1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Еве ме на репорт. :) Висока сум 1.65, во септември тежев 44,5 кг :tmi: се осеќав како повторно да сум 8мо одделение. Како да сум болна се чувствував :| Како неухранета, како...слаба и психички и физички. Многу грди чувства. Претходната недела вагата ми покажа 48кг. ^_^ Зима, празници, храна, дебелеење, мрзеење :D И покрај покачените килограми, пак сум вратена на S бројче, а пред година, две напреднав до М :|
    И со купов алишта на мене, делувам подебело :D Баба ми ми рече дека сум се разубавела, здебелила...може дека дуксерот ми беше таков дебел напумпан :D Во секој случај, на добар пат сум. Имам малце мевце на нозете, па подобро изгледаат од летоска. Ќе биде, здравје низ уста, подобро се осеќам со здравата храна иако не придонесува многу за дебелеење, ама поубаво чувство дава. :!:
     
    На MariEla3, SparkyAngel, Ashitaka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MissMary

    MissMary Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    19
    Не ти требаат таблети ни ништо. Само јади си тоа што ќе ти се пријаде :talk:
     
    На MariEla3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Е да бе, ние инаку гладуваме нели, затоа сме слаби.
    На дебелите им е многу полесно да ослабат отколку ние да се здебелиме. :(
    Многу е полесно да не јадеш, отколку да се прејадуваш и ништо да не се фати за тебе (освен целулит).

    Од оние слаби девојки што ги знам, дел успеале да се здебелат во бременоста, ама многу од нив и после тоа си се пак многу слаби. Генетика е во прашање. Со исхрана и вежбање може ќе успееме да ставиме 2-3 кг, ама на некои од нас кои сме цел живот слаби и сакаме +10кг, е апсолутно невозможно.
     
    На MariEla3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Кај болницата кај бадо маркет има една продавница за здрава храна, таму гејнер од 1 кг е 1300 или 1400.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    KRAVCE POZDRAV VINATA I TEZINATA SUPER NE TI TREBA POVEKE OD 50KG. 48 E SUPER.
    JAS BEV PORANO KOLKU TEBE SE PORODIV SO DVE DECA I SEGA SUM O*G*R*O*M*N*A MI FALI TOJ PERIOD I KOGA GI GLEDAM SLIKITE ZALAM.TOGAS PUSEV CIGARI PO 2 KUTII NA DEN GI OTKAZAV KACIV 20 KG ZA 6 MESECI
    POZD SUPER SI
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Мене ни празници ни ништо, абе не мрда вагата од 45...
    Секој ден само се бесам на неа и ништо, па уште со цел памет ке ја подмрднам, поместам да не не е во ред нешто, ама изгледа со паметов мој не е :wasntme:
    Ај барем еден период ми се имаше апетитот вратено, сега ни тоа.
    А кај мене и голем удел е што најчесто јадам здрава исхрана.
    Леб бел никако, и црн избегавам.
    За мене најидеална е 50, тогаш се си е на место и обравчина и газе.
    А сакам, многу сакам да се поправам.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.882
    Допаѓања:
    81.150
    Пол:
    Женски
    Извини Маја, ама јас иако и јас спаѓам во групава која мака мачи да се поправи - ќе те негирам.
    Ако мислиш дека е лесно да се одолее и да и се пркоси на душичката кога ќе ти се пријаде нешто, а притоа имаш да речеме 10-15 вишок килограми и држиш некој режим за да ги симнеш, воопшто не е лесно да се воздржиш и да ставиш остра граница и да кажеш - од утре гладувам, од утре сум на друг режим. Ако не се согласуваш, само отвори ја темата каде девојките упатуваат морални поддршки една до друга и се' ќе ти стане јасно.
    Не е лесно да не јадеш кога ти се јаде, а да не зборам колку ужасно мава на психа и нивната ситуација.

    И ќе упатам една гушка голема до Кравче --> :hug:
    Браво женче, јас мислам дека уште две кила и ќе бидеш тип-топ. :wasntme:
    А јас ... периодов живеам на лебишта со намази, супи, чорби, тестенини, почнав да се бачкам в кујна и да готвам ко младо невесте. :D
    Повкусно ми е она што сама си го приготвувам и си го јадам со сласт. Ми се смееше мајка ми, ми вели - абе ти, никогаш вака со сласт не си гледала нешто, чинам ќе го изедеш јадењето уште недоправено.
    И мислам дека се' е до таа проклета психа, со која во последно време мислам дека имам сериозен проблем. :sweat:
    Многу ми е тешко, дури избегнувам да се гледам во огледало поради тоа. Постојано си ставам мисли во глава дека сум преслаба, дека не личам на човек - сал ковчиња на мене висат и дека дури и облеката што ја носам не ми стои. :worried:
    Мене навистина не ми е јасно, како може од толку храна ни кило да не качам, т.е. можеби качувам ама не ми се приметува, секогаш сум си иста.
    Да имаше некој друг ваков „режим“, досега ќе почнеше и диета за слабеење. Два пати.
    Ме тешат дека ми е генетски, ама јас не сакам да бидам како мајка ми и да заличам на човек дури на педесет години.
    Се плашам да не ми премине во комплекс, на добар пат сум до тоа.
    Многу ми е тешко, а кога ќе ми текне дека и на речиси дваесет години јас не тежам ни колку вреќа цемент - ми се кине срце.
    Немате поим како е да гледате сокласнички и другарки како си немаат мака и си носат кратки фустани и панталони, а вие да не можете затоа што во нив изгледате, т.е. вие никако не изгледате, ами панталоните лебдат зашто нема што да ги пополни и изгледаат ко обесени на закачалка.
    И никогаш нема да имате поим. Едноставно, не знаете како е, не се опишува. И подобро.
    Дури сега ми е јасно како и било на мајка ми кога со години, со години верувајте, не можеше да ми најде асални панталони. Модели имаше, ама мене ниту еден не ми стоеше убаво и бев принудена да носам било што, колку да заличам на нешто. Среќа што излегоа моделите со фалти, инаку верувајте до ден денешен ќе немаше да можам да си најдам асална панталона.

    Гледајќи вака наназад, напредок има. Ама пребавно одат работите и тоа ме ужаснува.
    Ме тешат коментарите од типот - не изгледаш слабо, не изгледаш анорексично и безживотно, зрачиш, изгледаш здраво - вистина е - не можам да негирам, маЛикенките од фешн, оние што плачат за парче леб и погача мрсна исцрвена во рерна можат вода да ми носат, ама едноставно се чувствувам слабо.
    Посебно кога застанам пред огледало. Уф. :doh:

    И баба ми ми рече дека сум поправена и дека сум делувала освежено, а најтрагично е тоа што јас освен стриите наковани на газот мој исушен - не приметувам друго ништо. :D
    Ете, се тешам и мислам дека малку сум поправена во нозете горе, баш таму каде што ужасно ми треба мевце и планирам во најскоро време да се качам на вага - бегав од неа повеќе од половина година ко ѓавол од крст, зашто исплашена сум што се' може да покаже.
    Не сум се мерела од мај, а тогаш имав неверојатни 47 со висина од 1.71. :tmi:
    Да беше лесно качувањето килограми ко шминкањето, до сега ќе бев таман.

    Што е - тука е. И тоа е и нема бегање.
    Понекогаш мислам да кренам раце и да отерам сe' во недоглед, ама срцето не ми дава - сакам и јас да се видам еднаш во облеката која сум ја посакувала и што е најважно - да видам дека убаво ми стои, а не да се вее ко прикачена со шпенадли на пано.
    Е да, се надевам дека до тој свечен момент кога ќе имам 51 кило и официјално ќе тежам повеќе од вреќа цемент, ќе останам присебна и нема да се шекнам од мака. Ама најсериозно ова! :D
     
    На shushu, T.e.d.d.y, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    И кај мене (за жал) ништо ново.Таман едно време ми се зголеми апетитот,качив дури 2 кила и пак се вратив на старото.Абе какви празници,какви бакрачи...јас за време на празниците повеќе слабеам.И сега се чувствувам како да имам 20 кила :(
    Си викам ќе почнам да вежбам,ама пустата мрза си го прави своето
    Само б комплекс му е мајката! Ќе си купам деновиве,па се надевам ќе ми се врати апетитот.

    Абе битно да сме здрави,тежината не е важна (да си се утешам) :lol:
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Едно време бев 42 кг. Тоа беше период околу Август-Септември, тој период. После нагло симнав 2 кг. од нередовна исхрана и немање апетит. И од Ноември месец па се до Јануари (сега) сум 44 кг. Останав со подотворена уста. Само да знаете колку пати си велев морам и морам. Многу маки имаше. Едно време и со сила јадев. Колку да се рече дека сум ставила две залчиња во уста.
    Тоа е. Девојки без тревожење. Само малку труд, и се ќе биде океј. ;)
    И ќе го заборавев најважното: Сите ме исфалиа дека сум се поправила. :geek:
     
  10. vale.96

    vale.96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    10
    висока сум 1.50 а тешка 46 кила треба да слабеам уште или..? :?:
     
  11. malecka91

    malecka91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    68
    Има во продавниците каде што се продаваат витамини,минерали за спортисти.Прашај таму тие рефус одат.Има со различни вкусови,јас од банана имав земено.
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Таман си :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Имам една другарка опседната со килограмите, а всушност не сфаќа колку е преслаба. И викам да јади чоколадо, тестенини, месо што повеќе. А таа не јади и не јади, не верува дека е слаба. Висока е 175, а има околу 45-48 кг. Мислам дека може секој момент да припадне. Не знам како да ја убедам дека треба да јади. :(
     
  14. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Јас целиот мој живот бев преслабо девојче. Татко ми ме бркаше низ цела куќа со јадењето во рака и постојано ми збореше да јадам. На околу 13 години веќе имав менструација, растот горе-долу ми беше завршен. На 160цм јас имав одвај 42кг... Можев да изедам многу повеќе од моите врснички (а сите беа подебелки од мене, и тоа многу подебелки). Лошата работа кај мене беше што јас јадев обилни оброци, но 2 пати дневно. Бев како подвижен скелет, и често кога ќе се потскарав со некого, ме исмеваше за тежината.
    Искрено јас никогаш не сум ги слушала другите во врска со изгледот, но во тој период повеќе од се посакував да се поправам. Еден ден се заинатив и бев решена дека ќе се здебелам, па што сака нека биде. Јадев се што ми беше при рака, притоа внимавав да јадам повеќе здрава храна... Јадев редовно, по 3-4 оброци и измеѓу ужина, овошје, салати, чоколади итн.
    Полека почнаа да се појавуваат резултати и достигнав 47-48. На мене воопшто не се приметуваше разлика, барем јас така мислев, но вагата си покажуваше.
    Сега имам речиси 17 години и имам 56 кг :geek:
    Сите кои не ме виделе подолго време и кога ќе се сретнеме ми кажуваат дека сум се поправила и дека изгледам супер.
    Сега си јадам нормално, дури и претерувам понекогаш :)
    Јас и понатаму колку и да се здебелувам, тоа не се приметува нешто претерано на мене.
    Проблемот е во тоа што јас кога и да се погледнам во огледало, гледам слабо девојче на кое му е потребно +5 кг. посебно во пределот на колковите.
    Си имам создадено слика во главата за постигнување на фигура-песочен часовник и се надевам дека некогаш ке ја постигнам.
    Сега наскоро ќе почнам со фитнес-теретана, па да се надеваме на добри резултати.

    Само сакав да ви кажам да бидете упорни и никогаш да не се откажувате. Чувството е преубаво кога вашето тело е во добра форма, кога сте свесни дека изгледате одлично и пред се кога ќе знаете дека сте успеале.
    И да, бев пресреќна и сеуште сум кога некој ќе ми каже дека сум се поправила :)
     
    На T.e.d.d.y, MandyLane, LittleFairy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    И јас го имаВ истиот проблем.
    Бев 170 цм со 50 кг. бев многу слаба, т.е и уште послаба едно време бев :tmi:
    Ама почнав се да јадам (добро не се ама повеќе отколку порано)
    И вежбав. И сега сум 172 со 56 .. Така да здебелена сум :D
    Вака многу личам послабо, ама на изглед мислам тамам сум, ама може пак 2-3 кила да се здебелам..

    Јади секојдневно што можеш повеќе, и вежбај, со тек на време ќе видиш резултати.
    И има ако сакаш посебни вежби за дебелеење, тоа на фитнес :)
     
  16. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    113
    Уфф не сум сама Господе...има и други како мене...најмногу мразам коментари од типот “Лелееее колку си ослабелаа„ или пак “ Јади повеќе,ветрот ке те дувни„.Во ред несакам јас да бидам како и сите со нормална тежина,не се обидувам да го направам тоа,вие само коментирајте немате друга работа...Уф ужасно се чувствувам..Овај проклет зимски распуст исполнет со спиење и само спиење,без јадење,без никакви активности наведе до тоа за тие неколку дена распуст од 55 килограми да паднам на 50 килограми..Јадам верувајте многу...но никаков резултат од 50ката вагата не се подмрднува..OЧAJНА СУММ!
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.902
    Земи си мултивитамини и обавезно јади повеќе тестенини.
    Верувај ќе има резултат за брзо.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.882
    Допаѓања:
    81.150
    Пол:
    Женски
    ^ Да имаше резултат од јадењето тестенини почесто и од пиењето мултивитамински таблети, верувaј јас ќе бев прасето Цанко од „Пајажината на Клементина“. :sweat:

    Не знам веќе што да правам, не си ставам многу-многу при ум.
    Тоа е. :|
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.902
    ^^
    Па кај мене делуваат тестенините(многу ги сакам) ама после треба одма да се фрлам на диета :lol: :rofl:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Каде во Скопје во близина на Центар, или Кисела Вода можам да најдам таква продавница, и колку пари коштаат тие протеини? Јас имам слушнато дека ако пиеш од тие протеини, ќе треба и да почнам да вежбам. А моментално немам време за ништо. :/