^ Јас пијам по две. Ама ќе почнам по три кај и да е. Добро ми делуваат. Само за два дена ми се зголеми апетитот и по цел ден само на јадење мислам и јадам. Е сега не знам дали е од пивскиот квасец или од ПМС-ов. Почнав и да вежбам. Секое сабајле по 15 минути, и мислам дека и тоа додатно влијае на апетитов, бидејќи претходно бев закована за кревет и немав буквално никаква физичка активност, па последователно на тоа немав апетит, а и ми се гадеше од самата помисла на јадење. Потребно е трошење на енергија (на било каков начин ) за зголемување на апетитот. Денес почнав и млеко да пијам. Се запнав да се здебелам. Па се надевам на добри резултати.
Јас имам слушано дека со мултивитамин имало добри резултати, дали е вистина и дали некој има користено ?? И цена ако може некој да ми кажи
Да прашам дали некоја од вас си има листа направено за јадење во текот на денот? Јас се одлучив да почнам најпрво така со листа за да имам ориентација за калориите што ги внесувам Спојлер А дневно околу 2000-2500 да внесувам не ќе е лошо Јадам се чувствувам поправена,но на вагата нема ништо :geek: Скарани сме , никако да ја мрдне бројката напред
Па нормално треба време ако сакаш да се здебелиш. Не може веднаш и ако сакаш само да се угоиш со масти тоа е лоша инвестиција,почни со таа исхрана да креваш и тежини и ќе имаш повеќе придобивки отколку само да јадеш.
^Оо браво Амбрела, кажувај како се поправи : D и јас треба да качам некое кило сум пробала и со пивски квасец ама ништо, никаков резултат
Кајли насабајле обавезно пијам Б1 (иако ти можиш да пробаш и со други витамини, мене не ми е дозволено да пијам се, затоа сум на Б1) Исто така повеќе јадам млечни производи, обавезно јадам овошје било какво и се трудам да пијам доста течности мада ова последново малку потешко ми оди јадам тестенини, месо, леб...
Еее тоа последното и мене потешко ми оди, ич не пијам течности ајде и јас ќе пробам вака да јадам колку што можам, мора да се здебелам малку :geek: .. ќе земам и некои витамини...па можи ќе има некој резултат Фала на одговорот мила
Јас имам пробано се и сешто, но ништо не делува. Последното нешто што ми го препорачија е: ГРАНУЛИ ПОЛЕНОВ ПРАВ. Претпоставувам дека е ова http://www.gladijatori.com/vitalia-%D1% ... _p436.html Го има некој користено?
Здраво девојки,јас да си кажам си ги купив овие и аптекарката ми вика можес да си пиеш по 6 дневно.Некако многу ми се 6 јас пијам по 3. Дали некоја ги има употребувано и дали има позитивни резултати???
Јас појачав стратегија, освен б комплекс почнав и јајца од прпелица да пијам т.е. да си матам, се разбираме де апетитот ми е како што треба и до јуни очекувам резултати.
јас “цел живот“ се мачам да се поправам, и многу варирам, лесно слабеам -тешко се поправам пред повеке од пола година имав 43 кила на 164цм...пиев јајца од прпелица изматени со млеко, и пивски квасец... а сега пијам неколку суплементи, од овие таблети од Dr. Wolz http://www.wolz.de/en/products/vitamins ... blets.html и http://www.wolz.de/en/products/strength ... -wolz.html ги има кај нас скоро во сите аптеки. Посебно овие B-Complex + Biotin + Folic Acid стварно се ефикасни. Покрај тоа од од Swanson зелената алга многу е добра ја пиев во периодот кога паузирав со Dr. Wolz B-Complex + Biotin + Folic за да не ми дојде многу апчиња и обавезно матичен млеч ( јас пиев од swanson ). Ама сето тоа се само додатоци во исхраната, а за исхраната забележав дека само кога јадам разновидно има ефект и минимум 3 оброци и помеѓу нив ужина. Порано имав една диета што ја држев, беше успешна ама ја загубив и сега од прилика по секавање си ја практикувам. Значи за доручек еден ден јогурт/мелко со житарки и некое овошје, утре варени јајца со нешто битно секој ден за доручек обавезно да има: некој зеленчук или овошје; млеко или јогурт и + уште нешто ( леб, и некое друго јадење), и да не се повторува 2 дена по ред и во текот на еден ден. за ручек, секој ден да има месо, но секој ден различно, на пример: денес пилешко, утре свинско, другиден телешко, понатаму риба итн... пропратно еден ден со компир, друг ден со ориз, трет ден со манџа, и сл... и обавезно течности: чаша сок на пример. Е за вечера не се секавам, ама јас си јадам шо најдам .... И треба вежби обавезно за тоа што го јадам да се распореди правилно а не само да ми се трупа во сало на стомакот и газот ама ете кога имам време барем еднаш неделно вежбам. РЕЗУЛТАТ = +6 кила сега сум 49 што ми е најголемо достигнување на килажа во животот
Јас истото го имам, почнав да пијам ама дали зашто немаше резултати прекинав... Спојлер Ме заинтересира со ова, сакам да пробам ама се мислам кој да го земам ?
Не знам зашто комплицирате. Ниедно апче не дава апетит,можеби во краток ќе ви даде плацебо ефект и вие ќе се радувате од резултатите. Но треба да си најдете долготрајно решение на тој проблем,не само да земате мултивитамини,додатоци во исхрана кој нема да ви го решат проблемот,туку ќе ви дадат плацебо ефект. Значи има два вида на дебелеење,едниот е јадеш што сакаш и се дебелееш,претежно благите и мрсните работи функционираат. Со ваков вид на дебелеење вие само се гоите како прасе,ги наполнувате резервите во стомакот,бутините и задникот. Ги знам ваков тип на девојки што велат дека не можат да се здебелеат,или се преактивни или јадат премалку или не го јадат истото секој ден. Значи кога зборам премалку значи зборам количина. Исто приротитет ако ви е гоење треба да разберете дека се е до калориите,мастите имаат највеќе калории по грам,така да ако јадете бадеми,кикирики,семки и сите видови на јатки и семки имате поголема шанса за дебелеење. На 100 грама јатки имате некаде од 550 калории па нагоре. Но ваквото гоење може да ве доведе до несакани ефекти а тоа е целулит и висцерални масти кој се опасни ако ги имате вишок. Што сакам да кажам сликовито. А веќе ако сакате здраво да изгледате и фит,најдобар предлог ви е да идете и да кревате тежини и да почнете да ја следите исхраната со калориите. Добар почеток за колку калории ви требаат е странава. http://iifym.com/iifym-calculator/ Имате една цел да ја испуните на почеток а тоа е булкинг и јадете најнормално и гледате дали сте под калориите(веројатно) и дали сте над калориите(не е возможно). Вежбањето на тежини не само што отвара апетит,туку и бара апетит. А за да изгледаш како принцеза треба да вежбаш како ѕвер,не пилатес и зумба со тоа само трошите калории и нема добивање мускули. Затоа почнете да вежбате и ќе ви се отвори апетит,има многу луѓе што почнале така и го направиле правиот избор. Не знам вие што чекате.
+2 кг, па сум постигнала нешто со оглед на тоа дека 6 дена во неделата имам голема физичка активност.
Почнав со овој режим на исхрана. Се хранам здраво, но со протеини и мислам ќе ми помогне да се здебелам. Доручок: Една чаша јогурт/млеко со едно парче леб со мармалад/мед/маргарин. Ужина: Јаболко или банана и + овошен јогурт. Ручок: Што има дома приготвено јадење, секако со здрава исхрана, ништо мрсно. Ужина: Овошен јогурт. Вечера: Две варени јајца и плус салата. Ужина: Овошен јогурт + овошна салата. Во меѓувреме на сето ова пијам и многу вода. Јадам повеќе овошје и зеленчук. Варениот зеленчук ми е многу сладок па често го јадам. Исто така и многу јаткасти плодови и житарици. Месо исто така јадам често, преферирам пилешко бидејќи е полно со протеини. Не сакам да јадам мрсно. Сето тоа што го јадам ми оди во стомак и само таму се дувам. Подобро ќе ми биде со овој режим на исхрана, кој мислам дека ќе успее. Исто така и вежбам, да си покачам мускулатурата.
Јас се откажав, веќе не мислам со сила поправање, колку повеќе мислам, психата ме дотепува а јас не мрднувам со килограмите напред . Баталив пивски квасец, колку се грозни за пиење, големиии . Не е дека не јадам ама ете таква сум не можам да се прејадувам на сила постојано кога јас пак со исти килограми сум, кога ќе бидам во вонредна ситуација ќе се поправам .
Сеа имам 50 кила а многу јадам а па не се здебелувам. Ме стра наеднаш коа ке пораснам да не се здебелам, бидејки и бабми била вака ко мене и таа наеднаш ја покачила својата килажа и сеа е мн дебела мош 90 кила xD.
хаха со години мака мачам да се здебелам и пак ништо, не пивски квасец не B комплека абе се живо од 50 кила не мрдам нагоре а сум 175 висока, и бремена останав се поправив многу имав скоро 70 кила, мислев дека после бременоста ке бидам супер, ама верувале не верувале после 40 дена абе се стопив пак на 50, ни килце не ми останааа