кажете нешто за дебелеењее =/ а да ве прашам, гледам доста мои другарки, уште и у основно а и сега практикуваат попладне после ручек обично, да му ја легнат едно 2 саата јас никогаш сум ја немала таа навика, и може 2-3 пати у живот да сум легнала така после школо..дали би ми помогнало тоа да се здебелам? секое попладне после школо, да се наручам убаво, и да си легнам пошто нели кога се спие метаболизмот е најспор и најубаво го таложи секој материјал од храната..и уште да си најаден =) што викате???
Не знам дали ќе ти помогне, јас ова го практикувам цели 3-4 години ама нема ефект Можеш да пробаш, и пофали ни се ако има резултати, позитивни се разбира
А нешто друго што можам да направам?? добро нормално дека што и да правам, треба да се јаде нели...али сепак..има трикчиња што помагаат ... ?? :/
Да ви кажам јас како се поправив од Август до сега. Редовно вежбање секој ден, кога ке се вратам од аеробик обилно јадам, а исто и еден час пред вежбање. Останатите оброци во денот гледајте што повеќе да ги има. Ужинки, чоколадца, чипсови, смоки. Исто да си правите напиток од млеко и банана, и да пиете мултивитамини, има во аптека секакви, многу го зголемуват апетитот, исто и пивски квасец погоре имам пишувано дека ми делуваше, само не земајте за спортисти бидејќи премногу се јаки. И најбитно, кој пуши цигари, одма да ги остави. Јас до сега сум здебелена 4,5 килограми, и убаво ми е сакам уште едно, бидејќи си се бендисувам пополна малку. И само да напоменам на почетокот бев скептична за вежбањето, и по неколку месеци видов резултати, но се исплатеше. Поздрав
А какво вежбање? јас идев порано али многу ме уморуваше и после не бев желна за никаква работа.. буквално папсана бев и се откажав со мислата, како што сум слабичка уште и тоа што го имам да го трошам ми фали.. незнам стварно..
другарка ми за да се здебели секој ден за појадок и навечер пред спиење јадеше по 2 парчиња леб намачкани прво со маргарин а над маргаринот мед и по една шолја млеко за ручек и за вечера си јадеше нормално што сака... навистина имаше ефект.. се здебели 7 килограми за 4 месеци
е ај баш ке пробам и тоа, нема нешто да не сум пробала ама стварно за мене нема спас!!! сите можни апчиња од аптека ги имам пиено и ништо.
и јас ке пробам ова макар што си јадам ја путер и мед онака кад кад, али ке почнам редовно. а мора баш секој доручек ова да ми биде??
Па мислам дека не мора. Ти кажува другарка и што јадела па сега ти како сакаш. Но што е сигурно сигурно е, јади си секое утро од ова
Oд утре дефинитивно и јас почнувам со диета за дебелеење. Се надевам ќе успеам да издржам барем еден месец
Јас од денес почнав да се поправам Во последно време навистина ослабев. Неделава каде и да појдев на гости, ваму таму сите ауу си се ослабела, поправи се малку слаба си. Си викав што им е на луѓево Кога си се погледнав подобро во огледало се уверив во тоа што ми го зборат , навистина сум се ослабела. Ај да се надевам дека ќе фрлам некое кило до нова година. Се мислам да пробам со пивски квасец, помага ли?