Протеински шејк за поправање: кравјо млеко, три белки од јајце, една лажичка путер од кикирики, една лажица чиа семе, 3 урми, 1 банана
Девојче, извини вака ама само зошто некои ти рекле дека си слаба ти ќе се дебелееш со сила? Прво 60 кг на 175 висина се уште спаѓа во нормална килажа и не ти требаат совети од тетки што веројатно и по малку ти љубоморат.Викаш дека си здрава, јадеш избалансирано, епа тогаш што има со сила да накачуваш маснотии? Ако веќе сакаш да се "заоблиш" подобро запиши се во теретана и на тој начин со вежбање ќе ти се зголеми и апетитот ама секако и во тој случај треба да си имаш колку толку режим зашто јадење на глупости не е вооопшто правилен начин за качување килажа. За последното, не паѓај на трикови за "имунитет", шејкови се последно нешто што помага за одржување на имуниот систем, на прво место е стресот, потоа ти доаѓа здрава исхрана итн.Секако витамински суплементи се ок, ама АКО имаш одредена хиповитаминоза или недостаток на други есенцијални компоненти, не затоа што некоја од орифлејм така ти рекла.Со вложување на малку повеќе средства во разновидна исхрана ќе земаш сѐ што ти е потребно преку јадење, и плус ако не си пребирлива, тоа ти е само предност.
Белките да се исфрлат од менито а да се додаде овез и шејкот е одличен. Белките содржат отрови кој црниот дроб тешко ги преработува и со подолго користење се добива сепса, труење на крвта. Избегавајте живи јајца. @марија_магдалена - овез, млеко, замрзнато овошје, 1 лајца путер од кикири, 20гр декстроза. Етери гејнер. Протеинот нема да те попрај пошто протеинот е основен градител на мускулна маса а хидратите и мастите се примарен и секундарен извор на енергија и воедно ја покачуваат телесната тежина. Висината со тежината нема допирна точка. Незначи ако си 160цм висока дека 65/70кг се многу. Некој изгледаат слаби на таа тежина и таа висина. Генетиката е главен фактор за се. Ако сакаш да се поправиш: Доручек масти, хидрати, протеини. Помеѓу оброк овошје. Ручек хидрати и малку протеини. Вечера хидрати и малку протеини Пред спиење масти. Составот да ти е 65%хидрати,30% протеин 20%масти.
И овес ставав заборавив да пишам. Два месеци го пиев тој шејк и немав некоја последица од белките којзнае..
За два месеци нема зијан само да не е подолго. Ијас сум проблематичен со дебелеење месеци мачев, пробај едно пробај друго али овезот е магија. Исто и домашните палачинки
И мене ми требаат килограми плус .. да ми предложите некој нутриционист добар за тоа, рецепти некои,режим на исхрана за дебелеење што да е ..
Денес две чинии грав изедов, а пред тоа зелена салата, добар ручек, ужинка, суви кајсии, а вечера макарони со пармезан, пред легнување една рака ореви ке изедам
Денес за доручек имав 3 јајца, една шака маслинки, едно парче сланина, и сирење, ужина мусли (од Натура) со млеко, ручек пилешко филе во сос од печурки ужина јадам суви смокви, (ама и кафе пијам) уште за вечера не ми текнува... имам конзерва туна со кус кус, и ако не ми стигне и ориз ке сварам пред легнување обавезно едно чинивче ореви
Едно живо јајце од препелица на сабајле. Три живи кокшкини навечер. Шејк со козја сурутка, млеко и бисквити. Месо секогаш за ручек.
И по извесен период болки во желудник и жолта кожа од живите јајца. Ќе го заеби и црниот дроб. Сурутката содржи 80% лактоза(млечен шеќер) кој е лош за желудникот и лош за вас девојките општо за цел организам. Живите јајца водат кон сепса.
Знам, али не беше нешто што го практикував со месеци. Мислам дека најмногу две недели издржав. После тоа јајце не сакав да видам. Јас не се мерев за да видам разлика, но другарка качи 4 кила за 2 недели. А козјата сурутка ми ја препорача и матичната, зашто цело мое детство го поминав неухранета. Дури сега сум со нормален БМИ со 45 кила.
Прависи шејк, додај овез, млеко, банана, замрзнато овошје и уште нешто по твој вкус и ќе се поправиш. Компир батат онај црвенио компир ти е добар да се попрајш, макароните исто така.
Моментално не гледам да се здебелам, таман сум си за моја висина. Јадам што сакам, колку сакам, без никакви рестрикции. Али мислам дека има и некои диети и рецепти по јутубов што би и помогнале за оброци.
Кај мене ништо не помага, ај што не накачувам, почнав да намалувам, некој на тоа јадење ќе качи барем едно две кг. Ни витамини, ништо не ми помогна, дури мислам со омега како почнав и симнав 1,2 кг
Искрено не би земала такво, сепак на неприроден начин е качување маса, ако со правилна и здрава исхрана тешко качувам, по друго не би посегнала