1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. cinderella.red

    cinderella.red Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви кога сте слабички :) (јас мака мачам да ослабнам)
    Прочитав некое мислење и сакав да ви кажам еден пример со едно девојче.
    Таа беше цело време слабичка, висока мн мн лично девојчето ама од што слабо дури нозете како криви и беа.
    За да се поправи почнала да пие млеко по половина литар на ден и за неколку месеци се здебели. Инаку не пуши цигари. Сега е ептен убава, уште по симпатична стана рамо до рамо со Лима може да застане.
    Пробајте со млеко белки до тоа ке е. :)
    Јас пак со јогурт ке пробам да ослабнам :lol:
     
    На Barbie20, anggell и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    cinderella.red се согласувам со тебе :) од лично искуство и јас пијам млеко најчесто со несквик (не ми се смејте :lol: ) и да има резултатати, јас летоска бев 43 кила одвај, сега имам 48 , здебелена сум , но сеуште ми фали некое килце, се трудам повеќе да јадам млечни производи и воопшто повеќе количински , па ќе видиме дали ќе ја постигнам целта :)
     
    На cinderella.red и anggell им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас пак млеко не пијам :puke: ни чоколадно ни било какво..
     
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Јас порано пиев по две чаши чоколадно млеко на ден, ама има веќе неколку години како скроз го баталив.
    Поле ова што го прочитав ќе морам пак да почнам да пијам.
    Плус, ќе се снабдам со пивски квасец или б-комплекс.
    Се надевам на подобрување на резултатите.
     
    На cinderella.red и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Mене утрово ми препишаа Витамин Б1
     
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Ај ќе пишеш ако има резултати. :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    девојки пробајте вака-секој ден по една апче витамин б6, витамин б12 или б-комплес и 1 витамин ц, така едно 2-3 месеци, инаку кај секого индивидуално е. Jас ова пиев еден период околу 2 месеци, а може и повеке (неможам да се сетам одамна беше), се здебелив 4-5 кг без проблем, од витаминиве ми се зголеми апетитот и не беше толку тешко.
    пробајте и пивскиот квасец дава резултати, ама има една огромна маана барем кај мене-стомакот се подувува и неубаво изгледа.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Спарки кажи кој поточно пивски квасец јас тбл Бетавитет мислам беа :)
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Јас исто толку имам 40 ка си се тешам само. :lol: Почнав млеко да пијам и ќе дуплирам барем по 2 чаши на ден.Можеби ќе има резултати :geek:
     
  10. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607

    Подобрувањето и зголемувањето на исхраната е едниот дел, почнете и да вежбате, за да има подобри резултати, бидејќи само ако јадеме и спиеме што се вика, ќе се здебелиме ама нездраво, а со физичка активност, ќе се зголеми апетитот и ќе си го обликуваме телото.
    Јас решив цврсто дека морам нешто да преземам за да се здебелам, почнав да вежбам , но нема многу , тек само 10тина дена, и повеќе јадам, и не се качувам на вага пред месец да помине, би требало да има резултати :D
    Со среќа во дебелеењето :*
     
    На Umbrella22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    13.090
    Пол:
    Женски
    Девојки, млекото не е добро за организмот после пубертет, поготово во големи количини.
    Јас би ви рекла да терате со квасецот, отвара апетит ептен, и природно да се здебелите со зголемено внесување на храна.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Баш ме интересира зашто не е добро млекото :) ?
    ^ Збориме, во нормални количини, под тоа мислам до пола литар и секако не со сила... :)
     
    На cinderella.red и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    13.090
    Пол:
    Женски
    Ензимите кои го разградуваат млекото со растењето се губат, поготово со хормоните од пубертетот (ова не важи стопроцентно кај сите, но веќе се повеќе луѓе развиваат проблеми). Кога млекото не е разложено правилно, се разградува на материи кои предизвикуваат ацидитет (киселост) во цревата, а природниот механизам на организмот против тој ацидитет е калциумот. А бидејки тој го имаме најмногу во коските, од таму се зема и се пренасочува во дигестивниот тракт. Значи наместо поздрави коски, имате обратен ефект. Истражувањата што сум ги читала мислам дека беа за пиење над 1 литар млеко, конкретно кравјо пастеризирано (што највеќе се користи) зошто тоа има најголем ацидитетен ефект. Предизвикува апетит за да се промени киселоста, но по која цена?

    Мислам дека чаша до две може и не е толку страшно, ама ако тоа е секојдневно подолг период, може да го има истиот лош ефект како и да пиете многу повеќе.
    Не викам дека не треба да пиете ич млеко, ако на некој му е слатко нека си тера. :)
    Само сакав да споделам нешто што не е многу познато, а гледам дека многу феминки го користат млекото во големи количества, конкретно за здебелување. На мала телесна тежина последно што ви треба е и послаби коски.

    п.с. Јас како дете обожавав млеко, и некаде на почетокот на пубертет наеднаш почнав да имам нагони за повраќање уште од мирисот, а камоли да го пијам. Јас сум жив пример како се менува толеранцијата кон млекото со возраста.
     
    На eliesaab, makedonkamak и jagodka.18 им се допаѓа ова.
  14. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607

    Фала ти на информацијава :) јас не сум го знаела ова , но човеk учи додека е жив, зар не :$
    Конкретно за мене, јас од мала пијам млеко, просто си го обозавам и ден денес е така, и не верувам дека би ми се одмилило, добро можеби кога ќе бидам бремена, ама тоа е веќе друго :)
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    24.633
    Пол:
    Женски
    Потврдувам за физичка активност, ама она квалитетно и редовно, не по дома... конечно се натерав да одам на фитнес и после само месец одење + три месеци веќе пијам Б комплекс и ја сменив малце исхраната, повеќе протеини, риба, млечни производи ( освен млеко, тешко го варам ), всушност вежбањето и онака го зголемува апетитот... и одма има резултати!

    Додуша на вага истата бројка ми стои, ама забележувам промена со одредени парчиња облека + ако ништо друго се чувствувам поубаво...
    :)
     
    На eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Прво си се распрашала за кој ензим се работи и дај ми линк од студијата жити се...
    Се работи за ензимот лактаза,кој го разградува млечниот шеќер(лактоза) во глукоза и галактоза за телото може да го апсорбира.
    Конкретно тој ензим фали кај Азијатите и кај северните земји,но луѓето што долго време конзумираат млечни производи се толератни на лактоза и може да ја сварат многу нормално.
    Процентот на луѓе глобално што го зафаќаат тој % е некаде од 20-50% зависи до земјата.
    Еве ти референца
    Most mammals normally cease to produce lactase, becoming lactose intolerant, after weaning,[4] but some human populations have developed lactase persistence, in which lactase production continues into adulthood. It is estimated that 75% of adults worldwide show some decrease in lactase activity during adulthood.[5] The frequency of decreased lactase activity ranges from 5% in northern Europe through 71% for Sicily to more than 90% in some African and Asian countries.[6] This distribution is now thought to have been caused by recent natural selection favoring lactase-persistent individuals in cultures in which dairy products are available as a food source.[7] While it was first thought that this would mean that populations in Europe, India, Arabia and Africa had high frequencies of lactase persistence because of a particular mutation, it was later shown that lactase persistence is caused by several independently occurring mutations.
    Што е до алкалноста и твоите псевдо-теории на алтернативна медицина,алкалноста во крвта се одржува со бикарбонати и избегнувањето на храни богати со протеини кој предизвикуваат кисела средина и додека предизвикуваат губиток на калциум,не е најдено дека целата рамнотежа на сето тоа е негативна туку напротив нема никаква разлика.
    Млекото е една од најдобрите храни за добивање мускули и зацврстување на имунитетот.
    Полн е со високобиолошки протеини,витамин Д и калциум и го прави добар избор за луѓето што сакаат да накачат тежина.
    Земено од
    http://chriskresser.com/the-ph-myth-part-1
    Не можам искрено да се начудам колку во Македонија,алтернативната медицина има свои јазли...
     
    На cinderella.red му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Девојки, купив денес пивски квасец, ама сум заборавила по колку да пијам дневно, а и во аптеката не ми кажаа.
    По колку таблети дневно пиете?
     
  18. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Barbie20 вообичаена препорачана дневна доза е една таблета на ден. Така е и за б-комплексот. Не знам од кои си земала ти, јас од овие имам пиено и еве ти линк
    http://bezrecepta.rs/index.php?main_page=product_info&cPath=98_130&products_id=178&zenid=4fe4f856c09db86ae1c63093f40c36da
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    24.633
    Пол:
    Женски
    Б-комплекс се пие 3 пати на ден по една таблета.
    А пивскиот квасец јас што го пиев пред некоја година, не ми текнува на фирмата, во цилиндрична кутија беше, исто така дозата му беше 3x1. Уствари пишуваше дека се пие и повеќе, но јас пиев три на ден.
     
    На eliesaab и Barbie20 им се допаѓа ова.
  20. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Пред се можеби зависи од која фирма е, но јас што сум гледала, што сум пиела, еве и дома имам од две фирми, а и на линкот што го ставив, секаде пишува по една таблета на ден.