Од пивски квасец и б-комплекс не се надевајте дека ќе се поправите. Јас од дамна се откажав од тоа да се поправам, каква сум таква сум, крвта да ми е океј а другото мање битно. Познаничка примаше инекции пред неколку години. Не знам како се викаа и не знам од каде ги набави, ама се поправи ептен. Два пати на ден мислам дека ги примаше, ама за краток временски период се направи како буре. Па покрај тоа и дојдоа и многу други проблеми со здравјето, така да ни на крај памет не ми доаѓа да почнувам со инекции. Башка што сега не може никако да ослабе само јаде и јаде и јаде.. Така да бидете живи и здрави, и гледајте барем да јадете редовно. И здраво!
Ти благодарам на одговорот, пред месец дена правев крвна слика се беше во нормала. Но еве во најбрзо време ќе направам соодветни испитувања
Додека траеше испитната сесија во јануари, доста ослабнав... сега се трудам некако да си се вратам во претходната состојба, се трудам да јадам повеќе и покалорично па ќе видиме што ќе бидне. Ги читав коментарите претходно, ако има некоја нешто да додаде во врска со ова, совет некој, добро би дошол.
Јас од апчиња со пивски квасец накачив 4 кила за месец дена. мене одлично ми делуваа ама мн е битно како ги пиеш. Пиев од тие по едно на ден што се пијат не од овие во големо пакување и по 3 пати на ден по неколку апчиња тие не ми помогнаа. Рано станував доручкував и тогаш ќе се напиев од апчето пошто џабе е нели ако го испиеш навечер тоа треба да ти создава апетит во текот на денот значи е мн битно кога го пиеш и си вежбав кога можев. Првиот месец не почувствував некоја разлика потоа ја почувствував почнав количински многу да јадам што предходно не можев немаше шанси толку да изедам.
Zdravo. Se nadevam deka nekoj ke mi pomogne Jas imam 18 godini , 160 cm i tezam 43 kg Kako da se zdebelam?
Фала многу а на кутичето пишува 3 на ден да не е многу тоа една жена и ги дала на мајка ми па затоа несум запознаена со тој тип на апчиња
Ајде еден брз сoвет..зa месец денa прaвaм свaдбa висoкa сум 160 a тежaм 43 кг. Кaжувaјте кaкo дa се пoпрaвaм бидејќи фустaнoт не ми стoи.Јaдaм нoрмaлнo aмa никaкo дa се здебелaм.Пијaм витaмини и пaк ништo.
Почни да вежбаш со тежини. За еден месец не верувам дека би имала којзнае какви резултати, но за три и тоа како. Пиј смутиња со сурутка, вежбај и јади си нормално како и досега. Ќе видиш дека ќе имаш напредок, само треба упорност со вежбањето. Ова од мое искуство.
Ако мислиш дека по дома ќе забушаваш и нема да вежбаш редовно, тогаш уплати си прво на еден месец во теретана и види како ќе ти оди. Јас си имам набавено мали тегчиња и си правев вежби дома, сама. Си барав видеа од јутјуб во стилот - Exercises for weight gain и си комбинирав кога-како за да не ми здосадат. Mислам дека и @Rose96 вежбаше со тежини, па може и таа да сподели искуство. Последниов месец не сум баш најредовна со вежбањето, ама летово пак ќе се вратам во игра.
Јас комбинирав еден ден вежби за раце и грб, друг ден вежби за нозе. Почнав со помалку тежини и по неколку повторувања, па со тек на време ги зголемував и тежините. Имав резултат за кратко време обликот на телото ми се направи по убав и по заоблен, ама сега почна Рамазан па во цел месец само 2 пати имам вежбано. И да сурутка земете 80% протеин после вежбање. @Mishela @Nane2356
Lauren Ross побарај ја на youtube неа ја следам често. Инаку дома имам мини теретана со справи за вежбање па ми е полесно. Ако сакате поголеми резултати најдобро е да се запишете во теретана затоа што има многу справи зс вежбање и повеќе услови.
Девoјки штo мислите зa пиењетo бoзa? Читнaв нештo нa интернет ,1л бoзa сoдржи 1000 кaлoрии.Дaли бoзaтa мoже дa здебели?