Се зависи каква храна јадеш. Друг фактор е тоа што сигурно јадеш храна што се складира како гликоген(јаглехидрати) а телото тешко дека ќе складира јаглехидрати како масти,процесот бара многу енергија и не е ефикасен. Мој совет е да ја прочиташ темата http://forum.femina.mk/fitnes/rezim-za-topenje-masnotii-t18001/ да добиеш основа за исхраната и како те афектира. Наскоро ќе пишам и кои вежби и како треба да вежбаш,за да почнеш да се здебелиш здраво и правилно
Малку каснам со одговоров Јас ги пиев пред некое време за коса и нокти,испив цело пакување 40 таблети значи повеќе од еден месец,на ништо не ми влијеа најмалку на тежината зошто и сакав да се здебелам некое грамче после тоа ми дадоа отказ на работа и откако останав дома за 2 недели ослабнав 3 кг. инаку лани пиев Ацерола,па Дуовит витамини минерали за б комплекс да не правиме муабет ама џабе мене ништо не ми помага за здебелување,иако јадам што сакам и кога сакам посебно навечер.
Јас сум ги пиела тие таблети,,само косата ми порасна и ноктите..нод а не ве лажам и апетит машала ми се отвори но почнав наваму натму па не покачив којзнае колку..само 1 килце
Точно е до некаде, ако станеш порано, повеќе оброци ќе имаш во денот. Појадокот е најбитен, а кога си дома обавеезно го пропушташ. Ако станеш во 8 ќе јадеш, до 12 пак ќе ти се пријаде, до 5 пак и вечерта пак. Иначе и за другото, различни организми, некој кога е под стрес постојано јаде, а некој не јаде воопшто. Јас кога спремав испити обавезно ослабував, а имав другарки што обавезно се здебелуваа тој период. Туку, а да пробате со центрум девојки? Поскап е, бар 2,3 месеца земајте го. Јас се си мислев дека не е до него, ама изгледа до него ќе да е
Кревам два прста и за Центрум. Цуцава се поправи 2 ипол кила. Успех е тоа за мене, Успех со големо У! Majката му е, редовни и така троа поголеми оброци, рано станување и неиспуштање појадок, па и вечера и многу, многу, многу овошја, зеленчук, течности. Од нејадење мевце не бидува.
Вежбате во теретана или? Ако вежбате во домашни услови,пишете кои вежби ги правите имам висина 168 и тежина 46 кг.Нозете ми се стапчиња Кажете ми само вежби кои ги правите,па и јадење ќе си внесувам и да се средам малку.
Јас како помала, може кога бев основно пиев Центрум и се секавам само дека беа мн големи таблетите и неможев да ги голтнам. И од тогаш имам некоја аверзија за овие витамини. Ама ако резултати одма идам до аптека и ги купувам. Колку пари се моментално центрумот?
Запознај се со калориска вредност на исхраната. Треба да јадеш повеќе протеини и јаглехидрати. Јади од тие храни,но количински зголеми. http://www.atletiks.mk/vesti/fitnes/licen-blog/220-gradenje-ubavo-telo-za-zeni Ако не ти е јасно имаш автоматско правење на оброци. http://www.atletiks.mk/ishrana/zdravahrana/182-dieti/216-avtomatski-planer-na-obroci Тоа комбинирано со добра програма,одбери од овие програми ќе добиеш очекуван резултат. http://www.madbarz.com/beginner-routines
Си имав килца не многу, но од како сум на распуст ослабив Како да се поправам месецов премногу сум слаба неможам да си најдам дури и алишта.. Ако можи да ми дадете некој совет некој витамини нешто да пијам :/
Не ти се потребни витамини,потребна ти е програма за вежбање и балансирана исхрана. Прочитај погоре што пишав
Девојки јас купив апчиња пивски квасец, ама не бетавитевит, туку обични, едно огромно пакување. На тоа пишува дека се пиеле 2-3 пати на ден, по 5 апчиња?!!!! Незнам по колку да пијам, а морам да се поправам Иначе имам 46кг, на висина 165, ми фалат па да не претерам, ама едно 8кг. А сега како сум без работа, само се нервирам, а бе да си пукне човек, не се дебелеам, туку си слабеам. Ај поздрав, пишете што мислите, по колку да пијам?
Неколку пати пишав во темата но јас никако да мрднам со килограмите 166 висока - едвај 50 кг, приметувам дека од б комплекс ми се отвара апетит но не смеам константно да ги пијам да не си наштетам. Еднаш докторката ми рече не е проблем и постојано да се пијат, потоа ми кажаа па дека не е добро често да се пијат . Не сум медицинско лице и стварно незнам, добро не мора без пауза да се пијат но колку време треба да се пијат па да се направи пауза знае некој ??
Ангел, не се штетни воопшто б комплекс или пивски квасец или б12 хаха слични се. Имаат фолна киселина (мислам така се викаше) што дури и на трудниците им ги препорачуваат овие витамини. Пиј по 1 или 2 апчиња на ден. Другите како сте ве нема да се фалите, дали стрелката се мрднала на десно, некој позитивен фидбек Мене ми викаат дека во лицето им изгледам малку поправенка, ама најискрено страв ми е да се мерам на вага, да не се избедирам со истата тежина пак хаха
Јас од пустата напнатост и анксиозност многу ослабев и неможам никако ни 1кг.да се поправам Се јадам самата себе си,кога човек е постојано напнат,со страв,стрес,стегнат желудник....и така си губам килограми,сите ми велат леле што си ослабната. Кога земав терапија за анксиозноста веднаш телото ми се смируваше и за неколку месеци си доаѓав на мојата идеална тежина од 55-56кг. и супер изгледав, ама кога ќе престанам со терапијата и по некое време почнувам да слабеам и доаѓам до 47-48кг Докторката ми вели дека кај мене се е тоа на психичка база и јас сум свесна дека тоа е така. Има ли некој друг вакво искуство кога на нервна база се губат килограми како кај мене.
Ај прво влези во некое друштво каде што постојано јадат нешто, ќе ти помогне верувај. Сите јадат и ти јади, сите пијат и ти пијај и за месец дена 10 килца ако не се поправиш јас е. Од искуство ти кажувам, батали ги сите тие хемикалии, се знае дека с ким си такав си.
Пет дена пијам пивски квасец, јадам, сега не којзне колку но повеќе од претходно. Застанувам денеска на вага едно кило помалку?????