Браво бе Мишела, баш си ми упорна ти посакувам успех И јас пуста, ме фаќа депресија на моменти, цел живот една желба и никако 5 кила да качам, ништо друго не сакам да сменам на мене. Си го сакам телото, си го сакам обликот, нозете, лицето, само уште тие 5 кила, и не барам ништо повеќе.. Некогаш ме фаќаат моменти на храброст, дека ќе успеам, дека сум блиску, а некогаш се чувствувам толку тажно и очајно со мисли дека никогаш нема да успеам. Но не се откажувам!! Сега од понеделник пак ќе почнам да одам на фитнес, и дупло повеќе да јадам, па веројатно повторно ќе има уште поголемо подобрување п.с кога почнав да одам на фитнес пред неколку месеци, после месец дена сите ми викаа дека сум била некако поправена и телото ми добило убав облик, така да тоа многу, многу помага секако мора и да се јаде. Ајде, надежта последна умира
да се разочараш дека неможеш да се здебелиѓ 5 кила?? чекај кога ќе останеш бремена кога ќе накачуваш не 5, 20 кила па кога ќе ти останат па ќе плачеш да симнеш не 5, 10 кила ајде бе луѓе што се замарате толку радувајте се дека сте слабички сеа зошто може и тоа нема да ви се врати веќе јас имам 2 деца па молам да симнам некое килце а порано бев 1 69 со 45 килца костур а сеа плачам за да си носам нешто тесно ова ви го зборам од искуство кога апетитот ќе ти остане по бременоста после амин враќање а зависи може и да не остане
Епа, радувај се и ти ако си полничка, ќе си имаш резерви во залиха. А ние, коски ќе кршиме. Нема врска и не ти држи вода муабетот за килограмите во бременоста. Генетика е во прашање и тука, т.е. во прашање е самиот метаболизам и колку сте вие спремни да се изборите со тој факт на вишок килограми и да превземете определени мерки за нивно елиминирање. Лична желба, пред сето останато. А и за конкретен пример ќе ти ги наведам сите жени во моето потесно семејство, почнувајќи од мајка ми. Секогаш си се врти со килажата околу 53-56. И во двете бремености имала над 80 килограми и тоа за неа беше премногу, барем колку што се сеќавам на нејзиниот изглед пред да се роди брат ми. За месец дена, најкасно два, си се враќаше во нормала, без вежбање, без посебни режими на исхрана. Бременоста, та бременоста. Ако се сака - се може, тешко е кога се нема желба. Точка. И ич не е убаво од ваша страна ваков муабет - радувајте се што сте слаби, си мислиш јас и сите други на темава сакаме да сме слаби. А и не знам дали ти би се радувала, кога ќе се гледаш во огледало и ќе видиш со свои очи како панталони 36-ка ти се огромни. Не би рекла дека ќе бидеш горда на таа слика, воопшто. Ние на никоја од темата за диеталките немаме пишано - радувајте се што имате вишок, бидете среќни и дебелки, па не гледам причина и овде да се пишуваат такви бисери. Ве молам, поштедете нѐ.
Навистина..и мене ми се глупави таквите коментари. ај сеа на дебелите, радувајте се што сте дебели што се замарате, сакајте се такви Јас сум среќна што имам мали коски и слаба конституција тоа да, не дека не сум. Сега се гриижам за сегашноста, кога ќе дојде време ако треба и ќе се мачам со симнување на килограми..тоа не е и правило башка..дека после бременоста ќе се мачиш, многу жени лесно ги изгубиле несаканите килограми. тогаш за тогаш, сега за сега. Јас просто се чудам на кого сум? Ниту мајка ми е слаба, ниту татко ми..мајка ми си е полничка, си има вишок, ама ако, убава си е, и стои и татко ми си има мешак и се.. а јас пусто кило да не можам да качам.. а јадам не дека не јадам.. но нема откажување. последниот пат кога имав успех беше пред неколку месеци кога качив 3 кила! и тоа асално ги качив не само моментално така да е.. ама тогаш комбинирав вежбање, значи активно вежбање неколку пати во неделата, и мнооогу јадење..ама стварно тогаш 4-5 пати во денот јадев, и се поправив..сега ќе почнам пак со истиот режим, мора да има резултати
И јас имам најголема мака со тоа всушност како ми стојат фармерки. Вака кога се гледам во огледало, по долна облека или во лето општо кога се носи кратко, се чувствувам навистина удобно и задоволно со тоа како изгледам, ама а облечам фармерки се ми пропаѓа во вода. Ако земам помал број за да ми седат припиени во нозете, тогаш не можам да ги закопчам, па земам поголем број кој ќе ме собере во задников, дека иако сум слаба имам пошироки колкови и истакнат задник, но тогаш фармеркиве околу 10цм над колена и под колената ми се широки, ко ѕвонарки. Воопшто не изгледа убаво, воопшто. А за овие што коментираат да бидеме среќни што сме слаби, хех.. истите верувам, во живо, би не прашале она легендарното прашање - Ти даваат од дома да јадеш? И уште нешто - мислам дека е милион пати потешко да ставиш некое кило, отколку да ослабеш,сите мислат дека ако јадеш повеќе килограмите ќе си дојдат, ама воопшто не е така. Верувајте на "нас слабиве" ич не ни е лесно.
Го имав истиов проблем, и решение за неколку килограми ми беше почнување со теретана. Нема тука многу филозофија: правилна исхрана и вежбање. Се надевам дека ке помогнам некому: Доручек: 4 белки, чаша јогурт, 2 чаши млеко Ужина: конзерва туна, 4 лажици путер од кикирики Ручек: Стек, 2 чаши млеко, зеленчук, 2 лажици путер од кикирики Попладневна ужина: Суво овошје, јаткасто овошје, мисиркино месо, млеко. Вечера: Пилешко или друго месо, зеленчук, млеко Пред спиење: Протеински шејк, јогурт. Диетава е високопротеинска, делува, но пак ке напоменам, мора да се вежба, иначе лошо се распределува, вежбањето дава убаво оформување. Не се плашете од мускули. И тоа како е тешко да се направат, не е туку така, нејкам да вежбам/нејќам мускули. Врска нема. За тие мускули, време и пот треба.. Пијте многу вода. Поздрав.
Девојки јас штотуку зедов Бетавитевит пивски квасец, дали некоја од вас ги има пиено и дали можеби знаете колку се ефикасни ?
Во однос на диетава погоре...јас како економист...што да правам со жолчките од јајцата? Ова ако го имам за доручек, веднаш трчам кон вц и ги губам кг од претходниот ден . На западу ништа ново. Стомак намален, гради намалени, сукњи исклучиво до колена (идеално стојат на слаба нога). Тесна панталона, фармерка чистам од плакар. Од следеча плата одам во шопинг на широки панталони арно си беше едно време во мода ѕвонарки да се носат...
Спојлер Верувам дека режимов има ефекти, но кога ги прават ваквиве распореди на јадење, секогаш се заборава на еден многу битен момент. А тоа е следново. За да се водиш по овој режим треба да си по цел ден дома. Јас сум по цел ден на факултет, дома сум само за вечера. За појадок,ужина,ручек и друга ужина сум на факултет. И? Кое е решението? Не се работи за суви јадења, ниту пак за нешто ситно за да го носам со мене, нели. Затоа, во теорија е ефективно, да, но во пракса - тешко изводливо. Скоро никој нема толку слободно време, никој не е по цел ден дома, за да се води според овој распоред...
Поправена сум едно кило. Ама, се двам помалце, кога ќе почнам со предавања очекувајте да се вратам на темава со кукања од типот - ги стопив оние неколку кила што ги качив. До кога вака ? Спојлер Ова реторичко прашање ќе му дојде ...
Девојки зошто не се обратите до некој тренер во овие теретаниве и боди-билдинг центрите ? Јас немам проблем со килограмите, но една моја другарка сакаше да се поправи 5-6 килограми и се обрати кај тренер. Тој според конструкцијата на телото и препиша исхрана која беше високо калорична и протеинска (јадеше многу банани, тестенини, пилшко, ориз, риби а можеше да јади и пици, сендвичи, тостови но без кечап и мајонез и сл.) Исто така, таа пиеше и протеини тоа беше нешто како прашок и го раствораше со млеко 3 пати на ден. јадеше многу обемно и во точно определени количини, и за околу 6 месеци го имаше посакуваниот резултат
Да ви го претставам моето ново откритие за дебелеење, сирупот Аписируп. Го нема во сите аптеки, јас го купив од една во Буњаковец и е околу 400 денари. Кај мене чуда направи. Не можам да престанам да јадам. Ќе се најдам и за 15-20 минути пак сум гладна. Јас секогаш имав проблем сабајле, ништо не ми се ставаше во уста до 13 часот, а сега станувам и јадам како луда. Пробајте го, на база на мед е и за имунитет е супер. Спојлер
Е одма ке го купам, бас да видиме дали кај мене ке има резултат. Ме интересира Срекичка некој ти го препорача или случајно го откри?
Бев во аптека и прашав нешто за имунитет на природна база и ме гледа аптекарката костур анатомски и ми рече дека сирупов е и за имунитет и за апетит. После го барав и во Зегин ама го немаше.
Минатиот понеделник се мерев и излегоа 40 кг. Шок ме мавна и мене, а и мајка ми која претходно не ми веруваше дека толку сум ослабена. За здравствените проблеми ми дадоа еден прашок да пијам 3 пати на ден пред јадење, што значи и морам да јадам три пати на ден. Јухуууу! Забележав дека по 3,4 часа почнува пак да ме фаќа криза за храна. На почетокот кога почнав да го пијам, дека е благ не можев да изедам повеќе од 2 кришки, а сега се враќам на старото 4,5 кришки на јадење. Брзо ми се пријадува па јадам 4 пати дневно. Забележав дека градникот ми станува потесен, па ми рипна мевце од страните. Се надевам ќе си се вратам на старата килажа.
Марамке, ајде ако не ти е тешко еден рапорт за прашокот. За апетит е, или тебе ти беше даден од други причини ? Колку чини, енд соу он. И, како напредувате ? Ве нема некако. Јас сум океј, со многу зголемен апетит (што да правам, ми се погодија цимерки кои љубат да каснуваат по 5-6 оброка на ден ), се надевам и со некое качено кило. Не се мерам до декември и се надевам дека ќе се мрдне стрелката на десно.
^ Леле Мишелке, како да не има. Распоредот на факултет ми е катастрофален,баш како што претпоставив, скоро секој ден сум по минимум 6 саати на предавања и вежби, без ниту една пауза, и немам време за јадење. И, ништо, си се помирив. Ќе јадам колку можам, каква сум-таква, немам избор навистина... Уште ги имам оние 58/59 летово што успеав да ги качам, фала Богу, ама еве, се наближува колоквиумски стрес, па кај и да е ќе ги снема...
Јас немам што да кажам на темава, стигнав и под просекот. Се убедувам себеси (скришно од другарка ми) дека она ја наместила вагата 2кг помалку да покажува Барем крвната слика ми е во ред (откако 3пати ќе се онесвестев при крводавањето ), ама стомакот ми е ослабен, обемот околу градите помал, нозете... не знам што ми се случува...А јас дури и за време на менструација станав стрвна Веќе неколку пати си се најдов очајна, па само си се тешам. Го дочекувам октомври со намалена килажа и нов пар широки панталони. Тоа е се што имам да кажам на темава моментално
Колку шо ни е тешко нас да ослабиме, толку е тешко и на слабите да качат килажа. Сестра ми е преслаба за нејзини години, а јаде многу. Добро е што има апетит, ама никако не се здебелува. ГЛУПО е, значи ГЛУПО Е ко ќе ја прашаат дали од дома и даваме да јаде. Мислам, овие другите цел фрижидер ли бутаат шо се такви дебели? Ниту дебелите сакаат да бидат слаби, ниту слабите сакаат да бидат дебели. Сите сакаме да имаме здраво тело, килажа која ќе ни доликува и ќе биде онаа, правилната за нас. Ето зато ве молам немојте да викате дека е убаво шо некој е слабичок/слабичка. Извинете за офтопик. Уствари шо има да се извинувам, така си е. Чаопријатно. :geek:
Кравче, теши се барем дека крвната слика ти е океј - мојата е средно жалосна. Мене искрено, ми се смачи да се трудам цело време, да ждерам, да се трујам со витамини ... Толку ли е тешко, мајку му, ми се смачи. Распоредот на факултетот ми е добар, само два дена ми се исцрпувачки и немам паузи меѓу предавањата и немам појма како ќе биде, ама претчувствувам дека ќе се онесвестувам на велико ако не ставам добар план за ужинка во тие неколку минути што ќе ги имам на располагање. Единствено добро во случајов ми се цимерките, едната е послаба и од мене и сме си морална поддршка на некој начин. Барем имам друштво за јадење во било кој период од денот. А друго ме трогнува - како на некои преслаби девојки им стојат убаво фустанчиња и кратки панталончиња, а мене не !? Стварно не можам да си го објаснам тоа и искрено, ме боли, ептен ми е тешко. До контрукцијата ли е, до што ? И јас сум коска и кожа и таа исто, и пак нејзе поубаво ѝ стои. Кратко немам облечено ... дури и не паметам од кога. Од година во година се наоѓа (и тоа од петни жили) модел на фустан или здолниште што ми стои убаво. Факт е дека убаво сум градена, ама кога нема на што да застане тој фустан, џабе е. Разочарана и демотивирана сум в крај, ама мора, мора, мора да качам барем 3 кила.