Пробај да внесуваш повеќе тестенини , јади повеќе храна богата со протеини , благо можеш да земеш и од аптека таблетки или сируп за зголемување на апетитот, не е штете
Jas pravam smoothies so prirodni proteini,jadam mn proteinska hrana,i jaglehidrati jadam dovolno i pak niso i na kraj sfativ ustvari deka sum srekjna lichnost
Јас никако не можам да се поправам. Пиев и пивски квасец еден месец но немаше никакви резултати. Сега овој месец правев пауза па од септември ќе почнам пак да ги пијам но мислам дека пак ќе нема резултати.
Правите грешка со протеините и хидратите. Протеините се основен градител на мускулна маса а хидратите се основен градител на телесна тежина. Внесувајте повеќе хидрати и обавезно здрави масти пред спиење. Килажата ќе оди нагоре. Не внесувате диволно калории од хидрати и затоа нема промена на телесната маса.
За 3 месеци ставив 13 кг. Претерано големи порции имав , буквално на сите по дома им правев друштво кога нешто се јадеше..се исплати .
Леле бе како, што јадеше, на колку време јадеше? Како успеа толку големи пороци да изедеш? Ех камо таа среќа и пола од тоа да се поправам јас..
Јади многу леб, мајонез, путер, помасно сирење, пиј млеко, јогурт, благо по секој оброк обавезно. НЕ мора стално некое чоколадо . Можеш и нешто што оди на леб како еурокрем, мармалад(ова најмногу го јадев имам полно тегли собрано што купував од шипки и јагоди). Внесувај количински.
Не знам ама ова ми личи на многу не здрава храна. Јас млечни производи не јадам, мајонез никако (ептеен ретко), благо само овошје, чоколади такви ствари не јадам, мармалади, нутели исто. Мора да има начин со здрава исхрана да се поправи човек :/
Знам дека е многу нездрава таа храна но ефективна е за поправање. Инаку моментално ни кафиња не пијам по 3 како што пиев по 1 дневно пијам, пијам црн чај, само интегрален леб јадам и од пекара само ѓеврек. Салати јадам , овошје послабо..нешто мораш и да не сакаш да го внесуваш одреден период ако ти е цел да се поправиш. После тоа продолжи со здрава храна. Испитував и крв , железото пред половина година ми беше 22 а пред половина месец(после толку нездаво јадење) ми падна на 8,5. Битно, сакав да се поправам и си ја остварив целта.
Мајонез без пари да ми даваат нема да јадам, а благо и тон шеќери (па и по секое јадење дури, дека нели малку е еднаш) исто...јас сфаќам дека сите сакаат резултати ама тоа во никој случај не е решението. Ќе качите што ќе качите, а не дај боже ќе си накалемите друг проблем попат. Не се согласувам дека само нездравата храна е таа која дава резултати. Зошто тогаш постојат нутриционисти? Не е добро, ама на крајот од денот секој си знае за себе.
@tatjanasakalieva Мило ми е што си ја остварила целта без последици, али јас за мене не би го избрала тој пат. Не можам да се замислам да јадам таква храна ни малку, а не па во поголеми количини. Јас признавам здебелување на здрав начин само, со правилна исхрана и вежбање, главно во тоа е работата, али сепак секогаш сум желна да слушнам како други успеале, а и по некој трик
Можеш да качиш килажа и со кадење здрава храна. Внесувај повее калории и резултатите веднаш ќе се видат.
Авокадо, таан , путер од кикиритки, обичен путер, црвено месо, хуус,мед, банани, кокос, полномасно млеко, интегрален леб, кикиритки, бадеми, јајца, кашкавал, голема овесна каша. Јадев и од овие но не толку често, моментално кога достигнав нормална тежина секој ден пијам млеко/јогут, со леб умерено, јајца до 2 неделно, готвена храна јадам, ретко пржена храна, тестенини не јадам затоа што не ги обожавам воопшто освен домашни јуфки 1 неделно. Само фали да намалам на благото.
Прво извинете за подолгиот пост, знам дека многу имаат мака со качување тежина па мислам ова ќе биде од корист. Значи да разграничиме прво, целата работа околу слабеење и здебелување е калориски дефицит или суфицит. Во случајов за здебелувањр потребно е калориски суфицит, односно да внесеме повеќе калории одошто трошиме. Покрај калорискиот суфицит потребно е правилен сооднос на макро нутриентите, јаглехидрати, протеини, масти(50%,25%,25% соодветно). Друга работа, за стимулација и изградба на мускулната масата потребен е тежински тренинг,а кардио сведен на минимум(пешачење до продавница). Не се потребни никакви слатки работи, мајонези путери, чипсеви и други нездрави извори на храна. На Google можете да најдете calorie calculator, и да пресметате дневен внес потребни калории како би знаеле колку калории ви се потребни, а на мобилните можете да спуштите апликација за следење на калории што ги внесувате преку храна и е многу полесно. Овој начин на прехрана функционира 100%, бидејќи и јас го применувам кога вежбам за маса, така да пробајте нема да зажалете.
Здраво, сакам да се поправам неколку кила но на здрав начин па што би ми препорачале за најефикасно да го постигнам тоа? За вежбање за жал немам време. Ве молам за совети.
На интернет прогуглај Calorie Calculator, и внеси податоци за себе. Ќе ти каже колку калории треба да внесуваш дневно за да фукнционираш (ни да слабееш, ни да се поправиш). На тие калории, додади уште 400-500 и секојдневно јади толку. Фокусирај се на (здрави) масти: јајца, сирење, риби (или било кое месо), јогурт... И особено грицкај бадеми, кикиритки затоа што таквите овошја имаат многу калории па ти би придонеле.