Јас не пијам никакви витамински апчиња, ниту за апетит. Само ако ми текни еднаш неделно ако се напијам витамин Ц. Порано пиев редовно секој ден Б комплекс, ама имав помал апетит.
Нема врска, јас веќе речиси три месеци функционирам без витамински таблети, а морам да напоменам дека ги пиев секојдневно откако знам за себе. Па ете, најголем напредок ми е тоа до сега, да не се подречам. Meне тоа твоево ми личи на пласибо ефект. Земаш витамини и потсвесно мислиш дека заради нив и апетитот ти се зголемува и дека ти треба поголем внес на храна ...
Абе каков и да е ефектот, битно е да го има Може кај некој имаат ефект стварно, кај некој не. И кај мене не.
Иако одамна требаше да се приклучам на клубов, од пуста надеж дека нема потреба, ќе се здебелам демек, ме немаше. Јас сум висока скоро 175cm и тежам само 50kg. Значи секоја прилика кога ќе начекам вага се мерам со надеж дека ќе се помрдне стрелката...ама не. Јадам речиси нормално, некогаш нередовно. Значи има периоди кога можам и цела крава со кечап би изела, а периоди кога едвај едно залаче можам да изџвака. Катастрофа! Мајка ми ме опремила деновиве со некој сируп од аронија, чај од брусница, зошто Олиговит како и Б-Комплекс кај мене не даваа никакви резултати. Па сега да видам со сирупот дали мојот апетит ќе се нормализира. Јас се надевам дека наскоро ќе имам +10kg. Нескромно, знам, ама желба голема ми е!
и јас никако да се поправам имам само 50 кг,си викам барем 55 да имам али никако.. ех сега некој време си викам да се здебелам али некогас си викам па може со време ке си биде и тоа...ех сега некој несто да писе за тоа да се здебелам малце не ке е лосо
Блазеси ви и за тие 2-3 кг што сте ги добиле кај мене е исто варирам 50-51 кг. Губам надеж оставам така нема веќе да се замарам таа сум, 2 години мачам за 4-5 кг . Не дека не личам на човек фамилјарно ни е слаби од страна на таткоми, а и криво ми е и тие атрибути што си ги имам што личев на женско ги изгубив. Се радувам за вас сите ако има некој резултат кај мене, без ништо да се замарам ке пишам
Ееее јас да имам 50 килограми ми е животна желба никогаш неостварена. Мојот максимум „најдебела“ е 47-8
Еден трик. Местете си го алармот на телефонот на секои 3 часа да ве потсетува да јадете. Доколку не осеќате голем глад, насила изедете две кришки леб со било што. Од лебот најмногу се дебелее, оставете вие апчиња, психа е се. Килограмите нема да се накачат из чиста мира, треба џвакање за тоа. Јас кога сум ослабнета си ставам цел за една недела да накачам 2-3 килца и стално грицкам нешто и воала. Инаку сега сум 167 см висока и 52 кила тешка, и сум задоволна. А летото стигнав до 54 кила кога си дојдов од одмор. Од гиро јадење секојдневно се направив прасица и да ви кажам бидејки не сум навикнета на таа килажа, ми пречеше. Газот ми тежеше.
Прв пат слушам ова за мастиките, кај мене секогаш имаат па спротивен ефект. Ми го „одложуваат“ апетитот. Дoлго време ми останува вкусот на мастиката во уста и тогаш не можам да замислам да јадам нешто. Башка ми го убива вкусот, и ако џвакнам мастика одма после тоа ако јадам или пијам нешто не ми е баш вкусно
А да пробате со лути мастики? На пр. Орбит. Блажината на мастиката за 2-3 минути ја снемува. Пробајте мора да има резултати.
абе кај мене е чудно!!! јас пред една ипол година почнав да се дебелеам(4 килца не се мн)ама сега почнав да слабеам колку и да јадам и да пијам газирано и чоколади по пет на ден да бутам пак нема ефект...помош??
Треба да се поправам до НГ 3,4 кг. Таков ни е договорот со него. Ми вика секој ден ќе те потсеќам да јадеш по 4 пати во денот и плус навечер пред спиење чаша млеко и чоколадо или друго блачко. Па ќе видам колку ќе успеам да се здебелеам.
^ Ај се кладиме дека ќе се поправиш. Ако не 4, 2 секако! Верувај, ќе ти вика ден-два, недела дена нон-стоп - јади, јади, а ти јадеше ? А колку пати? А убаво се најаде? А блачко ? А мајка ти ти пушти јадење, а? И ќе ти дојде преку глава и ќе ти прејде во навика и сама ќе почнеш да гнетеш. True story.
Леле ова исто како кај мене Сеуште сум на 2 јас, (ама па некако се опуштив сега па не јадам многу ) ајде само со упорноост и јадење ќе бидде. Јади секој ден по 1 милка, тоа бар вкусно е
Мајка ми ми вика дека никогаш не сум била подебела, а јас па викам дека ми фалат уште 4,5 кг. Како ги ставив појма немам ама многу јадам, осебено благо. Ново откритие ми се едни мафини на Винчини, 6 има во едно пакетче, јас јадам 4 моите по 1 крем со лажичка си јадам, еден на Таково ми е за два дена. Овошје, салати меѓу оброци. Лебар сум голем, дома 3 цури јадеме 2 леба, значи просек на јадење ми се 3,4 кришки. Забележав дека повеќе се дебелеам кога оброкот ми е поразновиден. Сакам кога јадам се да извадам на маса и од се по малку да каснам. Еве дур пишувам си кснувам мафинче Значи не забележав од што се здебелив ама бидна, образиве пукаат
На ум ми дојде една идеја, е сега колку ќе ја испочитувате е ваше. Секој за себе нека направи план за храна, било каква храна по ваша желба. Следето го планот недела дена, па ако има резултати кажете. Овјавувјате неделно. Пр. на 14.11.2012 бев 45 сега сум 54. Мислам дека ме сваќате што сакам да кажам. А и позабавно е кога се наптерваруваш со друг.
Јас си купив вчера дигитална вага нааааајубава на свет, мери точно до грамче (имав една стара пред тоа..со стрелка, секогаш различно покажува -.- е сега со оваа нема утка) И ајде одма фамилијарно мерењее Нема да се мерам секојдневно, мислам тоа не е убаво, опсесивно некако ми личи, не сакам да се оптоварувам со тоа толку многу, но еднаш неделно ќе си се мерам и ќе почнам да водам дневник. Едно грамче да е повеќе, значи има резултат. Што значи ја прифаќам идејата на Теди ^ Иначе за мојата ситуација..нема промена..од пред неколку недели што пишав дека сум здебелена 4 кила, толку сум и сега, немам качено од тогаш Али затоа, да гледаме од посветлата страна, немам и симнато, што е боза за мене Од сега натаму, поангажирано