Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Јас почнувам од утре. :) Значи ако сакам да имам подобри резултати, морам и малку да се потрудам.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Морав да пишам се поправив 2кг вежбам секој ден барем 15-20 мин и повеќе јадам пресреќна сум :lol:
    имало надеж и за мене не дека ми се познаваат до толку ама битно вагата си кажува. :)
    (уште 2 и доста ми се)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Јас колку што те имам приметено на сликите од модни критики ти имаш совршено тело мислам дека не ти треба ни килце плус не пак 10 :D . И јас сум 174 одприлика и 50тина кила не сум се мерела од летото ама сигурно нема некоја значајна промена. Не јадам доволно тоа е проблемот кај мене, сум приметила резултати за околу две недели кога ќе ги зголемам оброците ама тоа е , ќе осетам промена и се опуштам пак се враќам на старо. Се надевам ќе се поправам некој ден бидејќи стварно преку глава ми е од коментарите на моите највеќе |(
     
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.494
    Последно кога се мерев(а тоа беше одамна)имав едвај 40 кг и ајде реков денес ке се мерам онака,кога гледам 44 :rofl: пресреќна сум,на мене многу не се забележува тоа нискичка сум 1.56 но уште неколку килца би сакала да ставам.Пијам пивски квасец и јадам онака кога ми се јаде некогаш цел ден грицкам нешто,некогаш заборавам дека треба да јадам,веќе 3 дена пред легнување пијам млеко,па ке видиме,не се оптеретувам премногу зошто секогаш кога ке решам да јадам и да ставам некое килце губам апетит.
     
    На SparkyAngel, kravce и Rose96 им се допаѓа ова.
  5. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Дали во аптеките, освен пивски квасец има нешто друго за дебелеење? :^)
     
  6. sofi.23

    sofi.23 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, јас пред една година се породив, ќерка ми има сега годинка, одсекогаш бев слаба 50-55 а сум 168 цм. и си бев супер.Последната година имав 45 кг 2 месеца откако се породив.Изгледав ужасно пробав се и сешто, пивски квасец, витамини јадење на три часа млеко пиев по 3 кг полномасно и сл.Ништо не помагаше, додека една друграка не ми кажа дека еден ѓејк од Wllness програма сто најчесто луќето го користат за слабеење се користи и за дебелеење, бидејќи е дистрибутер го добив по дистрибутерска цена беше 1500 ден.содржи сурутка( најпротеиски екстракт од млеко) и влијае само на креирање мускулна маса.За помалу од еден месец јас се здебелив околу 5 кг. и уште го пијам презадоволна сум, инаку на човек не личев.Не се откажувајте и недостатокот на килограми може да е извор и на многу болести.

    Голем Поздрав
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.519
    Пол:
    Женски
    Уште не сум успеала да се измерам. Но, денес носев едни фармерки кои пукаа на мене, а ми беа широчки.
    Летово купував гардероба XS, а денес купив едно фустанче S кое мајка ми ми рече дека ми е тесно, а и навистина ми е во колковите. Ќе си имам проблем кога ќе се згојам ко јас што сакам, широки колкови, тесно половинче.
    Значи јадете редовно, јадете многу, баталете она после 20 часот дека не се јаде, еве сега само што раскренав маса :wasntme:
     
    На kravce и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.494
    Eве и јас,наздравје нека ние :rofl: но тоа мене не ми помага,јадам цел ден и пола ноќ :rofl: тешко ми оди јас сум си одсекогаш на XS а што е најлошо тешко си наоѓам гардероба :@ тоа најмногу ме нервира.
     
    На SparkyAngel и marama им се допаѓа ова.
  9. bubi26

    bubi26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    I jas maka si macam da se zdebelam visoka sum 178cm a teska 63 kg site mi vikaat taman si ama jas si se sakam podebelka ednas imav 68 i odma se vrativ na staro nekogas sum 61 kg ama se do 63 stigam i tolku barem uste 3,4 kilca u taman ke bidam. Cudna rabota e kaj mene sto vo zima slabeam i toa preterano a vo leto ili pocetok na prolet ke stavam nekoe kilce a site obratno vo zima se debelat vo leto slabeat edno vreme mi pomogna mnogu pivskiot kvasec i sto odev vo teretana ama sega poradi nekoj x pricini ne odam ama pak so jadenje nemozam da go postignam toj efekt cel zivot sum slaba i ne sakam vekeee da bidam :envy:
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Прашај ги аптекарките :) Мислам дека воглавно нудат витаминчиња, еве на Среќичка и имаа препорачано некој сируп, прочитај наназад ќе видиш, она беше задоволна.
    Јас...48 ^_^ и г* веќе имам :D одам нагоре. Ќе ве частам кога ќе стигнам на 50 :)
     
    На marama и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    И јас премногу сакам да се здебелам :( имам 44 кила,а сакам да имам 50 така сум таман. Пред 3 години имав 51 кг и премногу си се сакав таква,но потоа наеднаш симнав на 44,па качив на 47 и пак на крај останав 44 :devil: Јадам по неколку пати на ден и тоа обилно,брза храна,мрсно и со калории,за благо да не прави ме муабет,ама никако да мрднам од 44 :sweat: Се нервирам во последно време секој втор ми повторува премногу си слаба,не личиш на ништо,сите фармерки почнаа да ми бидат широчки :tmi: а и сама не се сакам ваква,никој не ми верува дека јадам толку многу,бидејќи ништо не се покажува на мене. :| ПОМОШ ! :'(
     
  12. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    Јади повеќе тестенини,ќе видиш како ќе се поправиш.
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Ќе прашам. Инаку јас имам 53кг. висока сум околу 160. Сакам да се поправам уште малку бидеќи имав 55 кг и ми беше поубаво, а сега ми викаат дека сум била мн ослабена, и планирам да си се вратам како што си бев :lol: А ти што пиеш, јадеш за да се поправиш?
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.519
    Пол:
    Женски
    Мене добро ми прија и наутро едно јајце живо, со една лажица мед и еден цеден лимон. Се меша и се пие на гладно. Јас пијам на недела, две по 3 дена.
     
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас во последно време дефинитивно многу јадам. Станав многу стрвна, бетер од бремените жени и понекогаш дури претерувам па и ми е лошо. :D Ми требаат мноогу килограми, 3 да качам ќе биде супер, а пак 5-6, премија.
    Исто пијам и многу млеко. Гледам да ја мешам храната, на пример со секој ручек да јадам сирење+маслинки+чајна или што и да било.
    Најмногу јадам благо. Чоколади, слатки, особено навечер. Секое утро јадам аронија по околу 8 зрна па потоа доручкувам. Единствено нешто што е најлошо е што не јадам многу леб. :| Тоа ми е најголема грешка.
     
  16. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Истово е и кај мене :( Имав 58 кг, сега 50, за две недели симнав 8 кг. Оброците ми беа составени од кафе, цигари и кока кола. Имав премногу обврски, работа, нервози, по цел ден дома не бев, време за јадење никако не наоѓав.
    Е сега како назад? Дома неможам да ги слушам, момчето исто, другаркиве како дух да виделе кога ме видоа пред некој ден :( Имам брз метаболизам, џабе е сега што јадам како луда никако не мрдам над 50. Порано пиев апчиња од пивски квасец, ама искрена да бидам, мокрачата и секретот мирисаа ама баш на квасец, ужасно.
    Ми кажа еден другар, јајца многу да јадам, (билдерска фора демек), Б-комплекс да пијам и редовна исхрана, 3 главни оброци и најмалку 3-4 ужинки. Се надевам ќе помогне.
    Со среќа на сите.
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Тоа мислам повеќе индивидуално е, јас на периоди годинава слабеам па се дебелеам. Ако нешто ти прави разлика, веќе 3месец по ред како пијам центрум, наутро јадам по лажичка малтекс, па овошје и до 9саат веќе сум гладна (ама станувам во 6ипол ;) ). Пробај навечер да јадеш, после 8 и тоа тестенини. Едно време тоа го форсирав и ми влијаеше во килажа :)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  18. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Благодарам :)
     
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Кај мене од летоска кога пишав пресреќна дека сум поправена цели 4 кила до сега нема многу добри вести :(
    Дури на лошо мислам дека иде, едно кило сум ослабена. Чудна работа ова, мислам некој имаше пишано погоре, летно време да се поправам и тоа асално да се поправам 4-5кила, зимно одвај да качам, па уште и да симнам |(
    Незнам до што е, али периодов ич не ми се јаде, се навака натака сум, нервози, факултет..до тоа ќе да е :( Периоди се.. се надевам брзо ќе помине.
    До следен пат.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Оваа ми е најболна тема што постое,значи имав 58 кг и личев на човек,а
    сега 53,ама стварно е многу изгубено!
    за жал стресот ми многу делува,секакви проблеми и се стопив... :(