Последниве 5-6 дена буквално ништо не ми се јаде. Наутро у 8ч ќе станам, ќе изедам една супа и тоа е тоа. До 3-4 часот буквално не ми текнува за јадење. И ќе земам нешто грицки, нешто благо, но потоа не знам што ми се случува разбирам дека не ми се јаде и го оставам тоа не го јадам. А навистина на лекар ми рекоа 10 кила да се поправам, знам свесна сум за тоа, но ете не можам со сила да јадам иако го знам тоа. Сум пробала и со пивски квасец но ништо од тоа. Совет?
Од 8 наутро до поручек си само на супа? Абе не се зафркавај со толку малку храна, ќе си го расипеш желудникот. Моја познаничка вака си накалеми рефлукс. Нема шала со нејадење. Ќе си направиш да ти биде интересно спремањето храна, батали суплементи и сè тоа. Отвори си Пинтерест, има милион интересни идеи за што да си зготвиш. Наутро и мене не ми се јаде, ама не се оставам гладна никогаш. Си правам овесна каша, па си ја декорирам со овошје, со разни додатоци, со семки, јатки, да ми биде шарена и убава (и хранлива, меѓу другото). Ете ти идеја за појадок, една од милион. Можеш смути, сендвичиња, палачинки... Декорирај си, сецкај, приготвувај сама. Не мора огромни количини, нека бидат и помали порции, но почести. Навистина не е добро волку долго да седиш гладна.
Навистина не ми се јаде ништо, едвај ставам нешто у уста. Знам дека не е добро и имам у предвид што ќе се случи па одма морам да го сменам начинот на исхрана. Инаку фала за советот
I jas bev ista se popraviv mn kilogrami zaradi teroidnata zlezda poslem nisto od obleka ne me sobirase ama.bas niss edvaj nekoi helanki ili pantaloni so likra i resiv da slabeam ama koa vidov bev srekna se dodeka ne me fati taa depresija deka sum debela i doktorkata mi rece deka nemora naednas da slabeam no ete kako za neskreka pocnav na rab posle odmorot i oslabev mn i ne jadev ic sea edvaj nemozam da se doveda. U red sekoa hrana so ja jadam skoro ja povrakam so moze ds bide sovet ve molam od 78 kila sea se simnav na 56 57 znam deka e mn ama vaka use poveke se cutvuvam depresivno sovet ve molam
Почни со тежински тренинг, за да ги стимулираш мускулите да градат мускулна маса. Оброците дели ги на повеќе во помала количина за да не ти се повраќа, плус јади масти повеќе, јаткасти плодови, грицкај кикиритки тие се лесни и високо калорични богати со масти. Од суплементи можеш магнезиум, калциум, цинк, омега-3, Б-комплекс. Исто така смути можеш да јадеш со овес, суво овошје, путер од кикиритки, по желба можеш и протеин да додадеш.
Di caprio ti blagodaram za sovettot go peraktikuvav do pred nekoe vreme ama sea zaradi obbvrskite se zapostaviv sebesi zanikadesum inace imam odlicno telo tezina i se i mn me nerviraat kritikite od drugite lugje so toa soc odma se cudat i prasuvaat kkao sum oslabela ise svarno sum vo mala depresija ama moze i dobro mi doe oti predtoa bev kako prase za mojata visina 1.78 imav skoro 80 kila ise custvuvav kako gude a vaka se poveke se cutvuvuvam lesno vo svojot organizam se so mi e najubavo go otfrliv blagoto
@Mishela, не можам да се согласам со тебе тука. Најштетно нешто е грицкањето, честото јадење. Постојано е покачен шеќерот во крвта и тоа може да доведе до инсулинрезистентност, дијабетес и уште милион компликации. Многу подобро е поретки, но пообилни оброци богати со калории и нутритивно богати, секако. Луѓето денес јадат пречесто. Почесто од тоа што е потребно и оптимално. Тотална заблуда е пропагирањето на пет/шест мали оброци. Ако не ти се јаде, си има причина за тоа. И телото треба да одмори од постојаното варење и преработување на храната. Едит: Јас сум пробала и со почести но помали оброци, сум пробала и со обилни оброци три пати на ден, не успевам да се поправам. Полека се помирувам дека градбата ми е таква. И ова си има добри страни, додека сите се на диета ти не се секираш барем за тоа... Научив да си го сакам брзиот метаболизам и нежната градба на телото. Ќе се обидувам и понатаму да качам некое кило, но нема да се оптоварувам и да бидам под стрес. Тоа е.
Зависи што грицкаш и кога. Јас не мислам дека јадам пречесто, имам три оброци и две ужинки. И нормално дека ако не ти се јаде нема да јадеш, нема да се прејадуваш на сила само за да имаш 6 оброци, никаде не реков така. Еве јас не би можела да издржам без ужинки така што, не мислам дека ова е заблуда. И под грицки не мислам на некои глупости како чипсови или што и да е. Секој си знае за себе, ама дека 5 оброци на ден се заблуда...океј. Конкретно девојчето имаше пишано дека цел ден до 16ч е на една супа. И тоа е во ред? Супер штом така. Ич нема потреба од повеќе оброци. Не е во ред, но добро...
Ќе грицкаш паметно. Јаткасти плодови, кикиритки, лешници, индиски ореви, бадеми, ореви(маќедонски). Тоа се масти и протеини и нема нонстоп да имаш спајк на инсулин. Како оброк јајца(пржени варени) со зеленчук(домат краставица марула).
Да, секако има разлика и тоа што јадеш. Не е исто смоки и чипс, не е исто со ореви на пример. Тоа не го реков и не верувам дека некој мисли така. Но што и да јаде човек се случува т. н. insulin spike. При јаглехидратите најмногу, помалку при протеините, само мастите се неутрални, како што знам. Но кој јаде само масти. Најчесто се масти во комбинација со нешто. Како и да е, сакав да кажам дека и дигестивниот систем има потреба од одмор. Имаме постојан пристап до храна, постојано отворени супермаркети и затоа ни е ,,нормално'' да грицкаме постојано. Нема ништо да се случи и ако се прескокне оброк (што е и во ред ако човек не е гладен во моментот). За нас што сакаме да се поправиме, важно е да ги надокнадиме калориите до крај на денот. Ако некој сака да јаде двапати на ден, но пообилно, тоа е сосема во ред. Кога си гладен-јади, кога не, немој.
Здраво,сакам итно да се здебелам..Имам 21 година, 47 кг и 165мм висока.Јадам 3-4 пати на ден ама никако да се здебелам само со јадење.Помош
Тежински тренинг за стимулација на мускулите да се изградат. Апликација за броење на калории MyFitnessPal, и намести да бидеш во суфицит на калории. Бонус типс енд трикс, смути со млеко/јогурт, овес, суво овошје, путер од кикиротки, чиа и мед и цимет по желба, смутиво покрај регуларните оброци го внесуваш и немаш грешка најдобро е наутро.
И јас мака мачам со години, стварно премногу сакам да се поправам ама не знам како. Месо не јадам, не можам, гадно ми е се, многу ретко можеби пилешко дома кога ќе ме натераат и толку. Љубител сум на тестенини и јадам скоро секој ден. Друго што би ми препорачале? Читав тука овес со банана и замрзнато овошје, уште утре би пробала само ако може да ми каже некој што поточно да земам и како да го направам .. Имам апетит и повеќе од што треба и дури желудникот си го оптоварувам зошто често јадам и брзо мешам благо, солено , кисело и цело време сум гладна ама џабе. Ако може совети што друго освен тестенини, а да не е месо да форсирам.. П.С една жена ми кажа навечер пред спиење тањир со банана, бисквити и млеко дека многу дебелее, јас пробав неколку дена јадев и качив некое килце ама ми се згади од комбинацијата и сега одмарам, може да пробате ако сакате.
Ако сакаш да покачиш колажа зголеми го внесот на здрави маст. Вметни јајца во оброците со жолчката, јаткасти плодови во поголема колкчина, смути со овес. Овесот можеш да го припремиш на следен начин: 100тина грама овес, 1 банана, замрзнато овошје малини пример една рака, 1-2 лажици путер од кикиритки или чиа семе во комбинација со млеко или јогурт. Ручек можеш комбинации со грав, леќа, грашок, компир, ориз. Пример за вегетарјански оброк1: поховани тиквички со додаток ориз и варен грашок. Оброк2: динстани печурки со додаток печен компир и варен грашок. Оброк3: грав/леќа со салата од варена брокула карфиол и морков. Оброк4: вариво(манџа) од компир и ориз и додаток зелена салата.
Јас кревам раце, штом не успеав за време на овие празнични трпези да ставам барем едно единствено кило, а напротив, сум ослабела едно Кифли, руска и други крем салати секој ден, торти, баклави, поховано месо, секакви сирења... Тоа ми беше на мени секој ден по неколку пати. Дури и алкохол пиев по малку, а не сум љубител. Што да ви кажам луѓе, такви сме. Може и да не е толку лошо ова, барем си јадеме што и колку сакаме без грижи. Ако сте направиле испитувања и немате ништо загрижувачко, тогаш тоа е добар металболизам што може и нема да биде толку ефикасен откако ќе остареме, затоа сега да искористиме