Па еве во контекст на вежбањето водата е многу потребна зошто ти дава енергија. А таа секако си има и други бенефиции помага при варењето на храната, помага при борбата со целулитот итн. Инаку да, можеш да вежбаш дома да си следиш програми за тренинзи. Еве јас ќе ти препорачам една девојка од Хрватска - Martina Boss Fitness. Најди ја на facebook или на instagram, покажува како се исхранува што вежба и дава доста совети.
Хас кога ѓи оставив цигарите што убаво си се поправив.....после ѓи почнав пак и пак ослабев....сега сакам пак да ѓи откажам ама малцеее тешко ми оди...
И јас сакам некое кило да се поправам... Последно ко се вагав бев 45 кила. 165cm. Ситна сум скроз. Ко бев на одмор од на лежалка шо лежев на стомак, на коските од колковите имав нон стоп модринки. Некогаш сум ко костур. Зимата лани бев 48 и беше океј така. Ни алишта можам да си најдам ни ништо. Шијам цело време оти нема нешто по продавници шо ми е точно...
И јас сакам да се здебелам..Почнав да пијам таблети од пивски квасец бидејќи читав овде дека се здебелува од нив, ама еве имам испиено веќе 100 таблети и истото е....Можно е да е рано или..? После колку време има резултат од нив?
Pa na internet ima mnogu vezbi a voda se pie za hidratacija na organizamot i dobar izgled i elasticnost na kozata i mnogu drugi raboti
Не мислев дека некој ден ќе коментирам тука на оваа тема, сум држела и диети коа сум сакала килце две да симнанм.. сега ме нема, 50 кг не сум била од средно, и уште надолу идам. Наеднаш изгубив апетит незнам кога и како се случи.. и ми е страв да не си направам нешто ако продолжам вака. Гледам сте ги коментирале капкиве, а нели има добри резултати од б-комплекс и пивски квасец? еве се мислам што да земам
И јас дојдов на 42 кила,многу сум послаба од што бев,ветер ќе ме собори,пиев пивски квасец ама не ми помага ни апетит ни ништо,како да се поправам што побрзо ?
Dali si se zaprasala zosto gubis od svojata telesna masa? Dali poradi gubenje na apetitot ili apetitot go gubis poradi istata pricina kako i t. masa? Sakam da kazam, deka stom pocnat promeni vo odnos na tel. masa, bez ogled na toa dali taa se namaluva ili zgolemuva, treba da se napravat ispituvanja. Namesto toa site prvo obrnuvaat vnimanie na apetitot, bez da pomislat deka ima lugje koi ne jadat mnogu, a imaat dobra tel. masa, no i lugje koi jadat mnogu, a imaat mala telesna masa i izgledaat neuhraneto. Pred se' neka se utrvdi zdravstvenata sostojba, vklucuvajki go i funkcioniranjeto na stitnata zlezda, ako se' e vo red, togas ke se konsultiras so nutricionist, koj ke ti dade pravilni nasoki vo odnos na ishranata.