Како сте девојки? Има некое ново килце плус? Јас не се мерам до пред Нова година, ептен се опседнав со вагата марама со јајцето... нечу бре па и 10кг наеднаш да ми даде...не не не
Кравче, како сме ич не прашувај, и јас како и многу овде во зима т.е. за време на празници јас слабеам,наместо обратно. Мал милион слави има периодов,јадење колку ти душа сака, ама има и колоквиумски стрес и јас одам надолу. И сум без коментар, ама гледам не само јас, слабо со позитивни резултати на темава, ич не сме активни. Ама кажав и претходно, дигнав раце, каква сум-таква, се тешам со фактот дека ако ништо друго можам да јадам колку сакам и што сакам, шанси да се здебелам се рамни на нула, па вака си уживам во храната без грижа на совест... А што друго... Само се повторувам овде,ништо ново нема да се каже. Знам дека треба поактивно и вежбање, ама кога ќе кажам дека немам време и немам услови навистина го мислам тоа. А она од марама советот, верувам дека е ефикасен, мене како помала баба ми успеа да ме поправи неколку кила со тоа што ми даваше да пијам живо јајце со млеко, и тогаш вкусно ми беше, ама сега не верувам дека би ми пропаднало...башка термички необработени јајца? Не, фала. Тоа е тоа жени.
Знам како е, и со предавањата башка и изборот на храна. Немаш некое определено време за квалитетен оброк, а и да имаш на факс не се наоѓа квалитетен оброк за жал, па се завршува на тоа дај нешто набрзина да прекаснам. Ајде празници идат...и полни трпези и дома, нема предавања, колоквиуми завршени...може ќе има нешто да се пофалите
Колкy качив, на толку и си останав - повеќе нема. Ај среќа барем, задникот ми остана така помесест, ако можам да го наречам таков. Немам време да јадам, а кога јадам, количински внесувам многу, ама нели во не доволно оброци. Да јадам секој ден по три-четири пати ќе биде супер, ама имам премногу обврски и премногу за учење и понекогаш дури и останувам на два оброка. Среќа не сум ослабната, инаку немаше да се помирам со ова. И јас се тешам дека идат празници и дека ќе јадам во мноооооогу големи количини. И ќе ги немам стресовите со колоквиумите, се надевам ќе одржам режим.
Богами слабо резултати кај сите менди..какво откажување? нема откажување..(и ја знам така преку глава да ми дојде и да се откажам ама сега не.ми имаат дојдено тие борбените црвци ) Нервози, не нервози, нема откажување. И јас се радувам што немам симнато многу..ми стојат уште тие летните..време за јадење покрај факултетов и обврскиве многу нема..за жал.. али ќе се потрудиме... јас удрив јако сега..ем вежбам доста силно на фитнес..удрив и силно на храна сега..и во вечерните часови си поткаснувам се повеќе и повеќе..ќе биде..трпение, позитивни мисли, и ќе биде. Брее што сум оптимиста, ретко јас вака, јас сам ти највечи песимист али ете..
Еден дечко пре слаб беше и го гледам сега после некое време здебелен ама баш онака супер и одма го прашав што има направено. И ми рече дека секое сабајле на гладно срце т.е. ништо пред тоа да нема јадено пие домашни протеини еве рецепт едно Јајце само жолтото се бие многу и се става со чаша со млеко ама да биде малце топло и една јажица мед, можеш и какао за вкус. Јас денес пробав и јајцето не се познаваше ич како само млеко да пиеш, па ке пишам резултати.
Јас ич не можам да поднесам јајце. Како мала ми бутаа мајка ми и баба ми и имаше резултати, ко бумбар бев за прв пат во животов, ама сега никако не би се осмелила да пијам ваков бучкуруш, ух. Стварно не се осеќа дека има сматено јајце во млекото ако на пример, ставам и Несквик внатре? Мене вера не ме фаќа.
И имаше резултат,се поправи? Јас досега пиев Б комплекс,имав апетит,но килажата е иста...не сум мрднала од 45 нагоре Од утре планирам од ова со јајцево да пробам па се надевам ќе има ефект.
Камо да дојде и тој ден кога и јас ќе сакам да ослабам Значи се можно имам пробано и пак ништо. Сега ќе пробам со јајцево па ако има резултати ќе ви пишам
Tе разбирам потполно првиот пат не го имав изматено јајцето како треба и не само жолтот цело јајце бапнав и беше грозно и повраќав, ама само со жолтото и добро избиено ич не се познава и плус ако си ставиш и несквик дури и вкусно ке биде
Kravce јас ти викам пробај. Мрзам јајца али сега пред пола саат и реков на мајка ми да ми измати жолчка и млеко топло ми стави и лажичка мед. Не се осеќаше јајцето ич. Чим јас го испив можеш и ти
Ама јас млеко не пијам освен ако треба да го мешам со јогурт иначе, и така се поправив 4кг без јајцето...мислам дека ќе продолжам без него