Пијам бетавитевит веќе неколку дена и сакам да прашам доколку некој има пиено, дали ако се земат по 2-3 апчиња дневно може да има несакани дејства? Инаку пишува дека се пие по едно дневно, имам пиено и Б комплекс на кое исто пишува дека се зема по едно дневно, сепак ги пиев по 2-3 и немаше никакви несакани дејства само многу зголемен апетит.
Јас пиев по 2 дневно затоа што малку ми изгледаше 1 и не се здебелив(ама само 1 доза испив).Претходно и после тоа пак пивски квасец пиев и тие б-комплекс од д-р Волц....абе цел живот пијам и никако да се здебелам.Не ми делуваат мене,а апетит си имам,нон-стоп јадам нешто и си вежбам кога ќе имам време(тоа многу делува). П.С кога бев на д-р во Ск,ми кажаа дека глутенот ми прави проблеми(а нели во пивото го има) и затоа не ми делуваат.
Пивскиот квасец е само за отварање на апетитот или и поправа? Јас немам проблем со апетитот, колку и да јадам не се здебелувам, иста сум си. А инаку колку пари е пивскиот квасец? И дали го земате во прашок или таблети, кое е подобро? Ми се чини дека тој најногу делува. Тетка ми го земала мислејки дека е за ослабување и за месец дена уште повеќе се подула. Нејзиниот бил во прашок, ама бил многу гаден.. Едно време правев вежби затоа што ме болеше грбот. Тогаш ми вика дека сум се подздебелила, јас не приметив, можеби. Сега планирам пак да почнам да вежбам. И два дена по ред јадам по едно големо чоколдо. Дека благите работи највеќе дебелеат. Ќе ви кажам ако има резултат, јас сега ќе го тестирам.
Пред околу 2 недели земав пивски квасец заедно со б витамин. Не го отвара веднаш апетитот, потребни се 2-3 дена и значително ќе се подобри. Поточно бетавитевит и за две недели накачив 2-3 кила. Да се разбереме, премногу јадам. Јадете повеќе чоколади, пржени компирчиња, мајонез и други калорични јадења.
Ова го постирав и во друга тема. Но би сакала да добијам мислења за ова мени кое сама си го составив, базирано врз моето знаење за исхраната. Значи сакам да се поправам и ми фалат најмалку 5кг. Во минатото сум се обидувала ама сум качувала некое кило и после некој месец пак на старо. Еве го моето мени. Се трудам да вклучам што е можно покалорична храна а сепак да не јадам многу брза храна Појадок: омлет со три цели јајца, две парчиња леб, парче сирење, салата од домати Прва ужина: банана со голема лажица путер од кикирики Ручек: најчесто некој вид месо со ориз или со компири (печени или пржени) плус додаток мајонез или павлака Втора ужина: 50 грама јаткасти плодови (бадеми, индиски ореви, лешници) или 50 грама чоколадо (темно или млечно по желба) Вечера: конзерва туна со две парчиња леб или сендвич со состојки по желба (најчесто кашкавал, пршут, свински врат итн)
Значи имам 13 години 8 години играм фудбал. Имам 50 kg и 1.60 cm. Исзгледам многу поголема отколку што треба но тоа сега не е битно. Сакам да кажам дека со диети и сл можете да осбаеете но не и да се затегнете ви треба само вежбање многу вода и јадење колку сакате хаха јас сум верен пријател на благот . Ако сакате некои видеа со мотивации или сл само побарајте.
Бетавитевит е мешавина од пивски квасец и Б-комплекс, јас прекинав да ги пијам и уште не можам да се сопрам од јадење, поточно не знам колку ми е доста.
Нема ефект пивскиот квасец, јас го пиев 3 месеци и само косата ми стана посјајна а не се здебелив воопшто. Јас и онака имам огромен апетит и си јадам многу, со пивскиот квасец јадев малку повеќе но резултати немаше
Пивскиот квасец се пие пред или после јадење ? Си купив Бетавитевит и од утре ќе почнам да пијам па сакав да знам како е најправилно? инаку висока сум 162см а тешка 48кг, се надевам дека ќе ми помогне да качам уште 2-3 килца
Јас мислам дека имам гооолем проблем Откако се породив бев опседната со тоа да ослабам и ослабев ама сега сум под 40 кг. Сега не личам на ништо а и немам имунитет, немам концентрација и што е најлошо ми се гади од секаква храна... уште кога ќе помислам на храна ми се гади некогаш дури и кога готвам ми се гади и потоа не можам да јадам од тоа. Често ми се случува да имам желба и да јадам а потоа имам ужасни болки во желудникот, ми доаѓа за повраќање. Не знам што да правам
Секако разбирам дека не сте доктори/ки ама сепак само барам совет а гледам дека има повеќе што се соочувале или се соочуваат со ваков проблем. Па вака, воопшто немам апетит јадам еднаш на ден и тоа по кришка леб па некогаш не успевам ни тоа да го изедам. Постојано ми се гади од храна и не можам да јадам, ова трае веќе цел месец. Не знам што да правам, а на лекар не ми се оди пак бидејќи и така сум анемична и веќе имам одено и без резултати од тие витамини, чаеви и секакви глупости. Можеби треба почесто да јадам во текот на денот, повеќе од 3 оброка ако успеам воопшто.. Совет?
А колку оброци имаш во текот на еден ден? Мораш да јадеш барем три главни оброци, не е здраво да го шокираш организмот со јадење еднаш во текот на денот или пак да внесуваш многу минимални порции. За анемичноста помагаат цвеклото, аронијата и боровинката. Замрзната аронија има во сите подобро снабдени маркети и ти препорачувам да си земеш едно кутивче. Ќе грицкаш неколку зрна во текот на денот и за месец дена очекувај значителен напредок. Јас имав многу ниско железо и често се губев, откако почнав да конзумирам аронија имам прекрасна крвна слика, дури лекари не си веруваат на очите кога им ги носам резултатите. Салата од цвекло и морков зачинета со лимон е прекрасна за оние со лоша крвна слика исто така, а и многу е вкусна. За почеток, мораш да ги средиш оброците - не можеби, туку задолжително треба да зголемиш порции, зашто навистина не е во ред да јадеш толку малку. Не го оправдувам тоа што не сакаш да посетиш лекар - крвна слика мораш да направиш сега и по некое време да ја повториш за да видиш дали има напредок. Не го прочита упатството? Се пие по една таблета на ден, не пишува дали пред или после јадење, но гледај да не биде навечер зашто не можам да ти опишам колку многу отвараат апетит.
Мене лично пивскиот квасец додека го пиев(едно,две пакетчиња)ме дуеше и да имав апетит.Но,што сакаш да качиш 2-3килограми јади редовно особено доручекот не го прескокнувај.неколку лажици мед конзумирај во текот на денот,а исто така и полномасно млеко.Кафето и цигарите(доколку ги користиш)намали ѓи.И нервозата баталија .Опуштено и се ке биди во ред
За јадење си јадам редовно , не прескокнувам доручек тоа никако, највеќе ми се јаде од сабајле особено кога сум порано станата за на факултет, од летото до сега се имам здебелено 2,5кг(благодарејќи на зимниците), пијам млеко , кафе пијам ама не многу по едно дневно некогаш ни толку а цигари не пушам, Значи си јадам ама не се фаќа многу, затоа решив да ги земам таблетите, бидејќи имаат и придобивки за ноктите и косата , и од вчера пчнав да ги пијам 2 пати на ден по јадење. А да, ќе заборавев да спомнам , дека почнав и да вежбам по дома
Ништо и овој пат. Сабајле се измерив и стрелката на вагата не мрда. Дури панталоните и полабави ги чувствувам. Мразам броење калории, но се обидувам да пресметувам понекогаш и јадам од 2500 до кај 3000 дневно, што е значително повеќе од тоа што е потребно за девојка со моја висина и тежина. Овој месец малку го зголемив и тежинскиот тренинг, т.е. вежбав со поголеми тежини од обично, ама само стомакот приметувам дека ми е многу зацврстен, а нозете и рацете се уште стапчиња, за греота. Ај па ако ништо друго уживам во храната. Иако целиов напор за некое кило плус знае и те како да биде фрустрирачки, посебно сега со форсирањето на "облините" и големите задници.
Јас повторно купив пивски квасец по 1 дневно пијам и во аптека ми препорачаа капки за зголемување на апетит на Алкалоид,на природна база се жалфија и незз што уште имаа во составот,се раствораат по 30 капки во малку вода и се пијат 3 пати дневно пред оброк цената е 90 во Зегин.