Некако ни замре темава. Една ја имаме ние со нашиов ни проблем и таа ја запоставивме Ајде да ја живнам малце. Имам вести. И тоа не било какви. Позитивни!!! Имам пишано поназад, али да зумирам се наеднаш Пред 1пол година бев 55кила, лани летото чудесно се здебелив цели 5 кила, не ми се веруваше, и станав 60 (ма како чудесно, навистина јадев, ама стварно јадев, и плус никакви нервози немав, ама баш за ништо не се секирав, нели лето..само уживаш, лудуваш и се забавуваш ) кога почнав со факултет, иста си останав, за до декември фино лепо да си симнам 2-3 кила, за малце да не се вратев на 55, и така бев некоиси 58 (што е искрено голем губиток, и доста се приметува. Незнам за кај вас али конкретно кај мене, кило да накачам кило и те како се познава, и поубаво се осеќам, пополно, и другите одма приметуваат што е чудо, ко којзнае колку да имам качено!) пред некој месец се вратив на 60 така да се вратив у стартна позиција, подолу од тоа несмеам веќе да одам, ужасно е.. за сегааа баш пред некој ден се мерев (добро иако беше после јадење, ама сепак) да ја достигнам мојата највисока тежина до сега, а тоа е 62.4 (тоа децималата незнам точно колку беше, али искрено и те како ми е битна ). ПУКАВ од среќа. И газе ко да имам пуштено и бутче горе.. Според висина идеална тежина, она идеално секси слабо тело ми е 65, искрено и не ни сакам повеќе, 65 ми е целта. Леле ако стигнам 65 до јуни, а реално имам време и шанси, има цел форум да го частам!! Ете така. Толку. Се исповедав И дајде пишете што како има ново кај вас, да се мотивираме меѓусебно како порано
Здраво на сите! Јас сум нова членка на форумов и го имам истиот проблем како и вас,сакам да се здебелам...7 кила,,ништо повеќе...ги читав вашите мислења и само знам дека нервозата и психички колку и да си напнат дека сакаш да се здебелиш, тогаш не можеш.Кога бев во средно си бев таман и после тоа нервоза , проблеми и ослабев, не јадам ништо помалку од тогаш ама ете не можам да се здебелам,,,,имам пиено пивски квасец и тоа таблети, прашокот и капсулите, олигогал со селен,мед, б-комплекс,,,јадам колку сакам , што сакам,,имам апетит,,сега пред неколку дена јадев мед со матичен млеч,но имав слушнато дека медот го убрзува метаболизмот, а јас итака имам брз метаболизам и го прекинав и последниве 4 дена имам апетит ненормален, па ќе продолжам да си јадам од медот....една другарка ми кажа дека за дебелење добро било секое утро по можност и навечер пред спиење да јадеш 2 жолчки изматени со мед,и млеко ( таа така се здебелила),јас уште немам почнато, ама планирам и ќе ви ги пишам резултатите ....поздрав за сите
Обавезно да пишеш резултати! Пробај и со гриз со млеко + несквик какао. Тоа е многу калорична храна за бебиња хаха ама ефективна!
А ако вежбам ќе ослабам? Јас си вежбав вежби за задник, и сега сакав стомачни, за да имам плочки за на лето Малце само.. ама ако јадам и вежбам нема да се здебелам?
Ќе си ја зајакнеш мускулатурата со вежбање. Умерено вежбај без да претеруваш. Јади калорични јадења од предходниот пост што се спомнати и таман ке си се поправиш.
^ Lovy1 Зависи што вежбаш. Одредени вежби се за слабеење односно зголемено губење на калории, а други се за градење на мускул, а со тоа и здебелување. Ние што сакаме да се здебелиме не треба да вежбаме кардио. Не дека не смееш, пак секое вежбање е убаво нели, али на тој начин многу губиш, а и зашто, нема потреба. Јас како се здебелив последниве месеци (имам пишано погоре од пред месец дена), златната формула ми е (за другa незнам) многу јадење + соодветно вежбање + доволно спиење + тоест - нервози!! = зголемување на тежина. И тоа се изненадив како одма почнав да гледам резултати, за 3 ипол месеца качив околу 4 кила. Али сега фино лепо, полека но сигурно почнав да си ги губам, одвај се задржав, и гледам само да не паднам уште, да останам на таа тежина..и одма знам зашто слабеам....многу помалце јадам последниве 2 недели, немам ни време, ни спокој, секој ден испит, обврски, навака натака, многу трошам, малце внесувам, и исто многу се нервирам (пробувам да не, али неизбежно е) Одвај чекам да се подрастеретам со испитиве, ќе биде набрзо, и почнувам пак турбо по старо со јадењето. Девојки за прв пат во животов видов резултати и тоа асални резултати, неможам да ја опишам среќата кога гледав секој ден секое божјо утро вагата покажуваше се повеќе и повеќе, и навистина така и се чувствував. Значи апсолутно е можно, и најважно е што сега знам точно што и како треба да правам за да имам резултат. Ама баш точно знам. Многу е напорно, не велам дека е лесно, тие што го немаат овој проблем не сфаќаат колку е тешко со сила во мало желудниче да буташ и буташ храна, навистина е тешко да се издржи, но резултат после секоја мака мора да има Планирав малце да пишам, ама ете пак есејче испадна.
е ај и ја да се приклучам на темава,си имам и ја проблем со килограмите во - ми се..сакам да качам некое килце затоа дај постирајте видеа со соодветни вежби,што да се вежба бидејки не се сите вежби за нас слабичките
Мацулка храната и вежбите се многу побитни. Ти препорачувам да почнеш дома пробај ги вежбиве 3 пати неделно,зачувај си ја сликата на позадина. http://www.atletiks.mk/bodibilding-...48/topenje-masti/174-vezbi-za-doma-bez-oprema Што е до исхраната калориите ти се многу битни и најважно од се е да знаеш дека внесуваш помалку отколку што трошиш. Искалкулирај си калории овде,ако почнеш со таа активност стави 3 пати неделно. http://www.atletiks.mk/vesti/ostanato/104-kalkulator-na-kalorii Партиционирање на калориите и макро нутриентите: Протеините се битни затоа што кога вежбаш сите тие калории ќе идат во мускули,а не во сало што ние не сакаме да постигнеме кај тебе. Исто протеините се битни за забрзување на метаболизмот и за подигнување на одредени хормони што ќе играат улога во добивање мускули(не се плаши од мускули,нема да се направиш ѕвер ако вежбаш) Ако не сакаш да рачунаш на калкулатор проста формула е да имаш убав квалитетен оброк што содржи: 1 рака месо(бело,риба),урда од Идеал Шипка,белки,јајца,соја. Масти:Ленено семе или масло,рибино масло,масло од репка,семки,јатки и маслиново масло. Здравите масти ти се потребни за одржување на балансот на хормоните особено естреогенот и тестостеронот. Постави ги од 20-30 % од твоите дневни потреби. Јаглехидратиќе ги поделиме на сложени и прости: Јаглехидратите се фактор за задржување на мускулатурата,без јаглехидрати ќе се чувстуваш млитаво,ќе немаш енергија и ти препорачувам да јадеш од храна што е богата со витамини: Интегрален леб,интегрални тестенини,ориз(бел или кафеав),грав,грашок,леќа и сите мешунки. После секој тренинг земи да јадеш обилно затоа што тој е најбитен оброк и тогаш мускулите твои им треба највеќе енергија. Значи ќе земеш убава паста,месо,јајца или урда и ќе јадеш со нив. Другото е се до тебе и да почнеш да вежбаш со сопствена тежина и помалку кардио. После тоа ќе развиеш добра основа да продолжиш или да вежбаш теретана или нешто по предизвикувачки Кросфит. Имаш многу да учиш и сигурно ќе ти бидат полезни статииве http://www.atletiks.mk/ishrana/zdravahrana/173-zdravahrana/131-kolku-trosam
Правев муабет со една девојка што работи во фитнес центар, ја прашав дали можам да се здебелам ако вежбам , и таа ми одговори дека можам,,ми кажа дека е потежко да се здебелиш отколку да ослабеш, плус тоа требало да имаш по 5 пати на ден оброк од по 500 грама,,и дека не се јаде се и сешто, туку одредена исхрана.... Сакам да ве прашам дали некоја се здебелила од пиење на контрацептивни таблети? Кажуваат дека и од нив се дебели, ама како надуена да си...мене ми е страв да ги пијам..пишете дали некоја има искуство со вакви таблети?
Девојче нема специфична храна за дебелеење. Како што пишав погоре следи калории и запиши се на фитнес и почни да вежбаш интензивно. Создади темел и создади сила која ќе ти треба за после да изградиш убаво тело. Тргни ги барби тежините на страна. Како килограмите прават илузија дека си на правиот пат. 1 кг мускул не е еднакво на 1 кг сало затоа што 1 кг мускул зафаќа помалку простор. Е сега дебелеење со таблети за контрацепција се баш хормони за спречување на нормалниот циклус во матката за да не се создаде јајце клетка. Дали е прогестерон или естроген не знам но искрено зашто би земала апчиња за не природно дебелеење. Знаеш кој се контра ефектите на тоа? Бидејќи се работи за хормони се може да отиде на лошата страна. Така да почни полека не ти требаат никакви апчиња,само промени си го размислувањето и одреди си цел. Да речеме сакам да се направам позгодна во рок од 1 година. И ќе успееш ако знаеш како и полека учиш. Никој не успеал веднаш и нема брзи резултати. Така да мислам дека те натерав да убаво си размислиш што сакаш и што ќе постигнеш ако отидеш по правиот пат. А за фитнес инструкторката таа само те обесхрабрила и мене ми рекоа не можам да ослабнам но се испотив се исцедив до макс и сега сум тоа што го одржувам. Така да за мене килажата е минлива,огледалото е крајниот фактор
Девојки имам 48-50 кг е сега сакам малку се поправам . Дали некој ги користел таблетите базирани на пивски квасец BETAVITEVIT- зајакнувале имунитет отварале апетит кој јас го немам...искуство некое?
Апетит отвара вежбањето во теретана + комбинирано со кардио не многу малце 20 мин. 3 пати неделно и јади повеќе протеини + јаглехидрати + масти.
^ Би помогнале ли кардио-вежби во домашни услови!? Да разгледам некое видео, сега кога имам повеќе време (а и апетит машала, да не ми е од око), да си ја фатам работата на време.
Леле девојки и јас сум ослабната многу ништо не ми стои ..Сакам да си се вратам во старата форма коа имав 56\57 кила..Сега имам 45 ..Некој совет ?!
Според мајка ми вика дека сме послабички дека, кога не сме на фах пола ден сме го преспивале и сме прескокнувале 1 оброк. Или кога сме по цел ден со обврски, јадеме безврска работи и не доволно. Па дај некој нека постира видеа од какви вежби да комбинираме. Кај мене кога сум под стрес неможам ништо да јадам... едноставно неможам. Ќе почнам пак б12 да пијам, добро ми влијаеа. Не требаше да ги прекинам. Дали од нив или дека идев и на пракса лани летото, по повеке од 3 пати јадев на ден. Дали дека порано станував од спиење го фаќав цел ден. Или трошев премногу енергија. Незнам што и да беше имав позитивни резултати. Бидејки по природен пат не иде, пак ке почнам со б12.
Здраво Мишела мило ми е за твоето прашање и ќе ти го одговорам многу просто. Ако сакаш да имаш тело на маратонец слободно прави кардио само,но ако сакаш да имаш тело на спринтер тогаш вежбај како него. Додај предизвик и интенитет во твојот живот. Поентата за кардио тренингот ми е дека дава друг резултат за разлика со комбинирањето со вежбањето со тегови. Ако почнеш да вежбаш со тегови,освен што ќе имаш можност да си го оформиш телото како што си сакала одамна,ќе можеш да си јадеш,работи што досега не си можела. Плус вежбањето со тегови освен што дава можност за оформување на мускулот ти дава нова перспектива во животот за тоа како треба да грижиш ти за твоето тело. Запомни дека количината е битна,а искрено од моја перспектива во домашни услови нема никогаш да успееш. Затоа ти препорачувам или да си изнајмиш некој што ќе те воведе во тоа,или слободно да ме контактираш,за да ти објаснам што како треба да правиш. Верувај дека моето искуство со девојките(клиенти) што почнале да вежбаат бил одговорот али јас не сакам да станам како маж,или мускулите ќе ме направат како ѕвер што воопшто не е точно. Да не ти дрдорам повеќе се надевам дека ќе најдеме нешто убаво за тебе и заедно ќе ја постигнеме целта што си ја зацртала. Поздрав и успех.
Јас послениве неколку месеци одам се надолу со килажата,изгледам како подвижен костур и уште толку се нервирам,па оди здебели се после да видам,се само некоја напнатост,стрес... од 55кг што ми е некоја разумна килажа за мојата висина 165цм,сега спаднав на 49кг,кога се вагав денес се осетив толку неубаво,криво ми е како може толку да изгубам од килажата за 3-4 месеци морам пак да направам нешто,неможе вака,а јадам редовно колку што можам гледам повеќе да внесувам храна ама ништо да се фати за мене. Ништо не ми стои од облеката ајде се тешам дека не сум само јас има и други како мене,ама навистина се чувствувам малку тажно.
еве како недела дена сум сама со сопругот и правам се што сакам јадам кога сакам и колку сакам,спијам до кога сакам не се нервирам и за недела дена се здебелив 2 кг не сум многу слаба имама 55кг ама сакам да дојдам до 58 највише 60. до сега бев под стрес и јадев когаке се паднеше значи еве сега немам нервоза и јадам многу повеке и добив 2кг
Да се здебелиш се што треба направиш е да внесеш повеќе калории одошто трошиш, е сега зависи дали сакаш таа тежина да е мускулна маса или обично сало.За мускулна маса ке треба малку да се намачиш со добар тежински тренинг и дообра протеинска храна, а ако сакаш да качиш сало многу едноставно внесуваш мнооогу јагленихидрати и заситени масти и било друго што, не трошиш многу енергија освен за она неопходното, но обавезно провери колку калории трошиш на некој спортски сајт и само внесувај повеќе и повеќе од тоа што трошиш.Тоа е филозофијата, само не е препорачливо многу долго на овој режим( да не стане навика) па после да бараш совети за слабеење .
И јас во последно време со килажата одам само надолу :/ Јадам нормално, не вежбам па да речам затоа сум ослабена ама ете. Од 49 сега имам 43 - УЖАС... Некој совет затоа што веќе што се вели на човек не личам хаххаха :/