Јас се поправив не дека не, ама малку ми е, дури не ми се ни познава дека имам 3 кг качено. 166 сум висока со 51 кг, ама имам не брз, пребрз метаболизам . А лето кога дојде јас се истенчам уште толку, ич немам апетит на сила јадам. Приметувам дека кога не си јадам со сласт џабе ми е и да изедам повеќе вагата не мрднува. Сега кога е топло ништо не ми е вкусно и јадам по еден саат за да не намалам количински, ама вагата оди надолу. Што пиете од витамини? Јас имам пиено б комплекс и пивски квасец ама џабе, овие вторите не можев да ги голтам. Моментално си пијам мг со б6 на др Витон ама ми треба нешто за добар апетит, овие ми се за опуштање на мускулите.
Ај лепотици кажвајте нешто за апетит ... освен бкомпекс и пивскио квасец испробано кај мене без ефект
@pikabu5 - ќе пробаш да стануваш колку што можеш порано и ќе јадеш почесто, а количински помалку. Прво така дури си фатиш некој ред, после ќе зголемиш количински. Аларми местење обавезно, со мемо налепници по дома (чисто како потсетник, да ги гледаш). Едноставно изнајди креативен начин и нормално, гледај да не си под стрес. Плус вежби правење (@krissycela на инста).
И апетит имам, и си јадам, и никако да се поправам. Ми завидуваат особено женските што и навачер си јадам... и пак не се поправам.