Срцка за една недела може и побрзо ке почнеш да јадеш се што ке ти дојде прирака јас од дете сум слаба и проблематична со јадење ама овоа стварно ми помогна ти го препорачувам..
Jas imam 24god,sum metro i 70, 54kila. Sakam da nakacam barem 5 kila ama nikako da uspeam.Jadam kolku sakam i sto sakam(brzata hrana ne mi e No.1) Poveketo zeni(so vishok kg) na koi naiduvam vo denot me bombardiraat so:" Lele devojce jadesh li ti? Si se proverila da ne imash glisti? Da probash preku matichniot da ti prepishe neshto za apetit.Najiskreno so ova ko kompleksi da mi nabija.Se proveriv na lekar i nemam nishto osven golem apetit i brz metabolizam.Vozam tochak i vezbam doma skoro sekoj den. Se tesham deka eden den koga ke bidam trudna ke mi se zalepi nekoe kilce. I site sho sakame da se popravime pred se treba da bideme srekni posto pogolem problem od nashiot e da si debel i da ne smees da jades se i poradi toa da im nabivash kompleksi na tie sto veke izgledaat kako ti shto posakuvash(samo 5kilca pomalce
Исто е и со мене, само што јас сум 50 рамно. Замисли пак јас со какви прашања се соочувам секој ден. Се немам качено на вага, можеби од 18 години, сега сум скоро 22. Одамна престанав да се оптеретувам со вагата, еве и сега баш ме копка колку се имам поправено, ама не ми е приоритет да се измерам, сепак тоа е само бројка и се` додека се чувствувам здраво нема да се оптеретувам со тоа. Огледалото, а и облеката доволно ми зборува за да немам потреба да се дружам со вагата. Луѓето ќе зборуваат сешто, а лекот е да ги игнорираш и да не си создаваш комплекси. Еднаш го јадев тој „стап“, по втор пат нема да може.
epa vaka zdravo na site i bravo za onie koi ja pokacile tezinata... vaka ja bi sakala da prasam posle kolku vreme so pienje na apcinjata od pivski kvasec ste zabelezale rezultati, dali se kupuvaat na slobodno,i po kolku na den se pijat
Колешките мои ќе пукнат од мака како тоа јас јадам по 2 пати на работа и сум слаба,а они сите "диеталки" дебели,и цело врме ми го зборуваат тоа леле како можеш да јадеш во 7 сабајле,па кога ќе ме видат повторно за некој саат пак ее ти пак јадеш,ти само јадеш и така.Ќе ги пратам сите у пм еден ден. Сакав барем 5 кг повеќе ама неможам и веќе не се ни замарам каква сум таква сум.
offff go znam toa custvo ama ja veke ne se zamaram so toa i mene isto koga jadam me gledaat taka, a ima i takvi koi koga ke me vidat me prasuvaat dali jadam nesto.... a ja cel zivot sum si taa tezina ja nesakam da stavam nekoe kilce plus radi niv nego stvarno smetam deka mi fali e sega rabotava e sto jadam ama imam brz metabolizam...
За разлика од оние кои замараат со прашањето „јадеш ли ти нешто воопшто“, оние кои викаат дека јадам премногу како за толку слаба девојка, ми делуваат симпатично. Или пак сум налетала на такви кои ми го изнеле ова на таков начин, не знам. Има и некои до толку забегани, што веднаш посегнуваат по мајка ми и татко ми, небаре тие треба лебот во уста на сила да ми го ставаат. Мене генот ми е таков, скоро сите од потесното семејство ми се тенки и високи, а мајка ми на скоро 52 г. има 58 кг, па што да се очекува од мене. Имам премногу брз метаболизам, доста се движам и тоа е тоа. Сметам и калории, си правам распределба на тоа колку протеини, јаглехидрати итн. внесувам во текот на денот, вежбам и си водам некој режим со кој постигнувам да внесам и повеќе од потребното како за еден ден, ама некои преочигледни резултати немам добиено со години. Многу бавно ми оди, ама мене ми е побитно тоа што се чувствувам здраво и енергично. Ниту сум испиена во лицето, ниту пак ми се познаваат клучните коски за некој да ја прави фацава - додека ме гледа. Ми фалат само облини, имам многу тенки нозе во кои најтешко се поправам и предиспозиција за голем задник кој моментално е in progress , (ова благодарение на мајка ми, градбата ми е иста како нејзината), имам тесна половина и мал обем околу градите. Порано многу се комплексирав, дури ги малтретирав моите да ме носат по лекари и нутриционисти, бев убедена дека нешто не е во ред со мене, ама со текот на годините како што растев, ја прифатив ситуацијата. Пак ќе кажам, се` додека крвната слика и општо здравјето ми е во ред, немам причина за беспотребни грижи, а исто и вие. Најбитно е човек како се чувствува во сопствената кожа.
gi zamoluvam onie koi veke postignale nekakvi rezultati da mi odgovotite posle kolku vreme so pienje na apcinjata od pivski kvasec ste zabelezale rezultati, dali se kupuvaat na slobodno,i po kolku na den se pijat
@irence88 јас се убив од пиење вакви таблети, не ми помогнаа ништо. Другарка ми се поправи доста, јас си останав иста, иако апетитот ми се зголеми многу. Ги пиев повеќе од година дена, ама некои значајни резултати немав, се поправив нормално, околу 3-4 килограми кои за кратко време пак ги изгубив. Мислам дека се пијат три пати по две, ќе ти кажат во аптека како да ги дозираш. И да, можеш да ги земеш на своја рака, без рецепт.
Почнав да ги пијам оние шумливи таблети од Kruger шо се раствараат во вода па да прашам некој дали ги пиел и има ли некаков резултат? Некако не очекувам да се поправам од нив..
Јас почнав да пијам од шумливите таблети на Kruger па незнам дали ке покачам некое кило ако има некој пробано да каже?
Инаку сега почнав да пијам пивски квасец па кога се напијам за кратко време почнува повторно да ми се јаде па незнам очекувам позитивни резултати
Дечки,помагајте..И јас сум ПРЕМНОГУ слаба.. 1,63cm сум висока,а 40 кг сум тешка..И ај кажете ова на што личи.Инаку затоа што сум физички активна (вежбам вежби за стомачни и за нозете)дали треба да престанам да вежбам??Од утре искрено ќе се трудам да јадам повеќе,а ако можам и тие апчињата ќе ги купам..Разочарана сум веќе од својот изглед,кога ќе се погледнам во огледало сите коски можам да си ги избројам...ХЕЛП!!!
Би ти препорачала рибино масло да пиеш (ако ти е гаден вкусот има со јагода или банана колку толку нема да ти мириса здивот како пола море/езеро да си го изела ) или пак Омега 3 масни киселини, тие ти го зголемуваат апетитот и таложат масти, а за да не се здебелиш со целулити и стрии да ти се направат, продолжи да вежбаш. По можност почни и со тегови лесни тие ќе ти за зголемат мускулната маса и ќе те зацврстат многу. А и килажата ќе се зголеми бидејќи мускулната маса е потешка од масните наслаги. Се надевам ќе ти помогнат советиве
Јас више се откажав од тоа да се поправам. Си се помирив со фактот дека ваква ќе си бидам цел живот. Јадам постојано, во обилни количини и пак сум истата. Вежам секој ден, активна сум постојано сум во трчање, а викенди одам на фитнес. На мои 1,64 и 48 кила би сакала да качам уште 7-8 кила максимум. Пиев и пивски квасец, кој ич не ми помогна, само ноктите и косата ми се ојачаа. Сега пијам некои витамини АБЦ плус и Спирулина, имам апетит ама ни едно килце неам покачено. Се мислев дали да одам на нутриционист, уште тоа ми остана непробано. Има некоја добро искуство со тоа или да не се ни обидувам?