Во периодов не вежбам и немам некако апетит, а кога вежбам можеби и трошам, но имам многу апетит... Значи од утре - Спојлер Ќе пишам за евентуални резултати по некое време
Висока сум 1.58 а имам 42 кила, нозете ми се ептен слаби како стапчиња и ништо убаво не ми стои,неможам фустанче да си облечам Слушнав за пивскиот квасец дека здебелувал. Може ли некој што го пиел да ми каже одприлика за колку време и колку се здебелува, дали има ефекти, а и каде можам да го најдам и по која цена?
Здраво девојки! Јас доаѓам со позитивен резултат 3кг летово се поправив. Како? Епа на почетокот на летото на обичен лекарски преглед ми утврдија дека имам анемија, слабокрвна дека сум. И си ја сфатив работата сериозно со новиот режим на исхрана. Значи не е битно количински колку што е битно секојдневно да внесувате зеченчук разноврсен, риба 1 неделно и месо да се внесува. Па така сега нема ручек да помине да не јадам салата од цвекло, или моркови. Повеке динстани јадења јадам, наместо пржени пекарскот компир ми стана омилен. Магдонос, рузмарин во секое јадење ставам, почнав брусници да јадам, претежно зеленчуци од црвена и зелена боја. За секоја промена треба најмалку 3 месеци, така да само упорно и доколку имате време за вежбање би била win-win комбинација.
Имав 41 кг кога почнав на работа.И бидејќи работев во маркет цело време гледав на каса се нешто ново,особено благо.И иди не си купи после,башка гладна нели на работа.Верувале или не само од благо се поправив.Кој што прави јас само благо јадев.Колачи,торти...се и сешто.После некој месец имав 48 кг.Се чудев ама мерак ми беше бидејќи долго време си ја посакував таа тежина... Сега пак сум намалила (43 кг) ама добро од стресови тоа...ќе надокнадам со благо.
Со килажата редовно си бев 50-55 варирав лежев во болница од бронхоплеумонија и таму не јадев од храната и стасав до 48 и докторката ми кажа за еден шуруп Практен инаку шурупов го нема тука само во Турција го има околу 180ден иде ама да има кој да го купи си го порачав преку една другарка на одмор беше таму инаку големо е шишенцето и стасав до 60 умирав за јадење веке не ми беше битно шо јадам само нешто да имам во устата...
Како да се поправите ?! Бидете среќни што имате фит тело,секако се додeка тоа изгледа здраво.НО сепак еве еден совет до оние што навистина им е потребен и сепак сакаат да добијат некое кило +. Стално си ја држам истата килажа,која и воедно и одговара на мојата висина и сум презадоволна. А истовремено јадам буквално што ми душа сака и количински доста, а фала богу не се дебелеам,минимално само можеби понекогаш,а некогаш ич.Таков метаболизам имам фала богу А и практикувам вежбање од време на време,поради тоа што е здраво, а и сакам телото секогаш да го одржувам цврсто и затегнато. НО летово по препорака на една наша пријателка домашна,купивме сурутка од коза во прав.Наводно било многу здраво за имунитетот.Еднаш на ден,а можеш и двапати раствараш во чаша јогурт по една лажица од истата.И поради тоа што е здраво почнав да го практикувам секој ден скоро,незнаејќи дека почнав да се здебелувам многу од неа.Што не ми се свиѓаше тоа воопшто.Но благодарејќи на мојот брз метаболизам одма се вратив на мојата идеална килажа. Значи кој сака добие на килажата,Сурутка од коза во прав нека купи!Ја има по продавнициве за здрава исхрана. Јас престанав да ја користам,иако е здрава, затоа што не би сакала да го доживеам истото од летово
Имам 55kg добро би ми дошле 2-3килограми плус. Пред некое време почнав да одам на аеробик и пилатес комбинирано да се зацврста и вчера се меревме и таа што ни ги води вежбите, ми кажа дека во ред ми е се, ама дека мастите ми се на граница, сега не знаев каде да го поставам прашањето, што да јадам за да го покренам мастите ? поздрав
Ајде и јас да споделам Изминативе месеци се трудев, јадев колку што можам повеќе.Во меѓувреме прекинав да се мерам на вага зашто скоро секогаш бев разочарана со бројката.Не дека немаше напредок, но не беше она истото за кое си се подготвував.Пред две недели си се влечев по болници, земање крв.Си носив резултати кај матичната, па требаше да и‘ ја кажам тежината.Ми извади вага, па се мислев дали да се измерам или не.. Ама нема бегање де, кај ќе одиш кога мора да види Си застанувам, си се храбрам и на крај позитивно се изненадувам, 46 кг А вчера на враќање од училиште, си добив и комплимент за изгледот. Ве частам
Сте пробале ли да јадете доцна навечер нешто калорично ,јас така качувам килажа најлесно и најбрзо .Јадам макарони со сирење,павлака ,пица ,леб па благо ,калории колку сакаш . Јас сега ја имам идеалната тежина 53кг и сум задоволна плус вежбам и затегната сум
Од Септември почнав да внесувам повеќе храна и се зачудив зошто само во стомакот се дебелеам. Проблемот е што воопшто не сум активна, и немам доволно време за да спортувам нешто.
Девојки имам проблем со телесната маса.Додека други ги мачи тежината мене ме измачуваат едвај моите 45 кг.Јадам редовно ,многу благо и многу често а воопшто да не качам ни килце.Сум пробала и да се хранампокалорична храна но секогаш стојам во место.Се мислев да посегнам по протеини.Што мислите вие ?
Тоа благо повеќе што јадиш па и високо калорична храна само ќе ти го уништи организмот. Како се нервирам значи... Со здрав начин на живот исто така може да качи тежина, да се одржи тежината или пак да се намали. Клучот е во здравата исхрана и редовно вежбање. .... За здраво покачување на тежината (повеќе мускули, помалку маснотии) треба да внесувате добар сооднос на јаглехидрати 55%, протеини 25% и масти 20%.... Исто така треба многу почесто да јадиш и да внесуваш повеќе калории отколку што трошиш. За вежбањето - ако сакаш да ставиш килограми избегнувај кардио вежби и фокусирај се повеќе на кревање тежини.
Симнете си ја апликацијата my fitness pal, или пак регистрирајте се преку мејл. Ќе си подесите колку килограми сакате да накачите и ќе ви даде колкав калориски внес треба да практикувате секој ден. Си водите евиденција колку калории внесувате и обавезно си вежбате и тоа е тоа. Мене засега супер ми оди, иако сакам да накачам доста килограми, но нормално, тоа да не биде само сало. Затоа и почнав покрај комбинираната исхрана да вежбам секој ден по минимум 40 минути. Мислам дека кај нас слабите главен проблем е калорискиот дефицит. Не е исто порција пилешко или телешко месо со додатоци и кока кола со хамбургер или пакување ресани - карикирам, нормално. За мене не е оправдување она „јадам многу калорична храна, благо итн ама не ми се фаќа“. Тогаш, не јадеш доволно колку што ти е потребно, за нејадењето оправдување нема.
И јас сакам да се здебелам. Ми е срам да ги покажам голи ноџињата и рачињата. сега дека зима, носам под фармерки 3 пара хеланки за да бидам подебела. Пред некој ден облеков фармерки без хеланки, за до продавница да стрчнам и кога се видов во огледало-ужас, воз може да ми помине меѓу нозе. Пред два месеци имав 50 кг, а сум висока 169 см, ама сега сигурно сум ослабена, можно е и 45 кг да имам. Последниот месец нон стоп сум под стрес, тежок период поминувам, се скарав со дечкото бидејќи дознав дека ме изневерувал. Од тој ден бел ден не сум видела, само плачам, ништо не јадам, стомакот ми плачи за јадење, дури ми се лоши од шо сум гладна, ама а помирисам храна уште толку ми се гади. неколку залчиња ќе изедам и не можам веќе. А и кај цела мака па и мајка ни над глава ми се дери дека не сум јадела, и се нервирам уште повеќе, сите ми сметаат, сакам да ме оставст на раат. Па налет се. До вчера и испити имав. Главата ми пукаше. Не можам да се помирам со ова што ми се случува. На почетокот воопшто и не спиев, цело време само мислев,сега не можам да заспијам до 4-5 сабајле, а си легнувам во 12-1, и само лежам како ретардирана, и ми поминуваат слики во главата, не можам да си го сопрам мозокот, не можам на друго да мислам. За излегување излегувам, ама џабе, не ми помага, исто ми е тешко, ништо не ми е смешно, сите се смеат јас сериозна ко будала, или ќе се насмеам со сила колку да не бидам ко будала. Немам ни сила, ни енергија. Еднаш дури и се онесвестив од глад (скришно го фрлав јадењето во ве це школката). Здарвјето си го губам, како некој мртовец сум, пропаѓам, се топам и незнам како да си помогнам.
help devojki ...visoka sum 1.73-4 a teska sum samno 53 kg :/ mnogu sum slabicka..ts obilini imam no nozete slabi .. kako da se zdebelam? imam pieno svasta tableti ,gejneri jadam brza hrana sekoj den jadam pred spienje :/ pomos )
Добар наслов пред се Инаку имам другарка и она исто е висока а многу слаба што се вика и се познаваат и коските дури.Јаде многу,пиеше витамини за апетит,но си остана на исто.Некој мака мачи да ослаби некој да се поправи.Имаш брз метаболизам,храната се вари многу брзо кај тебе и ако си физички активна тоа не ти дозволува да се поправиш.И јас без многу слаба до пред 2 години,јадев на секој 5 минути и никако не се поправував,сега оваа година драстично накачив на килажа и тоа ми е само од што лежам,јадам и не бев воопшто физички активна.Сега ми е мака но што е тука е