Дури и тие што пијат протеини, немаат видливи резултати пред месец дена. Рано е. После Месец ипол два би требало да имаш видливи резултати. Не е толку лесно да се поправиш, поготово ние што сме цел живот слабички. И не мисли на тоа цело време. Полека се си доаѓа кога не си правиме притисок сами на себе.
Море мене сега да ми дадете цела кокошка би изел и би ми било малце. Не знам како не чувстувате глад,изгледа нивото на лептин ви е многу ниско... Иначе не ви требаат протеини за дебелеење,ви требаат масти и јаглехидрати. Протеините се потребни ако сакате да зголемите мускулна маса со соодветна тренинг програма.
Купете си олиговит Почнав да ги пијам еве веќе 4 ден јадам како ненормална цело време рацете ми се во фрижидерот И земете си Б-комплекс со фолна киселина Резултати понатака ќе пишам,рано е уште
висока 175 а едвај 50 кила ... вежбам редовно ама сепак сакам барем 2-3 кила да се поправам.. само страв ми е ко пуфка да не се направам сакам мускулна маса само.. гледам повеќе протеинска храна да јадам ама не сум голем љубител на месо освен риба .. неа ја јадам неоганичено ако некој има искуство со протеинсите шејкови нека каже јас сум скептична
За да се направиш драга моја како пуфка ти требаат 10 години вежбање и одредена хемија која н ти ја препорачувам. Вежбај и јади си нема тука ништо лошо. Килажата не е краен резултат,краен резултат е огледалото
Јас не сум се мерела одамна, а не сакам ни да се мерам ( да не се разочарам ), но во последно време се чувствувам малку поправена.Последниве неколку недели многу пешачам, и се си мислам од тоа се чувствувам подобро. Апетитот, колку толку, после пешачење ми се зголемува, јадам поредовно, и од време на време пијам Б комплекс Ми се чини, да се качам на вага, нема да ми покаже ни 1 кило плус, но важно е како се чувствувам
За огледалото си во право, цел живот сум слаба последнава година две се актвирирав физички, телото ми доби облик и не сум правоаголник него си имам форма на песочен часовник иако сум слаба имам умрени облини немам разлика во тежина ич ама за очиве да.
Тоа што треба да го подобриш е активната маса(мускули,гликоген,вода) и да не се грижиш за негативните ефекти. Почни да вежбаш интензивно запознај се со чучњевите,мртво подигање,мостови за глутеусот со тежина,веслање (вертикално и хоризонтално),бенч клупа и подигање со рамења. Види ги кросфит девојките и ќе ти стане јасно
Zdravo na site Najprvo da ve pozdravam posto sum nov clen tuka Imam edno prasanje. Imam okolu 50 kg a visoka sum 169 mislam zatoa sto ne se imam mereno brzo Si imam zamisleno deka treba da se zdebelam baram uste 10 kg. Pocnav da jadam se i jadam premnogu, se nadevam ke uspeam vo toa pa planiram i da pocnam da vezbam znaci sakam da bidam i znaete del od sportot pa sakam da slusnam mislenje dali treba odkako ke nakacem nekoe kilce da pocnam da vezbam ili zaedno sekoj den dodeka i se debeleam ? Cekam mislenja
додека зголемуваш килажа,земи вежбај најубаво е така , ако зголемиш килажа и не вежбаш ке ставиш многу маснотии вака ке направиш мускул
јас имам овие ги пиено и да ти кажам искрено кај мене немаше некој резултат. Не знам дали е до мене, секакви апчиња имам пиено за зголемување на килажата и на крајот пак нема никаков резултат.Најверојатно ми влијае стресот. Пробај ти можеби кај тебе ке има позитивен резултат мислам дека не беа многу скапи. Сега мајка ми ми спомнува за некои други но многу не се интересирам. На сила убавина не бива.
Тоа е затоа што апчињата немаат никаков ефект кон добивање на тоа што го посакуваш. Треба да јадеш повеќе од што трошиш. Зар е толку тешко за разбирање...
Спојлер качив 2-3 кила, но потоа наеднаш престанав да јадам и се вратив на истата килажа . сега пак почнав да јадам (дури и до 5 пати на ден) па којзнае дали ќе бидне работата
Како прво навреда е да нерекуваш некого свинче. Нели ти имаше постирано слика дека може да се изгледа убаво и со поголема тежина ако вежбаш, а девојчето кажува и дека ќе вежба. Според тебе девојка со висина 160 која има 52-3 кила е свинче?
Не, не е воопшто тешко за разбирање но тешко е за реализирање. Многу ви е лесно изгледа вака од страна да кажувате „јадете повеќе отколку што трошите“, ама одете јадете вие на сила повеќе кога организмот едноставно си се има навикнато на тој терк и не сака да прима повеќе од вообичаеното. Ете на пример, јас ако пробам да внесам повеќе, ми се лоши и имам тегоби. Не ми се гади, ниту пак сум анорексична или булимична за да го имам проблемов (скраја да е), ама после толку години така сум се навикнала да функционирам и тоа е тоа. Ова го потенцирам посебно за оние кои и немаат некоја физичка активност, а пак се слаби. Друго е кога се има било каква активност, макар само пешачење, но не е тоа тоа, како си го навикнал организмот така ќе си тераш, а репрограмирањето е малку потешко. Посебно ако речиси цел живот си таков. Мене не ми помогнаа ниту Б-витамините, ниту таблетки пивски квасец. Едноставно постепено почнав да зголемувам количински од оброците иако ми беше претешко, не вежбам често но многу пешачам секојдневно и скокам на јаже зашто тоа највеќе ми прија, но приметив дека колку повеќе активности имам во текот на денот, толку повеќе апетитот ми се зголемува. Така да, ќе се согласам со коментарот на Росе што го прочитав некаде низ темиве - ДА, за физичката активност, без разлика дали се работи за симнување или качување килажа.
Јас од лани до сега се поправив 7-8 кила и сеа сум таман. Имав голема физичка активност и јадев многу. Знам дека е тешко ама повеќе резултати има кога не мислите толку на тоа како изгледате и не се нервирате. Со среќа.
Ако не вежбаш сите калории што се екстра се складираат како масти. Не и реков ништо лошо и реков дека иде на погрешен пат.
Пак не ми ја разбра поентата. Да го кажав на суров и не емпатски начин. Разбирам затоа што имав клиент и му реков ти не јадеш за да преживееш,ти јадеш за да постигнеш цел. Ако треба ќе јадеш и 10 оброци во денот да ја постигнеш целта. Ако нормално сакаш. Ако не сакаш нема да ја постигнеш. И се согласувам дека активноста игра улога во апетитот. Кај мене особено бидејќи обожавам храна обожавам да ја трошам. А се потам максимално дали кардио дали тежински