Најпрвин здраво на сите ја прочитав цела тема и на крај решив и јас да пишам и да се приклучам на тие што сакаат да се здебелат. Висока сум 160 см и тешка одвај 45 кила. пред две години си бев таман повеќе од супер имав 50-52 кила. и со тек на време ослабев без некоја причина. веќе некој период се обидувам да се здебела пиев пивски квасец, олиговит, б6 ама без некои значително резултати ке се здебелам 1-2 и после за два дена ги снемува. Сакам да стигнам до 50,.. но како ?
И не ја научи лекцијата дека во денот треба да јадеш 5-6 оброци за да имаш некој ефект. Тоа + активност и добиваш комбинација за успех. За да се здебелиш треба време но прашањето е какво сакаш здебелување. Можеш да се здебелиш со брза храна многу брзо и да нагоиш масти што ќе изгледа не убаво. Можеш да јадеш над тоа што трошиш и да вежбаш и да изгледаш многу убаво.
секако дека јас јадев и јадам, се трудам што е можно повеќе, пред 2 месеца одев на фитнес ама само еден месец поради други обврски, но цело време а и порано кога бев задоволна од килажата јас си вежбав по дома некои основни вежви да речеме, и на крај секако дека сакам здраво да се здебелам
за поправање ми кажаа дека најдобро е да се јаде после полноќ навечер. може ќе има некои резултати :geek: во секој случај, вреди да се проба
^Пред една година, поточно летото 2012 јадев секој ден после полноќ. И тоа пециво или бурек и не се здебелив ама ич
Ако сакате да се поправите можете да си ги земете витамините Олиговит од аптека, да јадете здрава храна, сите три оброка, да конзумирате многу овошје и многу вода нормално. Пожелно е да се оди на фитнес за да се создаде снага и ред други работи.
јас мислам да јадете со сила за да ви се забрза метаболизмот ја јадам по 100 пати 100 работи и не сум ни слаба ни дебела,зависи со кого се споредувам Спојлер ако се споредам со манекенките и не сум баш слаба ако се споредам со нормалните таман сум си
Спојлер јас 42-3 дали имам сите се жалат дека сум слаба, но самата знам и се чувствувам глупаво кога секогаш ми го поставуваат истото прашање на мои години со висината 160 одговараат некои добри 49 кила но , не ја губам надежта ќе јадам се‘ и сешто па ќе се поправам
Не бива и не бива, овие 2,3 месеци кога не мрднав значи џабе е . Разговарам со матичната и кажувам што како јадам, ми вели таква конструкција имам на организмот , имало време кога да се здебелам. И така се помирив, па има време, кога ќе сум во вонредна ситуација ќе се здебелам .
Вчера се мерев и 45 кг.машала да си речам досега ова е најмногу што сум ставила во последно време.Јадам редовно по 3 главни оброци,секојдневно моите омилени ишлери,чипс.Пивски квасец 1 во ден по 2 и тоа е тоа.
Мене колку ми влијаат нервозата и обврските за слбеење тоа чудо едно. Па уште ако е колоквиумска или некој понапорен период? Симнувам килограми ко песна Не можам да разберам како некои накачуваат килограми за време на колоквиумска. Како??? Дефинитивно летото мене ми е светла точка, летово како си бев поправена, таман си бев згодничка, ама баш колку што сакав..ги качив тие 3-4 кила што ми фалеа...и обично нели познатиот муабет што сите нас слабичките ни го прават, јадеш нешто?? и слично...епа никој не ми го направи летово, дури и машкиве ми даваа комплименти колку сум била згодна *солзирадосници* али на секоја среќа има крај еве почнаа обврски, трчање навака натака, и полека но сигурно си ги симнувам...и тоа како ми се приметува..јас си преметувам дури самата.... морам да си ги вратам назад.
и јас едно време бев на темава за да ставам едно килце,ама ништо. нервоза,појадок со млеко и убав појадок,месо,витамини и тоа како имаат влијание на кг. еве сега од како забременив телово ми е супер малце по малце тамам си иде и со стомачето и воопшто на мене така да не се секирајте кога ке бидете бремени ем убаво најадени ем убаво тело ем бебе уживајте и помалце нервоза и стресови
Буквално иста приказна имам и јас ..значи само летно време се поправам.. а од септември па натака, слабеам.. ужассссс
Мислењево сум го пишала на 5 октомври 2012 .После 13 месеци јас сум висока 170 цм и имам 58 кг.Машала.
Сакам да се здебелам али не ако единствен начин е пиењето на апичиња. Гледам да јадам што е можно почесто но не обилно. Лето и зима си качувам по некое килце али ради обврски на училиште и трчање лево десно за време на учебна година повторно се враќам на почеток. Тоа е- таков ми е организмот.
Не значи дека ако сакаш да се здебелиш треба да јадеш помрсни работи. Тие истотака ти се и штетни по здравјето. Боље иди купи си еден Хербалајф милкшејк напиј се и после одма јади и ќе видиш како ќе се здебелиш.
Па нели девојкава напомена дека не сака апчиња,ваљда не сака ни прашоци,или се лажам?? Нормално дека ако јаде само мрсно,ќе дојде до други здравствени проблеми,ама шејков не е клучот.Јас во ист кош ги ставам,и мрсното и шејкот. Мрсното,бар ќе си знае поприродно е,ако ништо друго. Шала на страна,за поправање,јади си исто почесто 5-6 пати,и од време на време зголемувај по малце на количина.Без хемикалии. П.С:Како може од ист шејк и да се слабее и да се здебелува,па и да се превентираат СИТЕ здравствени проблеми? Абе ајде,мижи Митро толумби паѓаат работава...