Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И јас се придружувам на клубот за здебелување.
    Бев со нормална тежина, а во Август месец премногу ослабев. Уште сум во развој, да ама ептен се чудам како одеднаш се исушив. Сепак мислам дека е резултат на нередовно јадење, а и доста сум извишена. :!:
    Сега почнав да пијам пивски квасец 3 пати во денот по две и Б комплекс 3 пати во денот по едно. Имам апетит и ми се јаде и јадам.
    Пред еден месец си ја испитав крвта да видам дали е се‘ добро и хемоглобинот ми е 143.
    Отприлика мислам дека ќе ми требат 6-7 кила за качување. Искрено ќе бидам среќна и 5 да качам затоа што ни едни фармерки не ми стојат како што треба. |( Се тешам што иде зимо па зимници, празници наваму, натаму па имам надеж.
     
  2. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Ајде и ја да пишам подетални новости за мене.
    Се натажив кога гледам дека повеќето се негативни коментари, но јас, прв пат, за чудо, носам позитивни новости и се надевам ќе ве мотивирам и јас како што се мотивирав и самата себе периодов :wasntme:
    Јас сум 178-9см висока ама си заокружувам на 180, мање-више некој сантим не прави разлика, веќе две години негде немав мрднато од 56 кила. Значи 26 кила бев у минус и неможев и неможев да се здебелам.
    Едно време ќе ме фатеше инатот и она позитивното, ќе јадев, ќе бев упорна, ќе се измерам, гледам истата килажа, се разочарував и се помирив нема спас за мене..после некое време пак ќе се заинатев и така..периоди...летово не се оптеретував многу со килажата ниту колку што и кога јадам..едноставно си течеше времето..во септември решив колку онака, да се измерам, у соба ми е позади врата вагата, и си ја очекував истата онаа бројка 56 да се појави како и секогаш, се качувам и неможев да поверувам, 60 рамно!! Го викам татко ми одма да се измери, без да кажам нешто, и он вика, ако сум 95, точна е, ако е повеќе не е :D :D (пошто вагава ни е од дедо ное, и некогаш зеза, ќе се качам ќе покаже една цифра, ќе се симнам и пак ќе се качам ќе покаже повеќе/помалце :^) ) И се качува татко ми, и ете, толку си беше како што си кажа.
    Значи не ми се веруваше, викам нема шанси да е ова вака.
    После следните денови кога почнавме со факултет, нешто подоцна, ми викаат полно другарки се имам здебелено..и ја таква, не дека не ми годи, али нејќам да се прерадувувам, уште е рано..ај една може да ти прави лице, втора, трета, али 7-8 души ми кажаа исто, без да им отворам тема у стил, дечки, мислите дека се имам здебелено некое кило?.. значи самите, така да веројатно е вистина...ама до толку тие 3-4 кила да ми се познаваат и не верував..
    И пресреќна сум да ви кажам, почнаа фармерки да ми стојат луѓе, почнав на човек да личам...уште е рано велам, уште има за јадење :D , ама има напредок!
    Така да целам кон 65 кила, тоа е минус 15 од висината што според мене е идеална.
    Имам плус другарка од клас што е моја висина, и е 65 кила и презгодна е значи.
    Како се здебелив? Ех да знаев..појма немам како.. според татко ми е веројатно од летово, а никогаш не помислував дека налето ќе се здебелам пошто тогаш ИЧ не ми се јаде, само вода љокам, веројатно кај повеќето е така нели..ама ете..цело лето Охрид си бев, и лево десно, искачање навечер до касно, во 1 се враќам - јади, во 5 се враќам - јади, пред да искочам, по искачање, за време на искачање со другарки...можда од тоа...

    Се надевам и вие ќе се мотивирате и ќе има резултати..
    А јас сум ептен мотивирана и ќе ја стигнам таа 65ка па што сака нека биде. :devil:

    едит.
    Сега видов дека огромен текст испаднал, ќе го кратам али ај..нека стои, кој го мрзи нека не чита :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски

    Мишелке мене ми беше даден ради проблемите со здравјето. Надополнет е со некои витамини ама многу е скап. Месечно ме фаќа по 4000 денари. Не ми е даден за апетит, не би пишувала тука за што е.
    Јас мислам дека тој ми влијае, но можеби и психата, си се опуштив дека поарно ќе ми биде, па еве вчера само 5 пати кснав. :wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ај и јас да ви се пофалам, мрдна конечно стрелката и кај мене и тоа цели две кила. :rock:
    За нецел месец откако почнав да го пијам сирупот, како што ви пишав добив неверојатен апетит и ете си има резултати. Ми се потполнија малце образите и ќеифови сум сега кога ми кажаа дека сум пуштила и газе ^_^
     
    На belieber, Mishela, Name и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Буричкав низ нетов за да си помогнам себеси, па еве некои лесни трикови, покрај вообичаените, за да се излажеме да ни се јаде. Среќичка сирупот читав дека е нешто за кашлица, па откако ќе ја испрашам матичнава дали е добар, би си го земала и самата, ма колку сака нека чини :angel: Иначе, еве добри финти :)
    -Опколете се себеси со добри мириси. Поминувајте често покрај пекара или ресторани.
    -Читајте списанија за храна.
    -Имајте високо калоричен десерт кој е релативно здрав, како што се бананите или некоја пита со овошја
    -Апетитот се разликува од глад или од добивање на тежина. Гладот е неудобно чувство на стомакот кога е празен, апетитот е желба за храна. Повеќето од овие чекори се наменети за доивање на тежина и можност да се јаде повеќе
    -Губењето на апетит може да е знак на депресија. Запрашајте се себеси дали изгубивте само апетит или и желба за мн други работи.
    -Најдете начин како да го намалите стресот.
    -Користете поголеми чинии, чаши..
    -Направете го ручекот пријатен, било украсувајќи ја масата интересно или во придружба на пријатни луѓе.
    -Чувајте го фрижидерот полн со јадења кои вие ги сакате
    -Јадете различна храна за време на еден оброк, т.е. со ручекот и салатка и сиренце и маслинки... :D
    -Некои бои и облици на храна може повеќе да влијаат на апетитот, жолтата, зелената црвената и портокаловата го зголемуваат, храната изгледа попривлечно кога е сервирана во повеќе мали чинии, отколку се заедно во една голема.
    -Намалете на храната богата со растителни влакна, затоа што истата е наменета за диета. Отсуството на растителни влакна во организмот ќе ве направи почесто гладни (јас ова не знам дали би го применувала, растителните влакна во овошјата се здрави, енд ај нит хелт :D )

    Збирни ствари од различни сајтови. Мене знам дека гледањето на слики и читањето на рецепти и те како ми отвара апетит :D
     
    На Name и Mishela им се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.510
    Допаѓања:
    10.566
    Пол:
    Женски
    Дами и јас ви се приклучувам во клубот. Незнам вие по колку јадете јас во просек јадам по 7,8 рибанки дневно леб, меѓу оброоци секогаш по нешто јадам посебно блашко ама јок брате не иде, изгледа малце е :( . Дури мразам кога некој ке ми рече абе дете ти ручкаш ли нешто :devil: , не бе, не ручкам од дома на диета ме држат :rock:, па и на детенце им личам на 25 години :lol: . А освен тоа и метаболизмот ми е стрела почесто, така да :lol: . Почнав б комплекс да пијам редовно отвара апетит па ке видиме. Сакам 3, 4 килца да накачам гради имам неможам да се пожалам, ама малку нозите и газот да ми се исполнат нема да е лошо.
     
  7. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам на клубот, имам 15 години и имам 40 кг. Сега 1година и страм ми е, непријатно ми е, во цело школо само јас костурче им сум. А не сакам да земам сирупи, апчина, квасец и слично сакам онака природно. Сепак можи има напредок пошто кај јуни имав 34 кг :tmi: сега 40 8) значи летово сум се здебелила и горда сум. Инаку немам време сега за јадење, на школо од 13:30 значи во 12:30 тргнувам од дома само ручам и појадувам по 2 кришки леб :?: па на голем одмор по една кифла и дома кога ќе дојдам јадам пак 2 кришки ;( аман па веќе сакам и јас да наполнам градник, нозе а најмногу ми е страв за здравјето ама тоа е.
    Така да ако има некоја феминка совети за природно да го зголемам апетитот добредојдена е :lol:
    ПС: Се надевам сите од форумов еден ден(што е можно поскоро) ќе си имаат посакувана тежина! :*
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Советите што ги дала kravce се одлични за некој што нема апетит и заради тоа слабее, ама што да кажам за мене... Јас феминки мои,јадам ПРЕМНОГУ, и тоа не со сила, туку затоа што ми се јаде и имам огромен апетит посебно за бели пецива, лиснати, сендвичи, тестенини и благо. Моите се исто така слаби па се плашам дека нема никогаш да успеам. :| Се демотивирам со секој изминат ден и да ви кажам, почнувам да се помирувам со ситуацијата. Тешко ми е кога некој ми кажува дека сум ослабела. Стрелката не мрда т.е. мрда, ама само надолу. :( Незнаев дека борбата за 5 кила плус била толку тешка.
     
  9. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас денеска на рапорт, нешто многу необично за мене се деси...
    Значи до 9 саат јас веќе имав јадено 4 пати, што за мене е мноогу чудно, не ми е таков распоредот.
    Нормално доручкувам малку за голем одмор накај 9 саат, ама не е тоа тоа. Доаѓам дома после школо накај 2 и тогаш малку јадам за да не биде без ич. Ручекот е некаде накај 5, 5 ипол и вечера во 10.

    Денеска беше тотално различно, ми треба некој да ми ја потврди теоријата.
    Дома стигнав околу 12 часот, и цела бев мртва гладна. Мајка ми ми даде две зрна аронија, дека било здраво. (прв пат во живот јадам аронија). Имавме крушки па неможев да дочекам па си лапнав една, на гладно срце. Накај 12 ипол неможев да издржам, премногу ми се јадеше. Си намачкам две дебели кришки леб, ајварче и сиренце, ми се погоди :lol: Накај 3, 3 ипол пак ми се јадеше, се мислев да намачкам нешто друго, ама видов дека има веќе ручек спремено, па наполнив полна чинија гравче. Се најадов и секако не бев веќе гладна. Потоа пак, за рок од 3 саати јас повторно бев гладна! 7 саат, си направив чокомакс, колку да се залажам, ама за неполн час пак си намачкав кришка ајварче!

    Сега јас се мислам, дали е поради аронијата која ја изедов на гладно срце, па така апетитот ми скокна?
     
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јас незнам дали да слабеам или да се здебелам.Имам 12 а тешка сум 48 кг,и висока сум 166 cm.Некогаш си викам добро е нормална сум,ама некогаш ќе ми текне и мерам индекс на телесна маса(BMI) и ми покажува 17,50,што значи неухрането :$ а границата за нормала е 18,5. Е тоа ме нервира,а ако накачам едно кило,во стомак ми оди. :@ :headbang: Значи сакам без стомак,а 1-2 кила плус(не мора,ама...) :tmi:
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Против генетика... :worried: нема некое чаре. И моите дома се слаби, т.е. мајка ми беше до пред едно 10год. сега се збуцка малце, ама да чекам 40ка за да се здебелам :o нечу бре. Иначе убаво вака што ви фалат по 4,5 кг, ама јас целам на повеќе :wasntme: Сфатив зошто ослабев летово, оскудна ми беше вечерата, па сега надокнадувам за тоа, се опуштив. Ма какви грчеви насабајле, и да не можам да спијам цела ноќ ми е гајле, јас си вечерам доцна и тоа се што ќе ми се најде :D денес одам на вага (не на онаа на другарка ми :wasntme: ) само ако нема некое плусче :!:
    се загрижив зашто стварно изгубив доста килажа летово :worried: имам нога џоа Шеќеринска :tmi:

    патем, терам втора доза Центрум, во план ми е 3месеци последователно да ги пијам, да видам дали ќе ми направат разлика
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Elena, moj sovet ti e da ne jades tolku ceto. So pocesti obroci uste poveke go zabrzuvas tvojot i taka brz metabolizam. Mojot sovet e da jades maksimum 3 pati na den obilno i da ne jades megu obroci
     
  13. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Девојки,

    вашиот проблем е поголем отколку оној на девојките како мене кои сме се бореле да изгубиме килограми. Верувајтеми свесна сум за тоа. Но бидејки јас во текот на моите 32 години станав „експерт“ за диети си го упропастив здравјето и ресив да се обратам кај луге ција работа е да ни казат како најправилно да се храниме.
    Јас изгубив 10 килограми, ама моја пријателка стави 7 килограми и сега веке не е цепкалка туку има тело како Бионсе :) Еден децко има ставено 16 килограми и од неухрането момче сега е типче и многу други слуцаи.
    Доколку сет заинтересирани писете ми во инбокс за да ве препорацам и да ви дадам контакти
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    И чаре? :)
     
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски

    Верувам сите што се на темава активни, се заинтересирани во ставање на некое килце плус, така да не гледам потреба да пишуваме во инбокс, пиши тука доколку имаш некој совет, диета итн.. :) :)
     
  16. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Јас немам совет, нити можам даа го дадам, но познавам луѓе што можат. За инбокс пишав дека на ЛП е ви дадам контакт од некој од нив а не сакам јавно да ги споделам.
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Девојки, ако некоја од вас има можност да се испроба по препоракиве на велнесгрл, нека пише резултати :)
    јас, многу јадам во последно време :^) не знам дали од центрумот, овие две недели пијам и чај од брусница секој ден, па приметив и дека после чајот одма ми се пријадува :^) па ме натера да се помислам и да прогуглам нешто и за брусницата
    Cranberry can be used to stimulate the digestive enzymes in the mouth to stimulate appetite. Up to 16 ounces of pure cranberry juice--not the cocktail juice--a day in divided amounts may help to increase appetite.
    :geek: е сеа, прочитав и доста дека се користи за диета :^) па оди снајди се со чичко гугл :D
    сеуште не стигнав да се измерам, ама дефинитивно не се откажувам од брусницава цела зима...и така ме држи настрана од настинки :)
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.030
    Пол:
    Женски
    Јас се шокирав сабајлево.
    Бев настината изминатава недела и еве уште сум по малце, и апетитот ми беше на најниско можно ниво, но со сила јадев за да не го истоштувам организмов дополнително.
    И сабајлево застанав на вага, и гледам 55кг ;(
    Значи сум ослабела цели 3-4 кила за само неколку дена, ги изгубив оние 58/59 кои ги имав од летово, кои едвај ги качив ;(
    Катастрофа....
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Здраво, како си?
    Како оди процесот со дебелеење?
    Сега читам за сирупот што си го пишала, го пиеш ли уште? Има ли добар вкус или не? По колку пати на ден пиеш од него, и некој ти го препорачал или сама реши да го пробаш?

    Извини што те утепав со прашања, ама и јас си ја имам истата мака :)
     
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Освен овојшјето, и мастики за џвакање го отвараат апетот. Од искуство ви кажувам. ;) Ама се на се, подобро е со овошје. По хранливо е, отколку мастиките. :)