во автобус ми стануваат ми се има тоа десено неколку пати иии потонувам од срам еднашка дури и пред дечко ми бруку. Јас потполно ве разбирам колку ви е на вас тешко толку и на нас....Само не се нервирај ако сето тоа ти е генетски за џабе се малтретираш и буташ во уста се што ке најдеш колку само да се поправиш кога човек си има брз метаболизам не се поправа..... Дечко ми така правеше буташе се што ке најдеше се прејадуваше и на крај го расипа само желудникот,а немаше никакви резултати
Дечки, не знам колку и дали ова има врска, ама го практикувам веќе недела дена и добро е барем засега. Мене наутро ич не ми се јаде, ама буквално воопшто немам апетит. Почнав да јадам по една овошка на гладно срце, на пример банана или јаболко и по триесетина минути имам огромен апетит и си јадам најнормално. Сега следно на листа ми е да го покачам лебот. Обично јадам по 2 средни на дебелина кришки, ама ќе почнам да јадам по 3 барем со еден оброк во денот. Три дена по ред ми успева, се надевам дека нема да се откажам. Муабетот ми беше, дека кога еден или два часа пред јадење каснувам некоја овошка, повеќе ми се отвара апетит. Може ќе биде корисно за некоја што има потешкотии со апетитот периодов, барем да проба, ако не друго.
^ Го зголемува апетитот, ама и го забрзува метаболизмот Јаболкото е идеално наутро за празнење (на гладно срце нели), а бананата совршена за стабилизација на цревата. Иначе јас веќе подолго време ова го практикувам, дава енергија за работа Иначе јас сфатив, иам нога А ла Холивуд, да бев таму ќе бев ептен секси Спојлер
И јас истово го приметив со јаболкото, ама ете не му обрнав толку внимание - и онака терав 2-3 дена додека да се снабдам со банани и продолжив така. Немам такви „проблеми“ со нив, па планирам да терам вака-така некое време, ептен ми го зголемуваат апетитот и да, не ми се спие, енергична сум. Се надевам дека до Нова година ќе има барем пола од посакуваните резултати.